02.12.2016

Picture1Се поголемиот број на случаи во кои е забележана повреда на правата од здравствена заштита кај Ромите односно лекарски грешки, но и отсуството од јавна поддршка во барањето за пристап до правда, во декември 2015 година резултираше со формирање на две неформали групи именувани како “Ромски Граѓански Парламент” (РГП), од кои една во општина Прилеп и една во општина Битола [1].

..

.


Потпишани беа вкупно 71 Пристапници преку кои се дефинираше членството и се обезбеди веродостојно и одговорно тековно залагање во рамките на овие групи од страна на Ромите, при што ги прифатија принципите за работа на здружението РОМА С.О.С.


РГП го сочинуваат неформални лидери/авторитетни лица од заедницата и корисници на услугите на здружението (со различна политичка, религиозна, економска и социјална позадина), а со заложба за: наместо за индивидуални да покажаме грижа и за колективните права, наместо жртви да бидеме и бранители на правата.

Преку подготовка на Билтен на секои три месеци наменет за:

– информирање на јавноста за реализираните активности,

– илустрација на напредокот кој се постигнува квартално,

– едукација на ромската заедница за прашањата кои што се од интерес и нивно поттикнување да се вклучат во застапување и заштита на правата,

тековно во 2016 година се организираа вкупно 6 средби со членовите, паралелно во Прилеп и Битола, при што Билтенот претставуваше алатка за иницирање на дискусија и редоследни реакции пред јавноста и институциите.

На овој начин беа реализирани следните активности и постигнати следните резултати:

24.03.2016 – Втора средба на Ромски Граѓански Парламент– Прилеп

Подготвен и разгледан Билтен бр.1 на тема Индивидуални наспроти колективни права [2], како и разгледани другите активности и состојби за кои здужението се залага.

Од дискусијата произлегоа следните заклучоци:

  • Условните затворски казни кај случаите за кои е докажана лекарска грешка, не овозможуваат пристап до целосна правда имајќи во предвид дека станува збор за сторено кривично дело и човечки живот. Дополнително, одземањето на лиценцата за работа треба да е еден од начините за превенирање на идни случаи и потребно е за истото да се алармира Лекарската Комора на РМ.
  • Потребно е да се организира средба со надлежните институции кои постапуваат или би можеле да постапат за надминување на идентификуваните проблеми.


За случајот на 3-годишната Анета Неџипоска (смрт од непознати причини или поради наводно труење со храна, октомври 2015) се поднесе групна Ургенција до Судско-медицинскиот одбор при Медицински факултет – Скопје со цел да се забрза постапката и конечно да се утврдат причините за смртта (со оглед на тоа што документацијата од истрагата е веќе доставена на вештачење од страна на ОЈО – Прилеп).


Дискусијата продолжи одговарајќи на прашањето “Дали секој има право да прави што сака во заедницата?” заради што беше истакната следната порака: “Секој има право да прави што сака, се додека не го загрозува остварувањето на правата на другите”.

                               12006169_1036934556361192_1882342106599363873_n   535264_1036934749694506_1431252694868185516_n   600387_1036935336361114_8925601719949045409_n   1001106_1036934756361172_6176706500650710566_n

.

04.04.2016 – Основачка средба на Ромски Граѓански Парламент Битола

Во присуство на претставниците од ромската заедница Баир во Битола, се промовираше Билтен бр.1 и позадината на активноста односно потребата за постоење на ваква група.

Од  дискусијата произлегоа следните заклучоци:

  • Постојат депонии во населба Баир. Потребно е да се елиминираат од причина што негативно делуваат на здравјето и посебно на децата.
  • Постои авансно плаќање за отворање историја на болест при потреба за болничко лекување, и неиздавање на отпусни листи по завршување на болничкиот третман заради неможност да се покријат трошоците во истиот момент. Ваквото постапување на Клиничка болница е незаконско, и истото влијае директно да Ромите не пристапат до болничко лекување, како и да не користат препишана терапија во континуитет за зачувување на нивното здравје,
  • Реакции по двата заклучоци ќе се подготват и достават до надлежните органи/институции (ЕЛС – Битола, Клиничка Болница – Битола, Министерство за здравство и Народен Правобранител) со цел да се испита состојбата и да се изнајдат решенија.
  • ЦРРЗ “Баирска Светлина” ќе бидат вклучени како локални партнери за координација и организација на тековните активности, како и за насочување на РГП кон поставените цели.

                          12495102_1046373348750646_7198314053440365715_n   12932679_1046373265417321_7941431470598526247_n   12936520_1046373118750669_625907312763887660_n   12936562_1046373115417336_3809226838832099974_n

 .

12.07.2016 – Трета средба на Ромски Граѓански Парламент– Прилеп

Проактивна улога – потреба на заедницата и институциите при остварување на правата беше темата на Билтен бр.2 [3] за потребите на дискусијата во присуство на: Министерот без ресор во Влада на РМ г-н Неждет Мустафа, како и претставници на локални државни и јавни установи и тоа: директор на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“, директорка на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа и раководител на Управа за водење на матичните книги.

