22.01.2017
Picture1

Пристапот до здравствените услуги за Ромите може да се подобри преку промена на односот и квалитетот на меѓусебна комуникација во релацијата пациент – здравствен работник, и тоа со потенцирање на фактот дека двете страни се носители како на права така и на обврски.

Паралелно, промовирањето на бесплатните услуги кои Министерството за здравство ги предвидува со Превентивните и куративни програми, може да придонесе кон меѓусебно запознавање и вклучување во заеднички активности при што институциите во рамки на својата должност ќе ги спроведат и со тоа ќе го заштитат здравјето на семејствата односно лицата во ризик, а додека должноста на Ромите како ранлива категорија на население ќе биде актуелизирана во насока на унапредување и следење на сопственото здравје.

Имајќи го во предвид наведеното, во периодот октомври-декември 2016 година се реализираа повеќе активности со различни целни групи и теми:

ПРИЛЕП:

  • 10.11.2016 – Акција за имунизација, во соработка во Службата за имунизација при ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп.

Преку овој настан беше нагласена обврската: ГРИЖАТА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА ДЕТЕТО Е ДОЛЖНОСТ НА РОДИТЕЛОТ, преку промоција и директна реализација на Програмата за задолжителна имунизација на населението во РМ.

Со оваа акција беа прегледани вкупно 17, а вакцинирани 10 деца на возраст 0-6 години.

               DSC00039   DSC00043   DSC00050   DSC00058   DSC00060

  • 15.11.2016 – Едукативна работилница на тема „Рана детекција на малигни заболувања и бесплатните услуги од Програмата на МЗ“, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп.

Со оваа работилница се испрати пораката: РАКОТ НА ДОЈКАТА И РАКОТ НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО СЕ МАЛИГНИ ЗАБОЛУВАЊА ЧИЕ РАНО ОТКРИВАЊЕ МОЖЕ ДА ЗНАЧИ ЖИВОТ! Оттука произлезе и беше нагласена обврската на секој пациент да се информира, а Центарот за јавно здравје да едуцира и вклучува во програмите за бесплатни прегледи. Со тоа се направи промоција на Програмата за рана детекција на малигни заболувања, со посебен акцент на бесплатните услуги за рано откривање на рак на дојка (мамографија) и рак на дебело црево (ФОБ тест).

На самата работилница, за 11 жени на возраст од 50 до 60 години кои пројавија интерес за бесплатна мамографија,  беа закажани термини од страна на Центарот. Прегледите се реализираа во текот на месец јануари.

                          DSC00083   DSC00086   DSC00089   DSC00090

  • 21.11.2016 и 01.12.2016 – Две едукативна работилница на тема „Планирање на семејство и употреба на контрацептивни средства – нивните импликации врз репродуктивното здравје на жената “, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје – Прилеп и Одделението за гинекологија и акушерство при ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“– Прилеп.

Со овие работилници, кои се одржаа поединечно со жени и мажи, се испрати пораката дека: БРОЈОТ НА ДЕЦА ОДНОСНО РАЃАЊА Е ИЗБОР НА СЕКОЈ БРАЧЕН ПАР, А НЕ СЛУЧАЈНОСТ!  Притоа, пред двете групи се посочи обврската на секој брачен пар да се информира за методите на планирање на семејство и грижи за своето репродуктивно здравје, а на Центарот за јавно здравје да ги организира и мотивира истите да се применуваат. Со оваа активност се направи промоција и директна реализација на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата во РМ.

Од работилниците произлезе интерес кај 7 жени за реализирање на бесплатни гинеколошки прегледи, а кај други 11 жени за поставување на интраутерино помагало – спирала. Гинеколошките прегледи, вклучително и подготвителните прегледи за поставување на спирала, започнаа со реализација во текот на декември. Во овој процес, значаен придонес имаа Одделението за гинекологија и акушерство при Општа болница – Прилеп кое овозможи бесплатни прегледи и земање гинеколошки брисеви за кандидатките, како и Центарот за јавно здравје кој изврши бесплатно испитување на брисевите. РОМА С.О.С. во овој дел, ја изврши набавката на спиралите, со цел на овие жени, кои припаѓаат на социјално ранлива категорија, да им се овозможи целосно бесплатно поставување на истите.

           15202641_1215892595132053_3484172568433549068_n  DSC00350  DSC00349  DSC00013  DSC00016

  • 20.12.2016 – Едукативна работилница на тема „Грижа за оралното здравје на децата – регистрирање и редовна посета на матичен стоматолог“, во соработка со Одделот за превентивна детска заштита при ЈЗУ Здравствен дом – Прилеп.

