24.12.2015, Прилеп

DSC01414И додека јавноста изминатиов период дебатира и бара одговорност за последните смртни случаеви помеѓу пациентите и семејствата кои претрпиле одедена штета како резултат на лекарска негрижа, никој не се осмели да ги спомене и пациентите Роми.

Затоа се прашуваме дали нивните човечки животи не се важни? Дали ова игнорирање на случаевите каде жртви или оштетени се Роми е уште една форма на општествена дискриминација?

Обидувајќи се да одговориме на наведените прашања, на денешната дискусија во Прилеп во присуство на 40 претставници од ромската заедница, ги донесовме следните заклучоци:

  1. Правдата треба да биде достижна за сите подеднакво и нашите избраници – носители на функции и претставници во Собранието не треба да ги заборават или да ги сметаат како помалку важни Агуш, Анета, Ајтен, Сабина, Сазије и Фарије.
  2. Иако за истите во моментов се водат судски постапки или истраги пред надлежните институции со поддршка на здружението РОМА С.О.С. Прилеп, сепак нивното одолговлекување и недостатокот на интерес/поддршка за трагедиите од пошироката јавност влева чувство на негрижа и изолираност, кое крајно резултира со чуство на неправда и тоа посебно во моментите кога ќе се забележи различниот начин на кој се постапува по случаите каде под исти или слични околности се работи за пациенти од друга националност.
  3. Залагајќи се за ефективна и ефикасна институционална заштита на сите повреди на граѓанските права без разлика на припадноста кон одредена група, бараме од Вас да се заложите и да придонесете во напорите да се обезбеди правда и заштита и на овие семејства, а истите случаи да не бидат заборавени бидејќи човечкиот живот е незаменлив и одговорност неизбежно е да се понесе, и тоа не само во судска постапка туку и од морален и хуман аспект.
  4. Ако пратениците во Собранието на РМ не сакаат да дискутираат и да се залагаат за случаите на лекарска грешка кај пациентите Роми, тогаш самите Роми во форма на “Ромски Граѓански Парламент” (неформална група) ќе реагираат и бранат своите права во иднина.

Нека Новата 2016 година ни донесе поголема надеж дека и ние Ромите сме еднакви граѓани во ова општество и дека за нашите животи се грижи државата преку претставниците во јавноста и институциите на системот.

Писмо за загриженост со горе наведеното ќе биде доставено до: Пратениците при Собрание на РМ, Министерот за здравство, Министерот за правда, Министерот без ресор, Народниот Правобранител и Јавниот Обвинител на РМ.

.

1. СЛУЧАЈ АГУШ САЛИОСКИ (ПРИЛЕП)

…Од скршеница на рака до
 траен телесен инвалидитет…

agus1) Факти на случајот:

Во септември 2008 година, тогаш 8-годишниот Агуш, ја скрши левата рака додека си играл во близина на семејната куќа. Во одделението за ортопедија во прилепската болница поставен му е гипс и задржан е на лекување. За целото време се жалел на болки во раката, но поради незаинтересираност на лекарите по три дена се здоби со гангрена. Префрлен е во Скопје и со цел да се спаси неговиот живот направена е ампутација на раката.

2) Што се случи

А) Кривична постапкаОсновно Јавно Обвинителство поднесе кривична пријава против 6 доктори ортопеди од болницата поради пропусти и направени грешки во лекувањето

Б) Две Граѓански постапки за надомест на штетапред Основен суд Прилеп се водеа постапки против Општата Болница Припеп од име на Агуш и од име на неговите родители со кои се бараше надомест на штета поради претрпен инвалидитет на Агуш и душевна болка на родителите.

3) Постигнати резултати/промени

А) Во кривичната постапка во декември 2013 г. донесена е пресуда со која 1 лекар (тој што го прими Агуш) е осуден на условна казна затвор од 3 месеци поради сторени грешки во лекувањето.

Б) Во граѓанските постапки донесени се 3 пресуди со кои се досуди надомест на штета за претрепениот инвалидитет на Агуш и за претрпените душевни болки на родителите.

За прв пат во нашето судство донесена е пресуда со која е досуден надомест во вид на парична рента поради тоа што Агуш има потреба од помош и нега од родителите.

Од болницата наплатени се пресудите на сметка на оштетените.