На средбата беа разгледани и дискутирани 12 предизвици со кои се соочуваат Ромите и институциите во спроведување на постапките при остварување на правата, а идентификувани преку секојдневното нудење на бесплатна правна помош:

  • брачна наспроти вонбрачна заедница,
  • редовен наспроти дополнителне упис на новороденче,
  • запишување на еден наспроти двајца родители,
  • лична карта наспроти имотен лист,
  • регистриран матичен гинеколог наспроти приватен гинеколошки преглед,
  • превентивни наспроти редовни здравствени услуги,
  • смрт на новороденчиња наспроти нормално породување,
  • бесплатно отворање историја на болест наспроти авансна наплата за болничко лекување,
  • издавање отпусни листи наспроти плаќање за болнички услуги,
  • фактичко место на живеење наспроти адреса од лична карта,
  • родителски додаток за дете наспроти упис во основно образование,
  • право на социјална парична помош наспроти приход од брз трансфер на пари.

Од  дискусијата произлегоа следните заклучоци:

»Министер без ресор г-дин Мустафа

– Потребно е вработување на лице од ромската заедница во Центарот за социјална работа со цел да се овозможи полесна комуникација и да се зајакне довербата за услугите од социјална заштита, со оглед на тоа што најголемиот број на корисници се лица од ромската заедница,

– Потребно е зајакнување на улогата на Ромскиот Информативен Центар во промоција на правата во ромската заедница, како и поголема нивна препознатливост, со оглед на нивната основна задача да ги следат новостите и да бидат присутни на терен односно да ги споделуваат информациите со Ромите,

»Директор на Општа болница г-дин Ристески

– Потребно е да се прекине праксата со авансната наплата за отворање на историја на болест при болничко лекување, со оглед на тоа што истото може сериозно да влијае на здравјето на Ромите кои не секогаш се во можност да обезбедат средства пред добивање на потребната услуга, а тоа би можело да резултира со негативни и сериозни последици по нивниот живот,

»Директорка на Центар за социјална работа г-ѓа Јованоска

– Потребни се поредовни информативни средби помеѓу ЦСР и ромската заедница со цел приближување на измените и дополнувањата во процедури/правилници поврзани со правата од социјална заштита, со оглед на тоа што истите се носат во краток рок и нивното непроследување помеѓу корисниците резултира со прекин на правата,

»Раководител на Управа за водење на матична книга г-дин Јорданоски

– Потребна е промоција на новиот Прирачник за водење на матична книга во ромската заедница, со оглед на сеуште евидентниот проблем поврзан со не-навремен упис на новороденчиња, не-признавање татковство и не-склучување брачна заедница, што директно влијае на добивањето лични документи и пристап до права/услуги.

ПОРАКА: Да се биде проактивен значи да се биде самоиницијативен, односно да се се преземе акција пред нешто да се случи. Да се биде реактивен значи да се дејствува само како одговор на некаква ситуација откако таа ќе се случи.

                                13627191_1107977869256860_4671908921896323404_n   13654228_1107978042590176_6913723782305424708_n   13659024_1107977589256888_5609870556000992938_n

.

15.07.2016 – Втора средба на Ромскиот Граѓански Парламент – Битола

Преку дискусија поттикната од темата на Билтен бр.2, членовите се информираа за прогресот во врска со идентификуваниот проблем со авансно плаќање од страна на пациентите при отворање историја на болест за болничко лекување, како и неиздавањето на отпусни писма од страна на Клиничка болница – Битола по завршување на болничкиот третман. Исто така се дискутираше за потенцијално решение за депониите во населба Баир кои сериозно влијаат на здравјето на населението.

Од  дискусијата произлегоа следните заклучоци:


Прекината е праксата за авансно плаќање при болничко лекување, како и неиздавањето отпусни писма за пациентите кои не се во можност веднаш да ја платат партиципацијата во Клиничка Болница “Д-р Трифун Пановски” Битола, врз основа на Реакцијата на РГП.


Имено, покрај доставениот одговор од Болницата во кој е образложена праксата и поводот за истото, заменик-Народниот правобранител поведе постапка и го утврди следното:

  • не е спорна обврската на пациентот да ја плати партиципацијата за болничко лекување, туку начинот на наплата. Не смее, поради неплаќање на обврската, граѓанинот да трпи понатамошни последици по неговото здравје (обезбедување терапија),
  • авансното плаќање за здравствена услуга како инструмент на осигурување дека здравствената услуга ќе биде наплатена, и е регулирана со интерни акти на болницата, е спротивна на закон и не смее да се применува,
  • раководното лице на болницата потврди дека праксата за авансно плаќање од пациентите ќе биде прекината, како и условувањето за издавање на отпусна листа и тоа со претходно регулирање на начинот на плаќање на партиципација за болничко лекување.

