17.10.2017

22539840_1144411932325128_4013633863005238694_nПо повод Светскот ден за борба против сиромаштијата се одржа промоција на годишниот извештај на Фондот за население при Обединетите Нации (УНФПА) „Два различни света – репродуктвно здравје и права во време на нееднаквост[1], во кој се  истакнува дека во најголем број од земјите во развој, 20% од жените во најсиромашниот дел од населението, имаат најмал пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи и контрацепција. Овие жени, како што стои во извештајот, имаат нејголем ризик од непланирана бременост и последици по здравјето од истото.

Нееднаквоста сé повеќе се однесува на оние што можат и оние што не можат. Сиромашните жени кои немаат средства да донесат сопствена одлука за големината на семејството, или кои се во лоша здравствена состојба поради несоодветната заштита на репродуктивното здравје, доминираат во редовите на оние што не можат.

На промоцијата, свое излагање имаа Доина Болога – директорка на канцеларијата на УНФПА во Скопје, која ги презентираше наодите од извештајот и Несиме Салиоска  – извршна директорка на здружението РОМА С.О.С. која го истакна локалниот аспект на тие наоди и активностите кои РОМА С.О.С. ги спроведува за справување со истите.

⇒ Доина Болога (УНФПА)Неуспехот да се обезбедат услуги за репродуктивно здравје на најсиромашните жени и девојки, вклучувајќи и планирање на семејството, може да ги ослабне економиите и да го поткопа напредокот кон најважната цел за одржлив развој, елиминирање на сиромаштијата. Во светски рамки, немањето пристап до репродуктивно здравје и права, ја зацрвстува економската нееднаквост и ги зацврстува другите нееднаквости, вклучувајќи ја и нееднаквоста во здравјето на жените, при што само малку привилегирани жени се во состојба да ја контролираат својата фертилност, па така и да стекнат вештини, да влезат во платената работна сила и да добијат економска моќ. Неопходно во решавањето на оваа економската нееднаквост е всушност решавањето на другите нееднаквости, како што се зголемување на пристапот до модерни средства за планирање на семејство, соодветна антенатална заштита за сите жени, како и преку уривање на социјалните, институционалните и другите пречки што ги спречуваат жените да го остварат својот целосен потенцијал.

22539872_1144411995658455_9012891782931598101_n⇒ Несиме Салиоска (РОМА С.О.С.)Еден од проблемите кој што сеуште постои во нашата земја, а кој што е резултат на нееднаквоста на различни нивоа, се детските бракови. Раните бремености се последица токму на склучување на детските бракови и само со законска рамка ќе се овозможи единствен пристап во сите случаи.

За таа цал здружението РОМА С.О.С. достави предлог измени на законите за семејство, за основно и средно образование и во Кривичниот законик. Во Законот за семејство се бара да се регулира начинот на кој се дава мислење од страна на Центрите за социјална работа за склучување брак на малолетни лика кои наполниле 16 а не наполниле 18 години, како и да за забрани живеење во вонбрачна заедница до 18 години. Во Законот за образование да се наведе причината за напуштање на образованието, бидејќи досега нема податоци за бројот на девојки кои го напуштаат училиштето поради вонбрачна заедница. Третата измена е во Кривичниот законик, односно она шти ние го нарекуваме „сивата зона“. Во член 197 е забележано дека казнивоста на лицата кои склучуваат брак со деца односно лица под 18 години е предвидена доколку лицето нема наполето 16 години. Односно со полни 16 години ниту МВР, ниту ОЈО нема да постапи дури и по барање на родителите. Од таа прчина ние бараме да се помести оваа граница од 16 на 18 години. 

Во интерес на детето е да заврши минимум средно образование за да може подоцна да биде и репродуктивно зрела за семејство. Од дсегашното икуство забележано е дека институциите беа со еден одговор: „традицијата е таква, ние не можеме да се мешаме во вашата традиција“. Меѓутоа, еднаквоста не подразбира ставање на традицијата во прв план за да институциите се ослободат од одговорноста за таа неееднаквост.

Со цел доловување на личниот аспект на оваа проблематика беа презентирани две видео стории за жени од Прилеп и Битола кои се соочиле со проблемот на рано стапување во брак, рана бременост, сиромаштија и неможност за планирање на семејството и забременувањето, кои за пoтребите на овој настан ги подготвија новинарките Елизабета Митреска, дописник за МРТ од Прилеп и Емилија Мисирлиевски, дописник за ТВ Телма од Битола.

Видео сторија МРТ: https://www.youtube.com/watch?v=wmTRk-1pxVE

Видео сторија ТВ Телма: http://telma.mk/vesti/alarmanten-porast-na-detskite-brakovi


[1] https://www.unfpa.org/swop