709, 2015

Препораки до Македонија за прекршувањето на правата на Ромите

04.09.2015, Скопје                                                      

picture1Комитетот за елиминација на расна дискриминација на 11 и 12 Август 2015 година ја одржа 87-та сесија на која беше разгледуван и периодичниот извештај на Република Македонија за почитувањето и остварувањето на правата загарантирани со Конвенцијата за елиминација на сите форми на расна дискриминација, ратификувана од страна на Република Македонија.

Мрежата за заштита од дискриминација, заедно со здружението на граѓани Реактор […]

1507, 2015

“Хуманоста не познава разлики” – проект преку кој ќе се подобруваат ставовите на лекарите кон пациентите Роми

15.07.2016

DSC00397На координативна средба, партнерите го разгледуваа напредокот со активностите

Животот во сиромаштија, во изолирани и сегрегирани заедници, како и социјалните детерминанти за сиромаштија предизвикуваат голема социјална разлика помеѓу Ромите и не Ромите во сите области од секојдневниот живот.

Покрај тоа, истото е поткрепено и со стереотипи и предрасуди кои постојат во општеството генерално за Ромите, а особено забележителни се во областа на здравствената заштита.

Следниве изјави се забележани од страна на здравствените работници во случаи кога на Ромите не им се даваат здравствени услуги, а се […]

907, 2015

ЈАВНА ДИСКУСИЈА – Тема: “Поглед на детските бракови во ромската заедница“

09.07.2015, хотел Кристал Палас – Прилеп

javna_diskusija

Дискусијата беше дел од истоимениот проект кој ќе се имплементира до декември 2015 година, финансиски поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ-Скопје, а во партнерство со Центар за развој на ромската заедница “Баирска светлина” од Битола и Центар за регионални истаржувања и соработка “Студиорум” од Скопје.

Целта на дискусијата беше да се воспостави првична соработка со надлежните институции/установи/ромска заедница за прашањето на локално ниво, и притоа да се запознае јавноста со претстојното истражување односно подготовката на Студија на случај која ќе се користи како алатка за […]

2505, 2015

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ВО ПОЛЗА НА ГРАЃАНИТЕ ИЛИ “КОЗМЕТИЧКИ КОРЕКЦИИ” НА ПРАВИЛНИЦИТЕ ВО ПОЛЗА НА ДРЖАВАТА/БУЏЕТОТ

25.05.2015

prasalnik-zdravstvni-pravaПристапот до правото на здравствено осигурување

Постојаните измени и дополнувања на правилниците за начинот и постапката при остварување на правата на граѓаните придонесуваат кон создавање на континуирани пречки, па дури и во случаи кога се носат закони во нивна полза.

Пример – измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 01 декември 2014 со кои се отстрани образецот Изјава за остварени приходи во претходната година во постапката за пре-регистрација на здравственото осигурување за невработените и лицата со пониски приходи.

Утврдено – ФЗОМ по службена должност […]

2104, 2015

Годишен извештај на Мрежата за заштита од дискриминација

21.04.2015

mreza za diskriminacijaОвој извештај се однесува на работењето на Мрежата за заштита од дискриминација во изминатата 2014 година.

Извештајот има за цел да даде информација за остварувањето на заштитната функција на институциите надлежни за заштита од дискриминација, особено Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, преку презентација на начинот на кој е постапувано во однос на претставките што членките на МЗД ги доставија до овие институции во изминатата година, но и во претходните три години.

Извештајот може да го разгледате на овој линк […]

804, 2015

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

08.04.2015

08042015Денес е 8ми Април – Интернационален ден на Ромите на кој се промовира позицијата, културната, историската и традиционалната вредност на ромската популација ширум светот а се со цел да се намали етничката, образовната и социо-економската дискриминација.

Во контекст на истото, Владата на РМ во 2005 година ја усвои Стратегијата за Роми (2005-2015) како државен документ наменет за постигнување подобра вклученост на Ромите во општествените текови и за зголемување на можностите за подобар живот, а во исто време и Акциските планови од Декадата за вклучување на Ромите.

[…]

803, 2015

272 лица го одбележаа интернационалниот ден на жената – 8ми март

08.03.2016

podaj_rakaВо знакот на солидарноста под мотото „Ајде да се забавуваме и да помогнеме – од жени за жена!“

По повод 8ми Март беше организиран настан кој што имаше за цел хуманитарна помош на Магбуле Османовска – жена Ромка од  населбата Тризла 2 – Прилеп, мајка на осум деца кои живеат во супстандардни услови. Во целата реализација на хуманитарниот настан  беа вклучени вкупно 272 лица, од кои 252 беа жени Ромки како и тимовите од здружението РОМА С.О.С., оркестарот „Прилепски Звезди“ како и снимател и фотограф. Ресторанот Центар со […]

703, 2015

Соопштение по повод расистичките ставови кон „Циганите“

07.03.2015

Здружението РОМА С.О.С од Прилеп ја истакнува својата загриженост за последните изјави кои одекнаа во етерот во текот на вчерашниот ден, а се однесуваат на објавените телефонски разговори од „бомбата“ на опозицијата и ставот на донесувачите на одлуки и државни институции кон ромската заедница.

Иако вчера беше организирана прес конференција на која 12 здруженија (заедно со ЛИЛ Скопје, КХАМ Делчево, НРЦ Куманово, Х.Е.Р.А. Скопје, РРЦ Скопје, СОНЦЕ Тетово, ЕСЕ Скопје, Бела Кула Кичево, ЦДРИМ Скопје,  Баирска Светлина Битола и Здружение за правата на Ромите Штип) покажаа како ромските организации се залагаат за подобрување на состојбата на СИТЕ граѓани подеднакво, без да прават разлика по етничка и национална припадност, а со цел да се подобри одредена јавна политика поврзана со здравственото осигурување на најсиромашните граѓани [1], сепак на крајот на денот резултатот покажа дека сето тоа е „илузија“.

[…]