• Со поддршка од: Европски Центар за Правата на Ромите – Будимпешта
  • Временска рамка: 15 август 2016 – 31 декември 2016
  • Локации: Прилеп и Битола

Како што беше заклучено во извештајот „Пристап до репродуктивни права на жените Ромки во Македонија“[1], изготвен во периодот ноември 2015-март 2016 од страна на здружението РОМА С.О.С., како и на двете консултативни средби со Х.Е.Р.А. и една со Хелсиншкиот комитет за човекови права последователно, една суштинска системска пречка која се однесува на овој проблема е одбивањето на жените Ромки при изборот на лекар, проследено со неформалната наплата на партиципација за гинеколошки услуги, кое не е во согласност со законските регулативи имплементирани од Фондот за Здравствено Осигурување и националните здравствени програми имплементирани од Министерството за здравство.

Со цел да се обезбедат докази за изнесените заклучоци и на таа основа да се иницира стратешка литигација, насочена кон поттикнување на судскиот систем за потврдување на нелегалните дејствија од страна на гинеколозите, како и дискриминацијата на жените Ромки, ќе бидат преземени следните пристапи и активности:

  1. Следење на состојбата во општините Прилеп и Битола (трета и четврта по големина ромски заедници во Република Македонија)
  • Подговтовка на 2 Извештаи за мапирање на гинеколошки установи (локација, контакт, регистрација/договори во рамките на ФЗО, број на регистрирани пациенти поделен поетничка припадност и т.н.),
  • Воспоставување на дата-база преку подготовка и дистрибуција на Информативен Повик со кој ќе се поканат жени кои се соочиле со неформална наплата или немаат регистриран гинеколог, да го пријават случајот (документацијата).
  1. Креирање на Локални Лидерски Групи на жени Ромки (жртви на нелегални активности)
  • Организирање на 6 работилници за зајакнување (права и обврски во пристапот до услуги) редоследно со 20 жени (3 по општина со по 10 жени идентификувани како носители на најсоодветни случаи) кои ќе ја преземат улогата на застапници на заедницата и подносители на Жалби до Фондот за здравствено осигурување, Народниот Правобранител, Управата за јавни риходи и Комисијата за заштита на правата на пациентите; да ги предизвикаат и стават во употреба правните средства во борбата против ваквата пракса, како и да станат „тест-пациенти“ во рамките на имплементацијата на Методологијата.
  1. Подготовка на наменска Методологија за тестирање на состојбата.
  • Ангажирање на експерт од Хелсиншки комитет за анализа на ситуацијата, идентификување на методите на работа и подготовка на Методологија за тестирање.

ЦРРЗ “Баирска Светлина” – Битола како локален соработник е вклучен при реализација на активностите во ромската заедница во општина Битола.


[1] http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/08/Reproductive-rights-Macedonia-EN.pdf