Со овој настан, која се одржа во присуство на родители и деца на училишна возраст кои не се редовно вклучени во образовен систем, се испрати пораката:  ЗА УБАВА ДЕТСКА НАСМЕВКА, ЗА БЕЛИ И ЗДРАВИ ЗАБИ, РЕДОВНО ТРЕБА ДА ГИ ГЛЕДА И ЛЕКУВА ЗАБОЛЕКАР-ОД МЛЕЧНИ ДО ТРАЈНИ! Преку неа, се истакна обврската на секој родител да му регистрира матичен стоматолог на своето дете и редовно да го носи на прегледи. Оваа активност се реализираше во насока на подигнување на стапката на регистрирани матични стоматолози, како и промовирање на Програмата за задолжителни систематски прегледи на ученици и студенти во РМ.

Од работилницата исто така произлезе интерес кај родителите на сите 20 деца кои беа присутни, за остварување на целосен систематски преглед на децата, кои досега таков преглед никогаш немале остварено поради нивното непосетување на училиште. Прегледите се реализираа во текот на месец јануари.

           DSC00621  DSC00619  DSC00611  16145153_1629946103976669_1120063787_o  16122063_1629946043976675_31237292_o

  • Октомври-декември, 2016 – остварени активности на директно и поединечно посредување во добивањето на одредени бесплатни здравствени услуги, што резултираше со:

– Остварени 20 бесплатни гинеколошки прегледи и ПАП тестови кај жени-Ромки во репродуктивен период, во согласност со Проектот за бесплатен гинеколошки преглед за жени од рурални подрачја и жени-Ромки;

– Реализирани 12 посети на бремени жени и родилки од страна на Поливалентна патронажна служба, во согласност со проектот Домашна визита;

 

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ И КАРПОШ

  • Ноември, 2016 – посредување при вакцинација на 10 деца од семејства-повратници од азил, и нивно враќање во системот за имунизација, а во согласност со Програмата за задолжителна имунизација на населението во РМ.
  • 24.11.2016 – Едукативна работилница на тема “Фолна киселина за бремени жени, правилна исхрана и имунизација кај децата“,со претставници од патронажната служба на Поликлиника Ѓорче Петров при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Со оваа работилница се нагласи обврската на жените-Ромки за регистрирање на матичен гинеколог и редовни контроли и посети особено во бременоста, а на патронажната служба за информирање и овозможување на пациентките користење на сите бенефити кои прегу програмите на МЗ се предвидени. Преку овој настан се направи промоција на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата и Програмата за партиципација при користење на здравствена заштита на одделни заболувања кај граѓаните и здравствена заштита на родилките и доенчињата, со посебен акцент на услугите за бесплатна фолна киселина за бремени, бесплатни прегледи кај матичен гинеколог и бесплатни лабараториски испитувања за бремени жени.

На самиот настан беа идентификувани 3 жени со ризични бремености, за кои директно ќе се посредува при добивање на здравствени услуги.

                          15542043_764755087009184_2703853574350370334_n   15590485_764755640342462_645668385868013588_n   15621706_764754897009203_2188943418726698319_n   15622395_764755600342466_1951867275840790416_n

  • 25.11.2016 – Едукативна работилница на тема „Важноста од регистрирање на матичен стоматолог и орално здравје“, во соработка со стоматолог од приватна здравствена установа.

Преку овој настан се нагласи обврската за регистрирање на матичен стоматолог кај децата и грижа за нивното орално здравје. На работилницата беше формирана група од деца на возраст од 4 до 9 години, со цел да се изврши посредување во пристапот до редовни стоматолошки услуги.

                           15578853_764779717006721_695165664425090443_n   15590269_764779383673421_3069655283281986168_n   15665928_764779710340055_8715894684963582574_n   15698342_764779417006751_4286585517779400908_n

  • 22.12.2016 – Едукативна работилница на тема „Важноста од избор на матичен општ лекар и важноста на познавање и запознавање на административните процедури во секундарната и терцијалната заштита“ во соработка со Поликлиника Ѓорче Петров при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Со оваа работилница се нагласи обврската за регистрирање на матичен општ лекар и следење на процедурите за добивање здравствена заштита на различни нивоа. Исто така, се направи промоција на Програмата за превенција на кардиоваскуларни болести и Програмата за рана детекција на малигни заболувања.

Преку оваа активност се идентификуваа 10 жени кои немаат регистрирано матичен општ лекар и истите беа упатени тоа веднаш да го сторат. 5 од нив регистрираа веќе до крајот на месец декември. Дополнително, беа идентификувани 5 жени заинтересирани за користење на услуги предвидени во  програмите.

                        15672896_764772287007464_4055636195135070483_n   15698031_764773080340718_3965718682528664997_n   15697257_764773010340725_284019229474018530_n   15698308_764772487007444_1057813743110766881_n

  • 23.12.2016 – Едукативна работилница на тема „Подобрување на здравствената состојба на лицата со душевни растројства“, во соработка со доктор-психјатар од Поликлиника Ѓорче Петров при ЈЗУ Здравствен дом – Скопје.

