• Имплементација од: ХАБИТАТ Македонија, преку Делегацијата на Европската Унија во Македонија
  • Временска рамка: 15 декември 2015 – јули 2017
  • Локации: Прилеп, Скопје и Штип

Проектот има за цел промовирање на основните права за пристојно домување како право на сите граѓани, како и поттикнување на граѓанските иницијативи за подобрување на квалитетот на домувањето во ромските населби.

Ова право на соодветно домување е императив, не само како општествена цел сама по себе, туку и поради фактот дека добриот квалитет на домување влијае на многу други области на интеракцијата  на поединецот и семејството, како и вклученост во пошироката заедница во која тие живеат.

Исто како што доброто здравје и образование се аспекти кои го поддржуваат и унапредуваат  општеството, како што се покажа преку многу рецензирани трудови и извештаи, така и соодветното домување е важен фактор за благосостојбата на општеството во целина, а особено на малцинските етнички заедници во светот.

Секоја година во Буџетот на Република Македонија, одредени буџетски средства се наменети за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за вклучување на Ромите 2005-2015 и Стратегијата за Ромите во Република Македонија, т.е. за планираните активности и мерки во согласност со Акциониот план за домување на Ромите во Република Македонија

И покрај меѓународните и локални напори, Ромите остануваат најранлива и најобесправена етничка група во Македонија, која живее на периферијата на градовите низ целата земја, целосно одвоена од општата популација. Повеќето од овие населби обично немаат инфраструктура како што се водовод, канализација, асфалтирани патишта и поврзаност со електрична енергија. Ромските куќи се мали, планирани да им служат на елементарните потреби, со станбена површина помала од 5 м2 по член, за повеќе од 50% од семејствата.

Во изминатите години, преку помагањето на ромските семејства во подобрување на нивните услови за живеење, е утврдена потреба за поинклузивен и поширок пристап кон решавање на проблемот на супстандардно домување кај Ромите.

Проектот ќе го зајакне локалниот механизми за соработка и вмрежување; ќе мотивира учеството на Ромите во процесите на донесување на одлуки на локално ниво, во процесот на развој на заедницата, урбаниот развој и социјална инклузија.

РОМА С.О.С. во рамките на овој проект е партнер за општина Прилеп, каде што ќе се реализираат предвидените локални активности:

Активност 1.1. Воспоставување на локалните лидерски групи (3) во ромските заедници во определени градови, кои ќе се состојат од претставници на ромската заедница, граѓанското општество, приватниот и јавниот сектор. Главната улога на ЛЛГ е лобирање за имплементација на пристапот базиран на човекови права во рамките на локалниот урбан развој.

Активност 1.2. Обука за локален развој, со фокус на правата на домување, за ЛЛГ најмалку 3 обуки за: правата на домување и процесите на донесување одлуки за локален урбанистички развој на локално ниво; и зајакнување на лидерскиот став во решавање на прашањата поврзани со домувањето во заедницата.

Активност 1.3. Работилници со локалните власти и претставници од релевантни министерства кои имаат за цел унапредување на правата за домување кај Ромите и маргинализираните групи преку обезбедување на партиципативен и одржлив модел за урбан развој на приградските населби.

Активност 2.1. Подготовка на основни студии за станбени прашања и урбанизација во целните градови и идентификација на одредени слабости. Со овие студии ќе се утврдат одредени проблеми поврзани со домувањето, правото на домување и пристапот на локалните власти во однос на урбаниот развој во целните општини.

Активност 2.2. Партиципативна анализа на локалните и националните политики за домување и процесите на урбан развој. Најмалку шест работилници, (мин.2 по општина) со локалните власти и локалните лидерски групи ќе бидат организирани, со цел да се процени практичната примена на тековните политики за домување, со фокус на предизвиците и приоритетите за понатамошниот урбан развој.

Активност 2.3. Лобирање и застапување за подобрување на пристапот на социјално исклучените ромските заедници во процесите на донесување на одлуки на локално ниво. Преку серија на работилници и тркалезни маси (мин. два настани по општина) со релевантните чинители, како и заеднички состаноци со локалните власти, ќе се адресираат конкретни прашања поврзани со домувањето во сиромаштија и урбаниот развој.