16.10.2016

Health Rights Film FestivalМилано, Италија – Асоцијацијата на училишта за јавно здравје во Европскиот регион  (ASPHER), започна со инагурација на Филмскиот фестивал за здравствени права.

Онлајн филмскиот фестивал потенцираше видео приказни за пристапност, здравствени проблеми,  стигма и прашања поврзани со човекови права. Од фестивалот беа прогласени следниве победници:

Награда за влијание

Наградата за влијание препозна исклучителни остварувања во употребата на видеата за застапување. Победниците беа избрани од страна на жири, составено од меѓународни експерти за јавно здравје и дигитално застапување.

Деветте финалисти се:

  1. Твое здравје, твоја грижа, твое човеково право! од РОМА С.O.С.
  2. Кога 60 денари се луксуз од ХЕРА, за нивната работа за здравјето на жените Ромки
  3. Вакцините сеуште не се достапни за Ромската популација од Асоцијацијата за еманципација, солидарност и еднаквост на жените
  4. Ралука од Цева де Спус, за интеграција на лицата со хендикеп во општеството
  5. Мобилизација и интеграција на машкиот род и трансродовите сексуални работници за остварување на секунарна здравствена заштита од Стар – Стар
  6. Осуда за предозирање од Коалиција “Сексуални и човекови права на маргинализирани заедници“ за недоволен пристап до терапија со замена на опиум
  7. Барање пристап за третман на Хепатит Ц во Грузија од Асоцијација на млади адвокати во Грузија
  8. Повик до пациентите од Украина за намалување на цените на лековите! од Украинска заедница Советодавен одбор на пациенти во Украина
  9. Пречки при пристапот за итна здравствена нега од КХАМ за недостаток на пристап на Ромите до амбулантни услуги

Победници се:

1ва награда: Вакцините сеуште не се достапни за Ромската популација од Асоцијацијата за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ), Македонија

Ова видео демонстрираше успешност во сите области на видеото за застапување. Ова видео е добро снимено и добро уредено, овозможувајќи снимки од ромските населби и тивок агрумент за нивното страдање. Видеото создаде емоционално поврзување со гледачите, со дозвола оние што се директно засегнати да имаат нивни сопствен аргумент со сопствени зборови, споредувајќи ги емоционалната содржина со јасна презентација и добро одбраните статистики за нискиот процент на вакцинација кај ромската популација. Видеото, потоа, беше користено во низа тактики за застапување на јавните проекции за споделување на платформите на социјалните медиуми до онлајн споделување со службените лица за јавно здравје.

Како резултат на нивното застапување, ромските области кои беа презентирани во видеото добијаа возила за патронажни медицински сестри и за прв пат, по многу години, имунизациската заштита беше повторно обновена.

За извонредноста во сите овие аспекти, ние сме задоволни да ја презентираме првата награда на ЕСЕ на Онлајн филмскиот фестивал за здравствени права.

2ра наградаРалука од Асоцијација Цева де Спус, Романија

Видеото ја потенцираше ефикасноста на добро снимениот и насочен филм за застапување, со јасно и фокусирано интервју и порака.  Наместо создаденото генерално видео за застапување, Цева де Спус ја искористи приказната  на Ралука Попесци за конкретно да побара подобрување на пристапот  на лицата со хендикеп во универзитетите.

Ралука е заменик – претседател на Асоцијацијата Цева де Спус. Таа има сериозен телесен хендикеп, а дипломирала на West University во Тимисоара. Таа ни раскажа за нејзините потешкотии, а нејзината мајка морала да се соочи со тоа со цел таа да може да ги заврши студиите.

Цева де Спус направи ефективно видео со директна презентација за застапување. Тие го искористија овој филм за да ја потенцираат потребата за пристапност и инклузивно образование, прикажувајќи го ова видео на настани и презентации на универзитетот. Како резултат, West University започна проект за пристапност. Цева де Спус планира да продолжи со користење на видеото за застапување за подобрување на пристапноста во уште три универзитети во Тимисоара.

За извонредноста во сите овие аспекти, ние сме задоволни да ја презентираме втората награда на Цева де Спус на Онлајн филмскиот фестивал за здравствени права.

3та награда: Повик до пациентите од Украина за намалување на цените на лековите! од Украинска заедница Советодавен одбор на пациенти во Украина (UCAB), Украина

Видео застапувањето е алатка која сите ние можеме да ја користиме. И без луксузно снимање и високи продуцентски вредности, видеото им овозможува на оние што се директно неправедно засегнати да зборуваат пред поширока публика. Видеото покажува дека и покрај едноставноста тоа може да биде ефективно. Тоа ги комбинира личните приказни на оние што се засегнати од покачувањето на цените на неопходните лекови со статистика за покачувањето на цените и јасен повик за акција, притоа користејќи едноставни методи за снимање и правење на филм. Бидејќи пациентите неможе директно да се сретнат со извршните директори на компаниите за лекови, UCAB го испрати ова видео до нив. Како резултат на нивното застапување, цените на лековите беа намалени, овозможувајќи и на Владата да обезбеди третман на пациентите и да ги зачува  нивните животи.

За извонредноста во сите овие аспекти, ние сме задоволни да ја презентираме третата награда на  Украинска заедница Советодавен одбор на пациенти во Украина од Онлајн филмскиот фестивал за здравствени права.

Награда од публиката:

Наградата од публиката на Филмскиот фестивал за здравствени права го препозна најсподелуваното видео на Филмскиот фестивал за здравствени права, пресметано според јавните гласови на веб страната на фестивалот. Победници се…

Пофалница: Престанете да ги праќате пациентите со туберколоза во затвор од Кениската мрежа на правни и етички прашања за ХИВ и сида.

3та награда: Секојдневните прашања заслужуваат одговор од Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), Македонија.

2ра награда: Давање надеж: Фондација Андреј Рилков од Унијата за граѓански слободи, Унгарија.

1ва награда: Пречки при пристапот за итна здравствена нега од КХАМ.

Сите овие видеа се достапни за посетувачите на веб страната на Филмскиот фестивал за здравствени права http://filmfest.health-rights.org/. Ние ги охрабруваме сите да ги гледаат и да ги споделуваат со останатите во нивните мрежи.