Преку оваа активност се испрати порака за обврската за грижа за своето психичко здравје и надминување на предрасудите кон истото. Исто така, се направи промоција на Програмата за здравствена заштита на лица со душевни растројства. Од самата активност се пројави интерес кај 5 лица за вклучување во бесплатните активности кои ги нуди програмата.

                                           15621598_764873686997324_5799905874397032512_n   15665639_764873766997316_1985672100049074138_n   15698260_764873443664015_1950827704267266417_n

Како резултат на сите дефинирани пораки и идентификувани клучни теми од интерес, подготвен е Календар за 2017 година наменет за дистрибуција во ромските заедници и помеѓу јавните здравствени установи, од двете општини.

КОЈА ПРОМЕНА Е ЗАБЕЛЕЖАНА?

→Превентивните и куративни програми на МЗ за 2016 година се сериозно промовирани во ромските заедници и притоа искористени предвидените бесплатни услуги. ЈЗУ се максимално инволвирани во разбирањето и имплементацијата на нивните обврски при реализација на програмите помеѓу ромските заедници, односно самите индивидуални интервјуа со здравствените работници покажаа дека во 2015 година здравствените установи немаа евиденција за тоа дали биле вклучени воопшто Роми во програмите од причина што недостасувала инцијатива за истото насочена кон ромската заедница, а самите Роми воопшто немале информација дека постои можност за бесплатни прегледи (мамографии, ПАП тестови, и сл.),

→Ставот на здравствените работници дека немањето финансиски средства и незаинтересираноста за редовна посета на лекар од страна на пациентите-Роми, а кој влијае сериозно на стереотипот и негативната перцепција околу нивната „негрижа за своето здравје“ или одење на лекар „во последен момент“, се менува преку соодветна и континуирана имплементација на овие програми односно почнува да се препознава како проблем од страна на здравствените работници во смисла на нивни недостаток во меѓусебната соработка и комуникација, како и непознавање на здравствените новитети, а што влијае на неможноста да Ромите ги користат предвидените услуги и со тоа да посветуваат повеќе внимание на своето здравје.

→Гинеколозите од Одделението за гинекологија и акушерство во Прилеп самоинцијативно побараа да одржат работилница со жените Ромки на тема контрацептивни средства и следствено на истото да продолжат со вршење на бесплатни прегледи како и апликација на интраутерина спирала кај жените кои ќе изразат желба за истото. Иако ова не е дел од надлежностите на оддлението, сепак почуствуваа обврска за истото при вршење на својата работа, следејќи ја состојбата со неконтролираните раѓања, посебно кај младите жени Ромки, а што често пати резултира и со смртност кај новороденчињата, како и честото барање за вршење на абортуси. Гинеколозите од одделението сметаа дека треба да придонесат кон надминување на овие проблеми, имајќи во предвид дека еден од најекономичните и најефикасните начини за помагање на брачните парови да ја контролираат многудетноста а со тоа да ја променат јавната перцепција во заедницата дека можат да одлучуваат за тоа кога ќе забременат односно дека “господ не ги дава децата или “не се забременува по случајност”. Дополнително се оддржа дополнителна дискусија и советување на нивните сопрузи на истата тема, а поведени од фактот дека жените се плашеа на првата средба да дадат согласност самостојно односно без дозвола на нивните сопрузи. Тоа што се забележа е дека гинеколозите беа повеќе од задоволни што им се отвори можност да дискутираат отворено и со жените а посебно со мажите на оваа тема, надвор од здравствената установа, бидејќи имаа поголема слобода за говор и размена на мислења, прашања и одговори за еден проблем кој тие тековно и со години наназад го забележуваат но освен преку кратки, стручни и конкретни совети за специфичната дијагноза која е забележана во моментот на прегледот, не успевале во поширока смисла да го разгледуваат проблемот и да влијаат на негово намалување. Мажите од Ромската заедница ја прифатија контрацепцијата како начин за заштита од неконтролирано раѓање со што и примената на интраутерина спирала ќе може да се реализира односно да се даде до знаење дека абортусот е неприфатлив во услови кога постојат заштитни мерки корисни за репродуктивното здравје на брачните партнери. Мажите Роми конечно сфатија и го променија својот негативен став кон контрацептивните средства односно дека нив нема ништо да им смета туку напротив финансиски ќе им намали трошоци кои жените ги прават при абортуси.

→Патронажната служба во Прилеп ја превзеде улогата во овој проект при посредување за користење на бесплатните ПАП-тестови со матичните гинеколози за регистрираните жени Ромки од наша страна, што укажа на нивната сериозно зајакната улога и подготвеност да се справат со предизвиците на пациентите во користењето на услугите односно исполнување на нивната обврска согласно Програмите и проектите на МЗ.


*Проектот се реализира во периодот август 2016-јули 2017 под наслов Хуманоста не познава разлика 2, финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија, а во партнерство со здружението ЛИЛ од Скопје.