1505, 2017

КАКОВ БЕЛЕГ ЌЕ ОСТАВИМЕ? ТИ ИЗБИРАШ! – Јавна кампања во ромски заедници

15.05.2017

BANER za ROMA S.O.S.-NDIСо цел да се влијае на партиските изборни агенди во пресрет на локалните избори и да се приоритизираат потребите на ромските заедници, здружението РОМА С.О.С. со поддршка од Националниот Демократски Институт во периодот Јули-Ноември, 2016 реализираше 8 јавни трибини (Прилеп, Битола, Штип, Кочани, Велес, Карпош, Тетово и Кавадарци) за скенирање на реалните проблеми на заедницата.

Сумарно, заклучоците од трибините беа презентирани во Општински профили, по што следуваше реализирање на јавни собири за нивно презентирање пред политичките партии, ЕЛС и претпријатијата/институциите надлежни за решавање на клучните приоритети:

[…]

1105, 2017

Состојбата со домувањето на Ромите во општина Прилеп

11.05.2017, Прилеп

Nastan, 11.05.2017

………….

.

.

Денес се одржа настан за презентација на приоритетните проблеми од областа на домувањето во ромската населба „Тризла”, врз основа на спроведено истражување и широка консултација со сите релевантни страни.

Настанот се реализираше во партнерство помеѓу здружението РОМА С.О.С, Хабитат Македонија  и Национален Демократски Институт , а го проследија Градоначалник и претставници на локалната самоуправа, јавни претпријатија, здруженија, советници од различни политички партии, релевантни локални […]

1104, 2017

Годишно собрание на “Ромски Граѓански Парламент” – Прилеп и Битола

10-11 април 2017

godisno sobranieСо цел меѓусебно информирање за дејствијата превземени во текот на 2016 година, разгледување на напредокот и предизвиците при реализација на договорените активности, како и дефинирање на наредни чекори за остварување на поставените цели, се оддржа Годишно собрание на РГП – Прилеп и Битола во хотел Силекс-Охрид на 10 и 11 април 2017, на кое присуствуваа вкупно 35 членови.

Првиот ден беше резервиран за презентирање на Билтен бр.4 “ЛИДЕРСТВО – МОЖНОСТ И ЗАКАНА!” пред двете групи со цел овозможување широка дискусија и размена на мислења и […]

803, 2017

„Да не дозволиме децата да раѓаат и чуваат деца” – Интернационален ден на женскиот активизам

08.03.2017, Прилеп

24Во склоп на Кампањата за актуелизација на Детските бракови, поддржана од УНИЦЕФ, беше реализиран едукативен настан со цел дружење со жените Ромки и дискусија за меѓу-генерациската дискриминација. Истото е дефинирано како пречка за младите девојки соодветно да го разберат бракот и да донесат зрели одлуки кои ќе им овозможат соодветна интеграција во општеството.

Настанот се одржа во вечерните часови и во присуство на 150 девојки и жени од ромската заедница (мајки, свекрви, ќерки, снаи). Истиот се состоеше од два дела: предавање за причините и штетните последици од […]

1002, 2017

Позитивен пример за судска пракса: примена на Европската конвенција за заштита на човековите права во битолското судство

Соопштение, 10.02.2017: На родилка не и го дале починатото бебе да го погреба туку го отстраниле како медицински отпад – случај кој беше документиран поради повреда на правото на здравје односно повреда на личните права кај пациенти Роми во битолската болница. 

        Здружението РОМА С.О.С. Прилеп ја поздравува донесената пресуда на Апелациoниот суд Битола (ГЖ-881/16 од 30.08.2016) во случајот на А.Ј. и Е.Ќ. како позитивен пример од исклучителна важност за судската пракса, имајќи во предвид дека тужителите се повикаа на јуриспуденцијата на Европскиот суд за човекови права во Стразбург.

Во случајот станува збор […]

2201, 2017

НАРАТИВОТ за здравјето на Ромите: Навиките се менуваат доколку перцепцијата за проблемите се промени во релацијата пациент – здравствен работник!

22.01.2017
Picture1

Пристапот до здравствените услуги за Ромите може да се подобри преку промена на односот и квалитетот на меѓусебна комуникација во релацијата пациент – здравствен работник, и тоа со потенцирање на фактот дека двете страни се носители како на права така и на обврски.

Паралелно, промовирањето на бесплатните услуги кои Министерството за здравство ги предвидува со Превентивните и куративни програми, може да придонесе кон меѓусебно запознавање и вклучување во заеднички активности при што институциите во рамки на својата должност ќе ги спроведат и со тоа ќе го заштитат здравјето на семејствата односно лицата во ризик, а додека должноста на Ромите како ранлива категорија на население ќе биде актуелизирана во насока на унапредување и следење на сопственото здравје.

[…]

2101, 2017

СООПШТЕНИЕ: Говор на омраза во основното училиште ”Ѓорѓи Сугарев” во Битола

21.01.2017

16176894_1395206133832569_850566487_nНеформална група граѓани – претставници на ромската заедница од општина Битола, како и здруженијата на граѓани кои работат на застапување на правата на Ромите, ја искажуваат својата сериозна загриженост за нацртаните кукасти крстови и испишани графити “Смрт за Ѓупци” и “Умрете Ѓупци” на ѕидовите на ОУ “Ѓорѓи Сугарев” – Битола.

Имено, графитите биле забележани на ден 19.01.2017 година и истите упатуваат повик за насилство кон ромската етничка заедница односно претставуваат говор на омраза, а што е кривично дело согласно Кривичниот закон на Република Македонија.

Ваквите графити испишани на ѕидовите […]

1001, 2017

Сведоштва – нерешените граѓански статуси и слабата социо-економска состојба доведуваат до пречки при користење на правата од социјална и здравствена заштита

10.01.2017

Здружението на просветни работници и заштита на правата на жените и децата ЛИЛ – Скопје, во рамките на проектот “Мониторинг и документирање на прекршените права, мобилизација на заедницата за промени во здравствениот статус на Ромите, документира и објавува лични стории на Роми во поглед на пречките со кои се соочуваат при користење на правата од социјална и здравствена заштита.

РОМА С.О.С. за потребите од нивна промоција, ги објавува на следниот линк