• Со поддршка од: Национален Демократски Институт – Скопје преку Национална Фондација за демократија (НЕД)
  • Временска рамка: Јуни 2016 – Март 2017
  • Локации: Прилеп, Битола, Штип, Кочани, Тетово, Велес, Карпош, Кавадарци

Главната цел е да се влијае на партиските изборни агенди во пресрет на локалните избори во 2017 година, да се направи скенирање на реалните потреби на заедницата доволно пред време, и одреден период пред да настапат со своја понуда политичките партии да се соберат и да им се презентираат реалните потреби и прашањата од интерес на ромската заедница како тие би ги вклучиле во своите изборни приоритети.

Преку организирање на јавни трибини со ромските заедници (Јули-Октомври 2016) ќе се дискутира за пречките со кои се соочуваат при остварување на правото на глас и можностите за влијание на промена на праксата на политичките партии во релација со потребите на Ромите.

Паралелно ќе се врши едукација за изборниот процес преку презентација на видео и дистрибуција на леток.[1]

Истото ќе резултира со дефинирање на потенцијални барања до политичките лидери, кои ќе се стават во Јавен документ (ноември-декември 2016) и презентирани на политичките партии непосредно пред почетокот на политичката кампања на завршни тркалезни маси (јануари-март 2017).


[1] http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2016/08/letok-za-pravoto-na-glas.pdf