РОМА С.О.С. е волонтерско, невладино, граѓанско здружение основано во 2005 година чии што активности, базирани на основните принципи на солидарност, правичност, човечко достоинство, еднаквост во правата и можностите е фокусирано кон ранливите и маргинилизирани групи, посебно кон Ромите.
ЦЕЛТА НА ЗДРУЖЕНИЕТО е да претставува мост за интеграција на ромската заедница, главно преку промовирање и застапување на нејзините потреби пред релевантните институции и државни органи. Притоа остварувањето на основните човекови права на Ромите е од суштинско значење во заложбите на здружението да се надминат проблемите.
ВИЗИЈА: да се креираат еднакви можности и услови при остварување на општествените, економските, социјалните и културните интереси на Ромите со останатите националности до 2020 година.
МИСИЈА: да се инспирира активно вклучување на Ромите во општествените процеси преку промовирање на здравствените права, правото на не-дискриминација и правата на жените, како и нудење на не-формална едукација на младите Роми.
РОМА С.О.С. брои повеќе од 10 активно вклучени млади Роми, а активно се вклучени и не-Ромите кои заедно креираат модел на мултитнички развој. Според местоположбата, здружението и активностите се лесно достапни за ромската заедница. Канцеларијата е лоцирана во самата населба Тризла 2 (улица Дабничка) каде е концентрирана ромската популација од општина Прилеп.
Во континуитет се реализираат следните активности:
→ информирање, асистенција, правни совети и едукација за примента на законски одредби при остварување на правата
2. ЗАСТАПУВАЊЕ
→ директна соработка со установи, релевантни институции и органи за заштита на правата
→ мониторинг на примената за законската регулатива
→ правна кореспонденција: пишување претставки, жалби, молби, барања, изјави и пријави при идентификувани пропусти во постапките
→ поднесување ургенции, реакции, како и организирање на јавни средби или прес-конференции при забележан институционален молк за барањата и недостаток од превземени заштитни мерки
3. СТРАТЕШКА ЛИТИГАЦИЈА
→ подготовка на правна анализа за законски одредби кои предизвикуваат системски пречки при остварување на правата
→ поведување иницијативи пред законодавните органи за измени и дополнувања во законската регулатива
→ документирање на случаи на лица кои се соочиле со нееднаков третман во пристапот до услуги
→ директна соработка и консултации со адвокатски канцеларии и судски органи за обезбедување поддршка во судска постапка на лица кои се соочиле со повреди на права
4. НЕДИСКРИМИНАЦИЈА
→ мониторинг на примената на Закон за спречување и заштита од дискриминација
→ документирање на случаи на лица кои се соочиле со дискриминација
→ поднесување претставки до Комисија за заштита од дискриминација и следење на постапките
→ директна соработка и консултации со други здруженја – членки на национална Мрежа за заштита од дискриминација
5. БОРБА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА
→ директна соработка и консултации со други здруженија – членки на Македонска Платформа Против Сиромаштија
→ иницирање теренски активности за справување со сиромаштијата
6. ЗАШТИТА НА ЖЕНИ И ДЕЦА
→ спроведување на таргетирани истражувања и обуки за специфични прашања
→ промоција и едикација за родова еднаквост
→ следење и промоција на јавни полотики од интерес
.
Сите наведени активности се во насока на охрабрување и мобилизација на ромската заедница, јавно актуелизирање на проблемите/пречките, комуникација и координација на заинтересираните страни, како и промоција и унапредување на граѓанските права.