Дискусијата продолжи во насока на наоѓање потенцијално решение за депониите во населба Баир и притоа беше одлучено следното:

  • работна група од 4 лица ќе се залага во наредните месеци да ја преиспита состојбата на терен и да даде предлози за решение,
  • ќе се спроведе еколошка акција како воведен старт во дологорочно отстратнување на депонијата,
  • на наредна средба ќе се покани директорот на ЈП Комуналец Битола и во заедничка консултација ќе се изнајде финално решение за начинот на кој би се надминал проблемот системски.

                         13776000_1111613108893336_1642692513564290544_n   13770246_1111613138893333_8674205377523667030_n   13715970_1111613452226635_5550932036326677474_n   13716191_1111613142226666_863979380596854053_n

 .

01.09.2016 – Одржана вонредна средба на Ромскиот Граѓански Парламент Прилеп на тема Безбедноста во сообраќајот во населба Тризла

Загриженоста произлезе од нерегулираниот сообраќај на улиците Дабничка, Дојранска, Кораб, Тризла, Мице Козар, Беровска и Ердован Шабаноски, предизвикан од зголемениот број на несовесни “возачи” на моторни возила, нерегистрирани и во неисправна состојба, а често пати управувани од малолетни лица и без соодветна документација, кои се потенцијални предизвикувачи на живото-загрозувачки последици. Ваквата состојба во сообраќајот забележано беше дека се влошува и поради пасивноста на припадниците на Министерството на внатрешни работи и неспроведување на теренски акции и контроли за регулирање на сообраќајот на патиштата, како и контрола на возилата и возачите на патиштата.

Од дискусијата произлезе потребата за доставување на РЕАКЦИЈА до Министерство за внатрешни работи на РМ, Сектор за внатрешни работи – Битола, Полициска станица – Прилеп, Локална Самоуправа – Прилеп, а со цел:

  1. ИТНО да се подготви план за координирани редовни контроли, теренски акции, како и да се превземат и спроведат посебни мерки за безбедност низ улиците во населба Тризла, од страна на надлежните органи.
  2. Да се превземат активности за обележување на пешачки премини, по- ставување на соодветни технички средства т.н “легнати полицајци” и сообраќајни знаци на најфрекфентните места за движење со цел поголема безбедност на околината на патот, како и да се отстранат пречките на тротоарите кои претставуваат узурпација на површината определена за движење на пешаците.

Одговор од Министерство за внатрешни работи и Локална самоуправа – Прилеп по Реакцијата е добиен во ноември 2016. Поставени се сообраќајни знаци за прв пат во населбата Тризла со цел да се регулира сообраќајот и да се подобри безбедноста во околината.


14963147_1207089572679022_7519288054988752007_n   15056390_1207089562679023_1951459049045145519_n   14992045_1207089626012350_7591067123030348777_n   15078905_1207089879345658_2391065916499851467_n                       .

.

30.11.2016 – Ромскиот Граѓански Парламент – Прилеп и Ромскиот Граѓански Парламент – Битола на заедничка средба и меѓусебно запознавање

Споделување на постигнатите резултати, размена на искуства од оваа активност, дефинирање на наредни чекори, како и пристапот до правда за документираните случаи под сомневање за сторени лекарски грешки, со упатување Реакција во јавноста за случајот на три годишната Анета Неџипоска, беше поводот за организирање на заедничка завршна средба.

На средбата која се одржа во х.Милениум во Битола присуствуваа членови на РГП Прилеп и Битола, а се презентираше Билтен бр.3 насловен како Обврски наспроти Права [4].

Од  дискусијата се донесоа следните заклучоци:

  • Пристапот до правда за ромската заедница е или целосно оневозможен, а во ситуација кога е овозможен, толку долго се игнорира, одолговлекува, што на крај завршува повеќе со неправда, отколку со правда. Една година помина од смртта на три годишната Анета Неџипоска од Прилеп без утврдени причини за смртта, а сеуште нема ниту вештачење од страна на Одборот за судско медицински вештачења при Медицински факултет Скопје.
  • Постои голем интерес за продолжување на дискусиите и во 2017 година во рамките на “Ромскиот Граѓански Парламент”, поради големиот број на предизвици, проблеми со кои секојдневно Ромите се соочуваат, за чие надминување е потребна заедничка заложба, со што ќе се покаже пример како едни со други се почитуваат, затоа што меѓусебното дружење и поддршка ќе обезбедат подобра иднина.

Средбата беше заокружена со дефинирање на потребата од почитување како на правата така и на обврските, бидејќи ни едно право не може да се оствари без да се исполнат условите за уживање на тоа право, и тоа:

  • Од страна на граѓаните, преку поднесување барање и следење на процедурите,
  • Од страна на државата/институциите, преку информирање и постапување вопредвидените рокови.

 

                                  15219599_1225632664158046_3679586363487186019_n   15253497_1225632234158089_3554693502568834405_n   15283930_1225631347491511_977105430583985202_n

.


[1] http://romasosprilep.org/romski-graganski-parlament/

[2] http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/03/Roma_SOS_Bilten_Mart_WEB.pdf

[3] http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/07/Bilten_2_Juli.pdf

[4] http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/12/Roma_SOS_Bilten_noemvri-2016_PRINT-A4.pdf