КОГА ИМАВ 8 ГОДИНИ ОСТАНАВ БЕЗ РАКА ПОРАДИ НЕПРАВИЛНО ПОСТАВЕН ГИПС. ПОРАСНАВ ПО СУДСКИТЕ ВРАТИ, СЕГА ИМАМ 15 ГОДИНИ И КОНЕЧНО СЕ ДОКАЖА ДЕКА ДОКТОРОТ ЗГРЕШИЛ И ЗАТОА ЈАС ОСТАНАВ ИНВАЛИД ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ. ДОБИВ ОШТЕТА ОД БОЛНИЦАТА МЕЃУТОА ТОА НЕ ЈА ВРАЌА МОЈАТА РАКА”….Изјави Агуш Салиоски на трибината.

.

2. СЛУЧАЈ САЗИЕ ФАЗЛИЕВИЌ (ДЕЛЧЕВО)

…намалена телесна функционалност
поради несовесно лекување…

sazlie1) Факти на случајот

Во мај 2011 при пад од скали го повредува десното рамо и се здобива со скршеница. Поставен е гипс во Општа болница Кочани од лактот до рачниот зглоб што не е соодветно место на повредата. Поради ова, состојбата и се влошила и побарала помош кај друг лекар, кој поставил нов гипс (од вратот до рачниот зглоб). Денес Сазие има потреба од поставување на вештачки зглоб поради намалена функција на раката и погрешно поставен гипс

2) Што се случи

Поднесена тужба за надомест на штета за претрпени душевни болки и претрпен инвалидитет против Општата Болница во Кочани.

3) Постигнати резултати

Во септември 2013 беше донесена пресуда со која се докажува постоење на лекарска грешка и пропусти во лекувањето на Сазие кои предизвикале 20 % штета на раката, и досуден и е надомест на штета кој болницата и го исплати.

.

3. СЛУЧАЈ АЈТЕН ЈАШАР (БИТОЛА)

…смрт на новороденче од непознати причини…


ajten1)
Факти на случајот

20 годишната Ајтен во февруари 2012 се породи со машко дете во болницата во Битола. По 2 дена кај детето наводно е забележана промена на бојата на телото и земено е од мајката и ставено во инкубатор. На родителите не им е дозволено да го видат и не им се дадени информации за здравствената состојба. Наредното утро добиле информација дека детето починало од непознати причини.
Телото никогаш не е вратено на родителите.

2) Што се случи

Поднесена тужба против Клиничка Болница Битола за надомест на штета за претрпени душевни болки поради третирање на телото на мртвото дете како медицински отпад без дозвола на родителите.

3) Постигнати резултати

Оддржани 4 судски рочишта, а завршно е закажано за 29 Јануари 2016.

ПО СМРТТА НА МОЕТО ДЕТЕ, ОД БОЛНИЦАТА НЕ НИ ДАВАА НИКАКВА ИНФОРМАЦИЈА ЗОШТО ПОЧИНАЛО НИТУ НИ ГО ВРАТИЈА ТЕЛОТО. ПО 3 МЕСЕЦИ ОТКАКО АДВОКАТОТ СЕ ПОЈАВИ ПРЕД БОЛНИЦАТА ВО НАШЕ ИМЕ, СЕ НАПРАВИ ОБДУКЦИЈАТА, А ТЕЛОТО ПАК НЕ НИ ГО ВРАТИЈА ИАКО НИЕ ГО БАРАВМЕ. ЗАР БЕЗ АДВОКАТ НЕМАМЕ ПРАВО ДА ЗНАЕМЕ ОД ШТО ПОЧИНА НАШЕТО ДЕТЕ? ЗОШТО НЕ МОЖЕВМЕ ДА ГО ЗЕМЕМЕ ДЕТЕТО И ПО ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ОБИЧАИ ДА СИ ГО ПОГРЕБАМЕ?”….Изјави Ајтен Јашар

.

4. СЛУЧАЈ САБИНА ВЕСЕЛОВА (БИТОЛА)

…смрт на родилка за време на пораѓај
 од непознати причини…


sabina1) Факти на случајот

Во март 2012 Сабина починува од непознати причини за време на пораѓај со царски рез во  Болницата во Битола, а новороденчето преживува. Претходно не се утврдени никакви компликации, а редовно вршела контрола кај својот матичен гинеколог. На сопругот и роднините не му се дадени никакви информации што точно се случувало за време на пораѓајот, а од обдукцијата утврдено е дека причина за смртта е недостаток на воздух.

2) Што се случи

А) Кривична постапкаОсновно Јавно Обвинителство поднесе кривична пријава против лекар анестезилог од болницата поради пропусти во третманот.

3) Постигнати резултати/промени

Кривичната постапка се уште е во тек, по оддржани 5 судски рочишта, а постапката континуирано се одолговлекуваше заради технички пречки при функционирањето на Основен суд Битола.

