ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ – ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО 6

Со поддршка од: Фондација Отворено Општетство – Македонија
Временска рамка: јануари 2016 – декември 2016
Локации: Прилеп и Битола

Преку континуирана реализација на проектот (декември 2010 – декември 2015)  дефинирано е дека злоупотребата и прекршувањето на правата од здравствена заштита кај ромската популација во најголем дел е предизвикано од честите измени и дополнувања на законската регулатива, невоедначената пракса во спроведување на законските прописи, несоодветното и ненавремено информирање на Ромите за постапките при остварување на правата, сложените административни процедури со кои се наметнуваат дополнителни обврски за поднесување на документација и нееднаквиот третман од страна на здравствените работници во пристапот до здравствени услуги.
Притоа недостатокот на […]

ХУМАНОСТА НЕ ПОЗНАВА РАЗЛИКИ 2!

Со поддршка од: Фондација Отворено Општетство – Македонија
Временска рамка: август 2016 – јули 2017
Локации: Прилеп и Скопје (Ѓорче Петров)

Меѓусебните негативни ставови, одбивања и изолирани мислења создаваат повеќекратна дискриминација и/или пречки во комуникацијата помеѓу лекарите и пациентите Роми кои често пати се базирани на стереотипи и предрасуди, а кои директно влијаат на начинот на кој се реализира третманот и односот кон здравјето. Проектот се реализира во партнерство со здружение ЛИЛ – Скопје втора година по ред и вклучува активности  кои  имаат за цел подобрување на односот и квалитетот на меѓусебна комуникација помеѓу здравствените работници и пациентите Роми, преку потенцирање на фактот дека […]

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РОМСКИТЕ ДЕЦА И СЕМЕЈСТВА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРАВА

Со поддршка од: УНИЦЕФ
Временска рамка: јули 2016 – април 2017
Локации: Прилеп, Битола, Куманово, Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Штип

Ромската заедница во континуитет се движи во кругови на постојан ризик и запаѓа во сиромаштија, која продолжува од генерација на генерација. За да се надмине оваа ситуација се преземени низа позитивни мерки, проекти и политики, а различните засегнати страни се обидуваат да ги минимизираат негативните фактори и влијанија, со цел да се обезбеди целосна интеграција на Ромите во општеството.
Сепак, дел од проблемите остануваат недоволно актуелизирани и разбрани, се третираат само како последици, а не како дел од приоритетните прашања, со што значително се […]

ЗАКОНОДАВНА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА: ГРАЃАНИТЕ ВО СОБРАНИЕТО

Со поддршка од: Вестминстер фондација за демократија преку Делегацијата на Европската Унија во Македонија
Временска рамка: декември 2015 – ноември 2016
Локации: Прилеп

Целта на проектот е да ги зајакне капацитетите на 11 организации за спроведување истражувања, подготовка на документи за јавни политики и застапување на законски промени врз основа на докази, а првенствено преку воспоставување дијалог со собраниските комисии. РОМА С.О.С. како една од избраните организации ќе ја спроведуваат иницијативата:  Хармонизирање на законите ќе придонесе за намалување на појавата на детски бракови во Македонија.
Оваа законска иницијатива се однесува на измени и дополнувања на  следниве закони:
*Закон за семејство – Дополнување со одредба со која […]

КАМПАЊА: КАКОВ БЕЛЕГ ЌЕ ОСТАВИМЕ? ТИ ИЗБИРАШ!

Со поддршка од: Национален Демократски Институт – Скопје преку Национална Фондација за демократија (НЕД)
Временска рамка: Јуни 2016 – Март 2017
Локации: Прилеп, Битола, Штип, Кочани, Тетово, Велес, Карпош, Кавадарци

Главната цел е да се влијае на партиските изборни агенди во пресрет на локалните избори во 2017 година, да се направи скенирање на реалните потреби на заедницата доволно пред време, и одреден период пред да настапат со своја понуда политичките партии да се соберат и да им се презентираат реалните потреби и прашањата од интерес на ромската заедница како тие би ги вклучиле во своите изборни приоритети.
Преку организирање на јавни трибини со ромските […]

ПРАВА НА ДОМУВАЊЕ КАЈ РОМИТЕ ЗА ОДРЖЛИВ УРБАН РАЗВОЈ

Имплементација од: ХАБИТАТ Македонија, преку Делегацијата на Европската Унија во Македонија
Временска рамка: 15 декември 2015 – јули 2017
Локации: Прилеп, Скопје и Штип

Проектот има за цел промовирање на основните права за пристојно домување како право на сите граѓани, како и поттикнување на граѓанските иницијативи за подобрување на квалитетот на домувањето во ромските населби.
Ова право на соодветно домување е императив, не само како општествена цел сама по себе, туку и поради фактот дека добриот квалитет на домување влијае на многу други области на интеракцијата  на поединецот и семејството, како и вклученост во пошироката заедница во која тие живеат.
Исто како што доброто здравје […]

ПРИСТАП ДО РЕПРОДУКТИВНИ ПРАВА НА ЖЕНИТЕ РОМКИ ВО МАКЕДОНИЈА „ПРАВО НА ИЗБОР НА ДОКТОР“

Со поддршка од: Европски Центар за Правата на Ромите – Будимпешта
Временска рамка: 15 август 2016 – 31 декември 2016
Локации: Прилеп и Битола

Како што беше заклучено во извештајот „Пристап до репродуктивни права на жените Ромки во Македонија“, изготвен во периодот ноември 2015-март 2016 од страна на здружението РОМА С.О.С., како и на двете консултативни средби со Х.Е.Р.А. и една со Хелсиншкиот комитет за човекови права последователно, една суштинска системска пречка која се однесува на овој проблема е одбивањето на жените Ромки при изборот на лекар, проследено со неформалната наплата на партиципација за гинеколошки услуги, кое не е во согласност со законските […]

СЛЕДЕЊЕ И ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕКРШУВАЊАТА НА ПРАВАТА НА РОМИТЕ

Имплементација од: Хелсиншки Комитет – Македонија, а поддржан од Амбасада на Сојузна Република Германија во Скопје
Временска рамка: февруари – ноември, 2016
Локации: Прилеп

Проектот се реализира во партнерство со РОМА С.О.С. – Прилеп, Амбрела – Скопје, Даја – Куманово, Романо Авази – Тетово, Баирска Светлина – Битола и КХАМ – Делчево. Целта на проектот е набљудување, документирање и известување за прекршувања на човекови права и давање на бесплатна правна помош.
Потребата од проектот произлегува од слабата и нецелосна информираност за човековите права и слободи од страна на граѓаните, особено во погледот на дискирминација, говорот на омраза, како и надлежностите на институциите, особено во […]

ЧЛЕНСТВО ВО МРЕЖА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ (БПП), МРЕЖА ЗА НЕДИСКРИМИНАЦИЈА (МЗД) И МАКЕДОНСКА ПЛАТФОРМА ПРОТИВ СИРОМАШТИЈА (МППС)

1.1. МППС е сојуз на  здруженија на граѓани и  поединци кои се здружени со цел промивирање на социјалната еднаквост и правда, партиципативната демократија и граѓанската солидарност. Сите членки на МППС ја делат визијата за Република Македонија како општество на благосостојба, остварена родова еднаквост и целосно воспоставен систем на демократско и одговорно владеење. За таа цел, платформата настојува да иницира јавни дебати поврзани со овие прашања и се стреми да го зајакне граѓанскиот сектор кој делува на овие полиња преку вмрежување со други европски и меѓународни сојузи и мрежи кои ги делат истите или слични вредности.
РОМА С.О.С. членува во Платформата од […]