06.06.2018

DSC03922По изминување на шест месеци од официјалната средба со стручните служби на ЕЛС Прилеп, а по промената која настана како резултат на Локалните избори (5.12.2017), “Ромскиот Граѓански Парламент” одржа повторна средба со цел да се разгледаат ветените проекти и зафати од страна на Градоначалникот, Претседателот на Совет и директорите на ЈКПи и да се предложат нови заклучоци за понатамошна работа.

Ромите и на оваа средба ги отворија прашањата за капиталните инвестиции во населбата Тризла 2, како и околу легализацијата на бесправно изградените објекти од причина што голем дел од жителите на Општина Прилеп се уште ги немаат комплетирано барањата за легализација, со што може да го надминат законскиот рок и да останат без имотни листови.

На средбата вкупно присутни беа 37 лица од ромската заедница, беше присутна една претставничка од ЈКП Водовод и Канализација, како и една советничка од Советот на Општина Прилеп.

Останатите претставници и донесувачи на одлуки во рамки на Локалната Самоуправа, иако уредно беа поканети, не се појавија со што најголем дел од прашањата на присутните останаа неодговорени, а со тоа и принципот на отчетност и транспарентност кој стартно беше промовиран како клучен во работењето на новата локална власт се покажа дека е само декларативна предизборна изјава.

Претседавачот на РГП, Мустафа Рушитоски:Од 2015 година започна реализацијата на одредни активности на „Ромскиот Граѓански Парламент“  со тоа што, се следи постојано состојбата во ромската заедница од каде што потекнуваат низа иницијативи, со членство од 30 лица и одржување на состаноци на секои три месеци, а во насока на наоѓање решение за проблемите со кои се соочува ромското население истакнувајќи ги пред надлежните институции. И покрај отсуството и молчењето на претставниците од Локалната самоуправа, РГП и здружението ќе продолажт понатаму да се залагаат за барањата и потребите на Ромите во Општина Прилеп.“

DSC03923Извршна директорка на РОМА С.О.С., Несиме Салиоска: Во однос на капиталните иневстиции, најголемата инфромација се однесува на доделените 2.500.000 денари од Влада на РМ во декември 2017 година кои што се префрлени на сметката на општината и од истите околу 1.000.000 денари се искористени за зајакнување на напонот на електрична енергија во месноста Три Багреми, а додека пак остатокот од 1.500.000 денари се предвидени да се искористат за уредување на Дабнички канал. Во делот на зајакнување на напонот со оваа инвестиција не се предвидени и легални приклучоци за населението, односно истите тие ќе треба дополнително да поднесат барање до ЕВН и да приложат лична карта и имотен лист или потврда дека објектот е во постапка за легализација, за да на тој начин обезбедат услови за легален приклучок а обврската за плаќање на самиот приклучок е на носителот на сметката и истиот нема да биде обезбедн од страна на општината или од страна на државата.

Во однос на Дабнички Канал ние забележавме дека општината повторно се јави да го исчисти отпадот на Дабничка река и со најава дека го исполнува ветеното. Но тоа не е ветеното. Ветеното е да се постави ограда, да се асфалтира улицата, да се постават контејнери и соодветна сигнализација околу овој дел на градот. Меѓутоа иако на сметката на општината ги има овие средства, овие средства не се искористени, што значи дека ветувањето не е исполнето.

Во делот на легализација на бесправно изградените објекти, 30.06. е законскиот рок со кој што граѓаните требаше да ги комплетираат сите барања за легализација на бесправно изградените објекти. Но од досега забележаното на терен голем дел од граѓаните ги немаат комплетирано барањата. Значи ќе го надминат законскиот рок и се уште ќе има голем дел од населението кое што ќе остане со диво изградени објекти, без имотни листови. А дополнително 30.12. е законскиот рок преку кој што нови бројчиња или нови барања граѓаните ќе можат да обезбедат за легализација на бесправно изградените објекти, меѓутоа сега има нова состојба со поднесување на овие нови барања, со доставување на сите пропратни документи за кои што населението не е доволно информирано во мометов и загрижени сме дека ќе успеат во согласност на временската рамка да поднесат барање за легализација на диво изградените објекти.“

Деловен секретар во ЈКП Водовод и канализација, Васе Стоилковска:Претпријатието има бесплатен услужен телефонски број на кој секој граѓанин може да се обрати и да пријави дефекет или барање, од причина што претпријатието е тука со цел да ги услужи сите граѓани, односно да ги спроведе сите барања согласно процедурите и законските регулативи“.

Советничка во Советот на Општина Прилеп,Елизабета Сурлаџија:„За поздравување се ваквите акции и собири каде граѓаните можат да ги искажат своите барања и потреби во насока на нивно реализирање.“ Апелираше до присутните, барањата да ги доставуваат писмено до надлежните институции, со цел доколку нема одговор, да можат да се повикаат на поднесеното барање.