Завршно судење е закажано за 18 Јануари 2016.

 “МОЈАТА ЖЕНА БЕШЕ ЗДРАВА И СО НОРМАЛНА БРЕМЕНОСТ, А ПОЧИНА ЗА ВРЕМЕ НА ПОРАЃАЈ ОД НЕПОЗНАТИ ПРИЧИНИ. ДО ДЕНЕС НЕЗНАМ КАКО ДА ИМ КАЖАМ НА ТРИТЕ НАШИ ДЕЦА ЗОШТО ПОЧИНА НИВНАТА МАЈКА”…..Изјави Сенин Пелифановиќ сопруг на починатата Сабина.

.

5. ФАРИЈЕ АДЕМОСКА (ПРИЛЕП)

…смрт на новороденче поради компликации при пораѓај…

farije1) Факти на случајот

Во ноември 2013 се породила во одделението за гинекологија и акушерство во болницата во Прилеп со второ дете. За време на пораѓајот настанале компликации поради што бебето итно е испратено во Скопје, а Фарије е подложена на оперативен зафат поради крварење. Бебето после 8 дена починува, а Фарије на 30 годишна возраст никогаш нема да стане мајка поради извадени репродуктивни органи.

2) Што се случи

Поднесено е Барање за изготвување на вештачење до вешто лице од областа на гинекологијата, со цел да се утврди дали има пропусти во лекувањето и третманот на Фарије и зошто настанала штетата – смрт на новороденчето и неможноста за идно забременување на Фарије.

3) Постигнати промени

Вештиот наод а со тоа и основата за потенцијално барање на одговорност се очекува во Јануари 2016.

ЗА ВРЕМЕ НА ПОРАЃАЈОТ СО ВАКУМ, ГЛАВАТА НА БЕБЕТО БЕШЕ ОШТЕТЕНА ПОРАДИ ШТО ПОЧИНА ПОСЛЕ 8 ДЕНА И ИСТО ТАКА МЕНЕ МАТКАТА МИ БЕШЕ ОШТЕТЕНА И ВЕДНАШ ВО МОМЕНТОТ МИ БЕШЕ ИЗВАДЕНА СО ЦАРСКИ РЕЗ.

ДО ДЕНЕС НЕ ЗНАМ ШТО СЕ СЛУЧИ СО БЕБЕТО, А ЈАС НА 30 ГОДИНИ ОСТАНАВ БЕЗ МОЖНОСТ ДА БИДАМ ПОВТОРНО МАЈКА”….изјави Фарије Адемоска

.

6. СЛУЧАЈ АНЕТА НЕЏИПОСКА (ПРИЛЕП)

…смрт од непознати причини…

aneta1) Факти на случајот

Во октомври 2015, 3 годишната Анета со симптоми на повраќање и температура е примена на одделението за инфективни болести во болницата во Прилеп, каде по прегледот дадена е инфузија, исшуштена на домашно лекување и препишана терапија за дома. Утрото на 08 Октомври девојчето од страна на родителите е најдено без знаци на живот, а смртта е потврдена од лекарите во болницата. До денес се уште нема точни причини од што почина Анета, бидејќи нема извештај од обдукцијата од Институтот за судска медицина Битола.

2) Што се случи

Случајот по службена должност е преземен од Основниот јавен обвинител во Прилеп, пред кој се води истрага за причините за смртта и евентуални пропусти во лекувањето по што ќе се утврди дали има основ за поведување на кривична постапка.

МОЕТО ДЕТЕ ПОЧИНА ЕДНА НЕДЕЛА ПРЕД ГЕВГЕЛИСКАТА РОДИЛКА,

А ИЗМИНАТИВЕ ТРИ  МЕСЕЦИ ВО ЈАВНОСТА СЛУШАМ ЗА НЕЈЗИНАТА ТРАГЕДИЈА, А МОЈАТА ТРАГЕДИЈА НИКОЈ НЕ ЈА СПОМЕНУВА. ТРЕТ МЕСЕЦ НЕМАМ  ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА МОЈАТА ЌЕРКА.

ЗАР ЖИВОТОТ НА АНЕТА НЕ БЕШЕ ВАЖЕН?

ЖАЛАМ ЗА ГЕВГЕЛИСКАТА РОДИЛКА, МЕЃУТОА САКАМ И НЕКОЈ ДРУГ ДА ЖАЛИ ЗА МОЕТО ДЕТЕ”…..Изјави Зулихана Ќазимоска, мајка на починатата Анета.

 DSC01414 DSC01473 DSC01468  DSC01461 DSC01460 DSC01459 DSC01457 DSC01429 DSC01424