12-13 октомври 2018, Букурешт

nj

Моќта на раскажување приказни (МнРП) е конференција изградена врз идејата дека добро разработените приказни ги поврзуваат луѓето, ги лекуваат раните, инспирираат, водат и создаваат промени. Ова е единствен од ваков вид настан во Источна Европа. Од 2011 година во Букурешт има донесено повеќе од 50 ѕвезди од сите полиња – од медиуми, уметност, до бизнис – за инспиративни разговори и обука.

Освен зголемувањето на енергијата и креативниот оптимизам, МнРП е шанса професионалци да ја совладаат употребата на раскажување приказни во новинарството, креативните индустрии, граѓанското општество и бизнисот.

Панелот “Промената што сакате да ја видите во светот започнува со вашата приказна”  одржан од Мареј Носел беше фокусирана на моќта да се користи личната приказна во спротивставување на непроменливсота на светот: со себе, дома со своето семејство, со своите пријатели, во својата компанија и пошироката заедница, при што привлече внимание на сопствената приказна за да покаже како раскажувањето приказни може да ги преработи наративите на загуба, тага и немоќ во извршување на лична и политичка трансформација. Со ова, тој ја претстави работата на програмата на ФОО “Промена на негативниот наратив за Ромите во здравствените установи”, давајќи им можност на 5 ромски активисти да ја споделат сопствената приказна: Јоан Петре, Несиме Салиоска, Акиф Кариман, Јоанида Костаче и Роксана Марин.

43878903_2097371666984137_9003915301271633920_o  44028122_2097371633650807_1055604799879249920_n   43951261_2097371803650790_157080822464118784_o