• Имплементација од: Хелсиншки Комитет – Македонија, а поддржан од Амбасада на Сојузна Република Германија во Скопје
  • Временска рамка: февруари – ноември, 2016
  • Локации: Прилеп

Проектот се реализира во партнерство со РОМА С.О.С. – Прилеп, Амбрела – Скопје, Даја – Куманово, Романо Авази – Тетово, Баирска Светлина – Битола и КХАМ – Делчево. Целта на проектот е набљудување, документирање и известување за прекршувања на човекови права и давање на бесплатна правна помош.

Потребата од проектот произлегува од слабата и нецелосна информираност за човековите права и слободи од страна на граѓаните, особено во погледот на дискирминација, говорот на омраза, како и надлежностите на институциите, особено во ромската заедница.

Преку проектот ќе се овозможи мониторинг на постапувањето на институциите, на системските пречки при остварување на основните човекови права, нивно документирање, како и информирање на ромската заедница за практикување на човековите права во општествените процеси и иснтитуции во државата.

РОМА С.О.С. во рамките на проектот, како проектни партнери, ја имаат следнава улога:

  • Давање на Бесплатна правна помош и документирање на случаи на дискриминација, говор и дела од омраза,
  • Организирање Средби со државни институции,
  • Подготвување на брошура, организирање јавни настани, учество во обуки,
  • Пишување на Квартални извештаи,
  • Набљудување и известување за прекршувања на човекови права,
  • Координација на проектните активности во Прилеп.