22.08.2016

Проектот Следење и известување за прекршувањата на правата на Ромите, поддржан од Амбасада на Сојузна Република Германија во Скопје започна со имплементација на 1 февруари 2016 година, од страна на Хелсиншки комитет во пратнерство со РОМА С.О.С. – Прилеп, Амбрела – Скопје, Даја – Куманово, Романо Авази – Тетово, Баирска Светлина – Битола и КХАМ – Делчево.

Целта на проектот е набљудување, документирање и известување за прекршувања на човекови права и давање на бесплатна правна помош. Потребата од проектот произлегува од слаба и нецелосна информираност за човековите права и слободи од страна на граѓаните, особено во погледот на дискирминација, говорот на омраза, како и надлежностите на институциите, особено во ромската заедница. Преку проектот ќе се овозможи мониторинг на постапувањето на институциите, на системските пречки при остварување на основните човекови права, нивно документирање, како и информирање и подигнување на свеста на ромската заедница за практикување на човековите права во општествените процеси и иснтитуции во државата.

РОМА С.О.С. во рамките на проектот, како проектни партнери, ја имаат следнава улога:

  • Давање на Бесплатна правна помош и документирање на случаи на дискриминација, говор и дела од омраза
  • Мониторинг на случаи
  • Средби со државни институции, известување и рекација со медиуми,
  • Подготвување на брошура, јавни настани, учество на in house обука
  • Квартални извештаи, набљудување и известување за прекршувања на човекови права
  • Координација на проектните активности во Прилеп.

 Пријавени случаи за период март-мај

Област

Број на случаи

Вид на повреда

Лична документација

1

Нееднаков третман до пристап на лична документација
Здравствена заштита

2

Нееднаков третман во пристап до здравствена заштита
Социјална заштита

7

Одбиено  барање за продолжување на правото на родителски додаток за дете

 

Заклучоци:

⇒Присутните предрасуди кон одредени општествени групи или поединци и ваквите однесувања некогаш директно, а често индиректно имаат за цел да направат поделби и нееднаков третман на граѓаните, по основ на различната етничка припадност, јазик, полова припадност, припадност на маргинализирана група, социјално потекло, верско или политичко уверување, односно постапување спрема поединци и одредени групи во исти или слични ситуации.

⇒Ромите имаат ограничени можности за пристап до информации и остварување на своите права во отсуство на правен застапник, па затоа се откажуваат од остварување на своите права. Постојаните законски измени и дополнувања на правилниците за работа на институциите и нивните Одлуки дополнително придонесуваат кон создавање на пречки при остварување на правата, па дури и во случаи кога се носат закони во полза на граѓаните, од причина што постои неусогласено и некоординирано постапување на вработените во институциите, па со непостапувањето од страна на институциите се нанесува штета за најсиромашната категорија на граѓани.

Преземи целосен извештај