05.12.2017 – Одбележана 10 годишна заложба за промовирање на разликата помеѓу Еднаквост и Праведност. Ромите немаат иста стартна точка со останатото население, затоа имаат потреба од поголема подршка (праведност) за да крајно СИТЕ постигнеме еднаков успех. DSC02498

Во организација на здружението РОМА С.О.С. и неформалната група “Ромски Граѓански Парламент”, 100-тина Роми одржаа средба со Градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Илија Јованоски и директорите на ЈКП од Прилеп. Целта на средбата беше да се изнесат актуeлните барања, потреби и проблеми на Ромите кои живеат во населбата Тризла 2, за нивно вклучување во урбанистичкиот план и програмата на локалната власт за 2018 г.

Ромите се интересираа како да се подобри инфраструктурата во „Тризла 2“? Кога улиците кои имаат канализација ќе бидат асфалтирани? Дали ќе се уреди Дабнички канал и дали ќе се намести мост на истиот? Како да се подобри инфраструктурата во месноста  „Три багреми“, „Мексико“, „Дебарца“?

DSC02541Тие го посочиja и проблемот со канализацијата на улица Богомилска. Исто така се интересираа дали  ќе се овозможи легализација на дивоградбите на лицата кои се во социјален ризик и кои немаат доволно средства за да ја спроведат таа постапка!? Дали децата од месноста „Три Багреми“ ќе добијат превоз до ООУ „Добре Јованоски“? Зошто жителите на „Дебарца“ немаат вода веќе седум месеци?  Дали ќе се подобри уличното осветлување ? Ќе се спречи ли дискриминацијата од причина што на одредени места немаат пристап (кафетерии, ресторани, базен)? Како Ромите да дојдат до вработување?!

DSC02596Градоначалник на Општина Прилеп, Илија Јованоски: „На 26 декември ќе се носи буџетот на Општина Прилеп за 2018 година и дел од наведените инфраструкурни проблеми на населба Тризла, ќе влезат во програмата на Општината за 2018 година. Заедно ќе се стремиме да ги детектираме и решиме проблемите на граѓаните, особено од населбата Трзила 2, како што се местата викани Три багреми и Мексико, каде состојбата е најкритична. Во наредниот период ќе се чисти и уреди каналот на реката Дабнички Завој за да се заштити населението од можните поплави и несреќи, поради можноста од обилни врнежи и снег, улиците кои се влезени во деталниот урбанистички план ќе бидат сите асфалтирани, а  01.01.2018 до 30.06.2018 година се продолжува рокот за легализација на диво изградените објекти, што се дава нова можност на жителите да ги легализираат своите објекти.

DSC02597Извршна директорка на РОМА С.О.С., Несиме Салиоска: „Средбата ја означува заложбата на здружението за еднаков пристап на Ромите во општествените процеси, а присуството на големиот број Роми на оваа средбата само по себе говори дека и тие се дел од донесувањето одлуки. Ова е одлична можност да се слушне гласот на Ромите во јавноста за заеднички да може да решат проблемите кои се од суштинско значење за населба Тризла. Во овој период, Општина Прилеп е во фаза на подготовка на буџетот за 2018 година преку кој ќе се издвојат средства за инфраструктурни проекти за цела општина, меѓу кои и за населба “Тризла 2“, и на тој начин следната година ќе може да се видат проектите реализирани и видливи на дело.

Самата средба е од големо значење, бидејќи на овој ден, 5-ти декември, 2007 година е отворена канцеларијата на РОМА С.О.С ,со што здружението заокружува 10 години од своето постоење. Фактот што оваа средба се случува во Општинската сала и во присуство на донесувачите на одлуки е доказ дека се движиме во нагорна линија кон искоренувување на дискриминацијата и меѓусебна интеграција, а преку отворена и директна комуникација и поддршка од Градоначалникот и ЕЛС.“

По завршување на средбата, присутните беа послужени со чоколадни бонбони од страна на тимот на РОМА С.О.С. со што симболично се одбележа роденденот на здружението.

Сепак, најголемиот успех од самата средба се резултатите кои следеа. Веќе следниот ден, врз основа на дел од посочените проблеми, екипите на ЈП „Водовод и канализација“ извршија итни интервенции: поправка на водоводни приклучоци, отстранувње на дефекти на водоводна линија на улица Тризла, активности и монтажа на премини на сообраќајници на улица “Дебарца“. Дополнително ЈП „Водовод и канализација“ во контакт со  водостопанското претпријатие „Прилепско Поле“, ги дефинираа можностите за обезбедување на непречено водоснабдување на домаќинства на ул. „Дебарца“, што неколку месеци беа без вода. Во пресрет веднаш излегоа и екипите на ЈКП “Комуналец“ кои со механизација исчистија дел од каналот, а паралелно се изврши и тампонирање на дел од улиците кои беа посочени на дискусијата за итна интервенција.

24312474_854351711405838_6770457604233108120_n     24774812_854351731405836_7325874066946542234_n     24899913_853844884789854_8768401430448608919_n     24909685_853844991456510_3799974544830960804_n     24909888_855264091314600_5876484904596581706_n


 

Ваквите итни интервецнии сами по себе потврдија дека интересот на ЕЛС Прилеп за „Тризла 2“ не е само изјава туку и пракса.

 


 

⇒  Медиумски прилог: https://www.youtube.com/watch?v=GJuw7R3WhMI