• ПРЕЗЕМАЊЕТО НА ДЕЛОВИ ОД СОДРЖИНАТА НА ОВОЈ ВЕБ САЈТ Е КРИВИЧНО ДЕЛО И КАЗНИВО СО ЗАКОН. 

Повредата на авторското право се однесува на интелектуална кражба или плагијаторство што подразбира  преземање на материјал, објава, текст, став, заклучоци или препораки од документи, публикации, веб страни, трудови и сл. продуцирани од правно или физико лице, јавно објавени и достапни за јавноста, без притоа да се наведе изворот или авторот.

Искуството покажува дека во Македонија истото е значително присутно, но не и доволно актуелизирано, превенирано или пак санкционирано. Во повеќе наврати, материјали и објави кои произлегле од наши проектни активности, биле предмет на плагијаторство, а во еден случај истото е верификувано со ПРЕСУДА од Основен суд Прилеп од 26.11.2018 година, по поднесен Предлог за издавање на казнен налог, од страна на ОЈО Прилеп, со која едно правно и две физички лица се прогласени за виновни по чл. 157 од КЗ и осудени на вкупна парична казна од 130.750 денари плус кривичен паушал од по 2.000 денари.

Пресудата под број К-504/18 е објавена на веб страната на Судски портал на Република Македонија (www.vsrm.mk), а истата можете да ја погледнете и на следниов линк