1711, 2016

ОД ЉУБОВ ДО ГРУБА ПОВРЕДА НА ДЕТСКИТЕ ПРАВА

17.11.2016

14Завршна јавна дискусија: ДРЖАВНИОТ СОВЕТ  ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО поднесе предлог за  покренување на иницијатива за измена на Кривичниот законик на РМ до Министерство за правда, врз основа на препораките од Студијата на случај за детски бракови.

Двегодишната актуелизација и истражување за детските бракови од страна на здружението РОМА С.О.С. денес се презентираше во Прилеп, пред претставници од здравствени, социјални и образовни локални институции, Основен суд, ромска заедница, новинари, меѓународни, национални и локални организации.

Детските бракови се општествен феномен кој штетно влијае на животите на младите индивидуи. […]

2610, 2016

Повик за ангажирање на консултант

26.10.2016

slika-za-povikздружението РОМА С.О.С. – Прилеп, објавува

П О В И К 

за Подготовка на Основна Анализа за пречките во пристапот до парични права за деца од социјална заштита помеѓу ромските заедници во општините Прилеп, Битола, Штип, Куманово, Шуто Оризари и Ѓорче Петров

Проект:

“Зајакнување на ромските деца и семејства во оствраување на нивните права”

Преземете целосен Повик, на следниот линк

2010, 2016

„СИВАТА ЗОНА“ ПОМЕЃУ ТРАДИЦИЈАТА И ПРАВАТА НА ДЕЦАТА!

20.10.2016

Detski brakovi - MKКОЈ Е СТАВОТ ЗА ДЕТСКИТЕ БРАКОВИ ВО РАЗЛИЧНИТЕ ОПШТИНИ/ЗАЕДНИЦИ И ПОМЕЃУ НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ?

Склучувањето брак, како и живеењето во неформална заедница помеѓу и со лица под 18 години, како појава може да се забележи години наназад, при што директно се нарушува процесот на образование на малолетниците, се ограничуваат можностите за нивна општествена интеграција, се предизвикува опасност од здравствени нарушувања и се создава родова нееднаквост. Притоа се користат повеќе различни термини како: малолетнички бракови, рани бракови и.т.н., но бидејќи според Конвенцијата за правата на детето на […]

2208, 2016

Прв квартален извештај во рамките на проектот “Следење и известување за прекршувањата на правата на Ромите”, поддржан од Амбасада на Сојузна Република Германија во Скопје

22.08.2016

Проектот Следење и известување за прекршувањата на правата на Ромите, поддржан од Амбасада на Сојузна Република Германија во Скопје започна со имплементација на 1 февруари 2016 година, од страна на Хелсиншки комитет во пратнерство со РОМА С.О.С. – Прилеп, Амбрела – Скопје, Даја – Куманово, Романо Авази – Тетово, Баирска Светлина – Битола и КХАМ – Делчево.

Целта на проектот е набљудување, документирање и известување за прекршувања на човекови права и давање на бесплатна правна помош. Потребата од проектот произлегува од слаба и нецелосна информираност за човековите права и слободи од страна на граѓаните, особено во погледот […]

2403, 2016

“Ромскиот Граѓански Парламент” одржа втора средба на која утврди дека ќе се залага за остварување на колективните права на Ромите, ВО и НАДВОР од заедницата!

24.03.2016, Прилеп

DSC01564“Ромскиот Граѓански Парламент” (РГП)[1] беше информиран за прогресот при имплементација на проектот “Здравјето на Ромите – основно човеково право 6” за периодот од 24.12.2015 до 24.03.2016 година, ги дефинираше наредните чекори при застапување на случаите под сомневање за сторени лекарски грешки, и истовремено одговори на прашањето дали секој има право да прави што сака во заедницата.

За таа цел беше подготвен и разгледан Билтен бр.1 на тема Индивидуални наспроти колективни права, како и разгледани другите активности и состојби за кои здужението се залагаше во посочениот период.

[…]

1902, 2016

РЕАКЦИЈА – Загрижени за се поголемиот број на смртни случаи-родилки

19.02.2016

Здружението РОМА С.О.С. од Прилеп ја изразува својата сериозна загриженост за случајот на 21 годишната родилка Симона Блажеска која починала рано изутринава на Одделението за гинекологија и акушерство при Општа болница Прилеп, односно 12 часа по “успешно изведениот пораѓај” (околу 13.00 часот во текот на вчерашниот ден), а како резултат на обилно крварење.

Јавното Обвинителство постапило по службена должност и ќе се чекаат дополнителни информации по спроведување на обдукцијата.

Изразуваме жалење за загубата на семејството и апелираме до надлежните институции во најскоро време да ги утврдат точните причини за смртта, а притоа  да се […]

3012, 2015

“Хуманоста не познава разлики” – проект преку кој се подобруваат ставовите помеѓу лекарите и пациентите Роми

30.12.2015

poster - humanosta ne poznava razliki - mkМеѓусебните негативни ставови, одбивања и изолирани мислења создаваат повеќекратна дискриминација и/или пречки во комуникацијата помеѓу лекарите и пациентите Роми кои често пати се базирани на стереотипи и предрасуди, а кои директно влијаат на начинот на кој се реализира третманот и односот кон здравјето.

    Со цел да се истражат клучните фактори кои влијаат на таквата состојба, спроведено е формативно истражување во периодот февруари-јуни 2015 година од страна на здружението РОМА С.О.С од Прилеп во партнерство со три здруженија: ЛИЛ од Скопје, СОНЦЕ […]

2412, 2015

Здравјето на Ромите низ призмата на законите

24.12.2015, Прилеп

DSC01414И додека јавноста изминатиов период дебатира и бара одговорност за последните смртни случаеви помеѓу пациентите и семејствата кои претрпиле одедена штета како резултат на лекарска негрижа, никој не се осмели да ги спомене и пациентите Роми.

Затоа се прашуваме дали нивните човечки животи не се важни? Дали ова игнорирање на случаевите каде жртви или оштетени се Роми е уште една форма на општествена дискриминација?

Обидувајќи се да одговориме на наведените прашања, на денешната дискусија во Прилеп во присуство на 40 претставници од ромската заедница, ги донесовме следните заклучоци:

[…]