24.03.2016, Прилеп

DSC01564“Ромскиот Граѓански Парламент” (РГП)[1] беше информиран за прогресот при имплементација на проектот “Здравјето на Ромите – основно човеково право 6” за периодот од 24.12.2015 до 24.03.2016 година, ги дефинираше наредните чекори при застапување на случаите под сомневање за сторени лекарски грешки, и истовремено одговори на прашањето дали секој има право да прави што сака во заедницата.

За таа цел беше подготвен и разгледан Билтен бр.1 на тема Индивидуални наспроти колективни права, како и разгледани другите активности и состојби за кои здужението се залагаше во посочениот период.

Од дискусијата произлегоа следните заклучоци:

  • Условните затворски казни кај случаите за кои е докажана лекарска грешка, не овозможуваат пристап до целосна правда имајќи во предвид дека станува збор за сторено кривично дело и човечки живот. Дополнително, одземањето на лиценцата за работа треба да е еден од начините за превенирање на идни случаи и потребно е за истото да се алармира Лекарската Комора на РМ.
  • За случајот на 3-годишната Анета Неџипоска (смрт од непознати причини, октомври 2015) потребно е да се поднесе Ургенција до Судско-медицинскиот одбор при Медицински факултет – Скопје со цел да се забрза постапката и конечно да се утврдат причините за смртта. Документацијата од истрагата е доставена на вештачење од страна на ОЈО – Прилеп, по што ќе може обинителството да продолжи со останатите дејствија, согласно последните измени на Законот за кривична постапка.
  • Потребно е да се утврди членството/улогите на РГП[2] и тоа преку потпишување на обврзувачка пристапница, како и да се организира средба со надлежните институции кои постапуваат или би можеле да постапат за надминување на идентификуваните проблеми.

Дискусијата продолжи одговарајќи на прашањето “Дали секој има право да прави што сака во заедницата?” заради што беше истакната следната констатација:

“СЕКОЈ ИМА ПРАВО ДА ПРАВИ ШТО САКА, СЕ ДОДЕКА НЕ ГО ЗАГРОЗУВА ОСТВАРУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДРУГИТЕ!”

  • Колективни права се права што се однесуваат на една група наспроти нејзините членови поединечно.

  • Индивидуалните права се права на страна на поединецот во таа група.

Колективните права се однесуваат на луѓе со заеднички интереси и вредности кои вклучуваат соработка, почитување и учество, капацитети да зборуваат во име на групата во која припаѓаат.

»Слики од средбата

                    

 


[1]За прв пат се формираше и дискутираше на 24 декември 2015 година како резултат на загриженоста за се поголемиот број на случаи во кои е забележана повреда на правата од здравствена заштита кај Ромите и отсуството од јавна поддршка во барањето пристап до правда. Прочитајте повеќе: http://romasosprilep.org/soopshtenie-za-mediumi/

[2]Само-организирана група од 40 лица составена од неформални лидери (од различни области) и корисници на услугите на здружението со заложба за: наместо индивидуални да покажеме грижа за колективните права; наместо само жртви да бидеме и бранители на здравствените права.