45331507_2126517967402840_1804084773413453824_nСтереотипите вклучуваат фиксни, непроменливи и генерализирани карактеристики за припадниците на одделни групи. Гласините се ефикасно средство за комуникација на стереотипите. Стереотипите и гласините го намалуваат статусот и положбата на овие групи во општеството и го намалуваат просторот за соживот и позитивна интеракција.

Во периодот мај 2017 – октомври 2018, со поддршка на канцеларијата на ОБСЕ во Скопје, се реализираше кампања против најчестите гласини за различни целни групи (жртви на гласините) во Македонија. Кампањата имаше за цел да посее сомнеж и да предизвика размислување за различноста кај општата популација, како и да ги ангажира луѓето на ниво на емоции и чувства. Таа не беше само насочена кон гласините кои се распространети, туку имаше за цел да предизвика промени во изворите за стереотипите и гласините.

Клучната инфраструктура на кампањата ја сочинуваа мрежата од 6 организации од различни општини во Македонија (Прилеп, Битола, Кавадарци, Куманово и Скопје) кои ја водеа кампањата на локално ниво, како и против-гласини агенти  кои беа ангажирани од населението и беа главни комуникатори на пораките. Самата кампања против гласини беше насочена кон општата популација, како и специфичните групи во нејзини рамките.

Процесот на идентификација и анализа на гласините вклучуваше идентификување доминантни гласини во игра во општеството, што ги стимулира овие гласини, како овие гласини се оправдани, и степенот до кој овие гласини се усогласени со реалноста (вистинити). Тоа се направи со спроведување на анкета, фокус група и индивидуални интервјуа во секоја од општините. Главните идентификувани гласини во сите општини се однесуваа на лицата со попреченост, лицата од етничките заедница (Роми, Албанци), жените во политиката, младите.

Следно беше идентификувањето на локални партнери (јавни установи, органи на локалната самоуправа, граѓански организации и поединци) и градење на кампања против гласини.

Кампањата во општина Прилеп ја таргетираше гласината дека Ромите се бедни и питачи и дека не сакаат друго да работат и да придонесуваат во општеството. Вредностите кои кампањата имаше за цел да ги промовира беа: достоинство, интеграција и социјална кохезија. Алтернативниот наратив кој кампањата го понуди е: Ромите се одговорни кон општеството и заедницата во која живеат и можат да зборуваат за проблемите на пошироката заедница.

42608031_2076929369028367_7514328279747133440_nЗаради пренесување на овој алтернативен наратив беа обучени 35 против-гласини агенти, жени од ромската заедница кои ги научија техниките на јавно настапување и говорење, научија како да зборуваат за проблемите на својата заедница и дека нивниот глас е важен. Како резултат на оваа обука, а со цел помасовно пренесување на пораката „Сите сме гласот на заедницата“, подготвен беше промотивен материјал – подметачи за чаши.

Кампањата се заокружи со јавен настан – пријателска вечера на која пред преставници од локалните јавни установи, новинари и анти-гласини агенти беше презентиран промотивниот материјал и дискутиран алтернативниот наратив.