• Со поддршка од: УНИЦЕФ
  • Временска рамка: јули 2016 – април 2017
  • Локации: Прилеп, Битола, Куманово, Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Штип

Ромската заедница во континуитет се движи во кругови на постојан ризик и запаѓа во сиромаштија, која продолжува од генерација на генерација. За да се надмине оваа ситуација се преземени низа позитивни мерки, проекти и политики, а различните засегнати страни се обидуваат да ги минимизираат негативните фактори и влијанија, со цел да се обезбеди целосна интеграција на Ромите во општеството.

Сепак, дел од проблемите остануваат недоволно актуелизирани и разбрани, се третираат само како последици, а не како дел од приоритетните прашања, со што значително се влијае на напредокот; ова конкретно е забележано по прашањата кои се релевантни за заштита на децата, нивниот развој и остварување на правата.

Поради ова, беше спроведен пилот проект во периодот јули-декември 2015 година, во врска со прашањето на детските бракови и беше спроведено конкретно истражување, со цел подобро да се разберат проблемите со кои се соочуваат институциите, родителите и децата, во контекст на човековите права. Беше подготвен и објавена студија на случај: Сивата зона помеѓу традицијата и правата на децата![1], во која беа идентификувани одредени правни празнини во однос на институционалната заштита предвидена за родителите и децата, меѓу-секторската координација и разбирање на законските обврски на различните засегнати страни, со дефинирање на препораки за усогласување на Законот за средно образование, Кривичниот законик и беа дефинирани со Законот за социјална заштита.

Со цел се актуелизира поширок пристап и наоди, како и да се потврди нивното значење во различни заедници, да им се обезбеди на Ромите и локалните институции “безбеден простор” за дискусија по ова прашање без страв од етничките стигматизација, ќе се организира промотивна кампања која ќе покрива 6 општини.

Во исто време, Проценката на УНИЦЕФ[2] од 2012 година во врска со системот на детски додаток во земјата, објави дека бројот на корисници на клучните права од детски додаток  опаѓа брзо и дека овие бенефиции не стигнуваат до најсиромашните домаќинства со деца. Имено, бројот на семејства кои добиле детски додаток бележи намалување од 40% од 2008 до 2010 година. Со само еден од пет корисници меѓу најсиромашните 10% од населението, социјалната помош  поврзана со децата не стигнува до оние кои се најмногу изложени на шок и ранливост. Главните недостатоци се идентификувани во тоа што луѓето се погрешно информирани за критериумите и дека процедурите за аплицирање се многу сложени и скапи.

Иако постои општ недостаток на информации за детски додаток и критериумите за остварување на правото споредено со други бенефиции, се чини дека постои поделба во однос на информирањето на луѓето кои живеат во урбаните центри и руралните области. Луѓето кои живеат надвор од главниот град се борат за да добијат информации и не се секогаш свесни за документација која е потребна и на тој начин повеќе се потпираат на ЦСР. Најчесто се работи за ромски семејства кои се изложени на постојана сиромаштија и сиромашните земјоделски семејства кои најчесто се погодени од природни катастрофи и ризици.

Со цел да се адресира погоренаведената проблематика, овој проект е насочен кон постигнување на резултати преку три тесно поврзани цели:

Во Цел 1, проектот ќе застапува залагање за реформа на законодавството во областа на детските бракови. За потребата од обезбедување на поголема поддршка, како и воспоставување неформална мрежа на граѓани и локални граѓански организации, овој проект предвидува сет на активности за организирање на консултативни состаноци со локалните граѓански организации; промовирање на студијата на случај за сивата зона помеѓу традицијата и правата на децата; и организирање на соодветна промоција во медиумите. Оваа мрежа на граѓански организации, исто така, ќе биде охрабрена да ги поддржи активностите за застапување во рамките на законодавната иницијатива за измени и дополнувања на таргетираните закони, а за која веќе е обезбедена логистичка поддршка од Фондацијата Вестминстер и Високата школа за новинарство и односи со јавноста[3], како и Националниот Демократски Институт.

Во Цел 2, врз основа на горенаведеното, ќе биде спроведена јавна информативна кампања за правото на детски додаток и критериумите за остварување како и подетални информации за процесот на апликација што ќе се развива и спроведува врз основа на: примарно истражување на Центрите за социјална работа; дискусии на фокус групи  помеѓу потенцијалните корисници на правото на детски додатоик. Кампањата има за цел да се справи со проблемите и недостатоците како на страната на давателите така и на страната на корисниците. Пораките за комуникација и сите ПР материјал ќе бидат развиени во соработка со Министерството за труд и социјална политика и ПР агенција идентификувана од страна на УНИЦЕФ.


[1] http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/05/Roma-SOS_Sivata-zona_MK_05.pdf

[2] http://www.unicef.org/tfyrmacedonia/UNICEF_Child_Benefits_MK_za_web(1).pdf

[3] http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=FAED7EBB1B90044F8A95170D6A5812D9