36526746_1948283085226330_4430858824294858752_nНе постојат забранети теми, постои само желба за учење.

Наративот во буквална смисла на зборот се однесува на сликата која ја имаме во нашите глави за одредена состојба или група на луѓе, која скоро секогаш ги одредува нашите верувања, ставови и однесувања кон истите. Таа слика може да биде погрешно поставена од одредни причини (натрупување на стеротипи и предрасуди) и да влијае на квалитетот на меѓусебната интеракција.

Промената на наративот има за цел да предизвика позитивно однесување, подобра комуникација и разбирање односно, надминување на емоционалните и когнитивните пречки. Таа промена мора да биде суптилна и неинвазивна, најчесто преку раскажувачки методи и креирање на позитивни примери.

Веројатноста да промените наратив на макро ниво се зголемува обратнопропорционално од јачината со која таа промена ја наметнувате!

Здружението РОМА С.О.С. веќе трета година работи на оваа тема, преку воведување на креативни и иновативни пристапи за подобрување на комуникацијата во релацијата пациент-здравствен работник, а крајно и подобрување на квалитетот на здравствени услуги кои се даваат/добиваат.

DSC03020

⇒ Волонтерско вклучување на пациентите-Роми и здравствени работници во т.н. Набљудувачки тела, со цел да се поттикнат на меѓусебна директна комуникација и следствено да креираат позитивни активности/соработка:

Формирани и координирани две групи од вкупно 20 набљудувачи – Роми и здравствени работници (јануари-јуни 2018).

 

⇒ Создавање на креативни промотивни материјали за неформално информирање и пренесување на пораки околу различни здравствени прашања/проблеми идентификувани од страна на набљудувачите до пошироката јавност:

2 промотивни материјали: Календар за 2018 и саксија со цвеќе, а дистрибуирани во 20тина здравствени и други јавни и приватни установи и во околу 400 ромски семејства (јуни 2018).

35265861_1918367501551222_4826183011676454912_n⇒ Едукативни работилници за подлабоко запознавање со оние прашања кои предизвикуваат најголемо внимание и за кои пациентите-Роми имаат интерес и потреба да се запознаат:

4 едукативни работилници на теми од анатомија, сексуално и репродуктивно здравје и здравствена заштита на децата. Вклучени и едуцирани 100 Роми (декември 2017 и јуни 2018).

 

Пријателски вечери со пациенти-Роми и здравствени работници, за зајанување на нивната релација во неформална и човечка димензија, рушејќи ги сите бариери во однос на позициите кои ги имаат:

2 пријателски вечери и опфатени вкупно 40 пациенти-Роми и здравствени работници (јули 2017 и јануари 2018)

⇒ Споделување и размена на искуства:

23519167_1673005989420709_8004537525200200594_nПодготвен јавен документ за споделување на искуствата од работата на оваа тема; промоција на интернационалниот семинар „Changing the narratives on Roma in healthcare settings„ (октомври, 2017 Охрид).

На овој семинар, раскажувањето на лични приказни како метод при промена на негативните наративи за Ромите во здравствените средини, го учеа 40 претставници од повеќе земји од регионот, меѓу кои од невладини организации, здравствени работници, активисти, студенти на медицина и стручни лица од различни области (Роми и не-Роми). Несиме Салиоска беше еден од предавачите и преку нејзиното лично и професионално искуство ја сподели работата на РОМА С.О.С. во форма на приказна „Патот од жртва до застапник: Феминистичка перспектива на индивидуалните наспроти колективните потреби“.

 

29570855_1466421946801815_5622258570505674038_nУчество на јавна дебата „Менувањето на наративите кон Ромите во здравството е тежок процес” (април 2018, Скопје), каде Весна Шапкоски ги сподели искуствата и научените лекции од работата на оваа проблематика, како и ставовите за тоа како и на кој начин се менува наративот за одредена целна група.

Негативниот наратив е последица, потребна е работа на неговата причина!