• Со поддршка од: Вестминстер фондација за демократија преку Делегацијата на Европската Унија во Македонија
  • Временска рамка: декември 2015 – ноември 2016
  • Локации: Прилеп

Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на 11 организации[1] за спроведување истражувања, подготовка на документи за јавни политики и застапување на законски промени врз основа на докази, а првенствено преку воспоставување дијалог со собраниските комисии. РОМА С.О.С. како една од избраните организации ќе ја спроведуваат иницијативата:  Хармонизирање на законите ќе придонесе за намалување на појавата на детски бракови во Македонија.

Оваа законска иницијатива се однесува на измени и дополнувања на  следниве закони:

*Закон за семејство – Дополнување со одредба со која ќе се забрани живеењето на малолетници во вонбрачни заедници. Освен по исклучок за малолетник кој наполнил 16 години живот, а не наполнил 18 години, и за кој има согласност од родител.

*Кривичен законик – Потребно е да се помести горната граница на санкционирање на вонбрачен живот без дозвола од родителите од 16 на 18 години. На тој начин ќе се овозможи надлежните институции усогласено да дејствуваат и да преземаат мерки во случаите на вонбрачна заедница.

*Законот за средно образование – Проширување на Збирката на податоци вклучувајќи евиденција на состојбите на ризик на децата, особено во однос на (вон) брачни заедници.

Иницијативата се базира пред се на публикацијата Сивата зона помеѓу традицијата и правата на децата[2] подготвена во 2015 година во рамките на проектот Поглед кон детските бракови, поддржан од  Детски фонд на Обединетите Нации (УНИЦЕФ), која како алатка ќе се користи во застапувањето на потребата од законски измени.

Како дополнување на постоечките аргументи, преку истражувачка акција во текот на законодавната инцијатива ќе се реализира План за истражување и ќе се подготви Јавен документ за застапување, а тековно ќе се присуствува на обуки за зајакнување на капацитеите на здружението организирани од Високата школа за новинарство.

Истражувањето вогласно ќе се базира на обезбедување статистички податоци за состојбата со склучени бобрачни заедници со и помеѓу малолетници во општина Прилеп и тоа преку реализација на 400 анкетни прашалници во периодот Август-Септември 2016 година.


[1] http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=FAED7EBB1B90044F8A95170D6A5812D9

[2] http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/05/Roma-SOS_Sivata-zona_MK_05.pdf