29694396_1912124045499587_7904550860421926482_n03.04.2018

Во периодот март-април, 2018 година, со поддршка на УНИЦЕФ, се реализираше информативна кампања во ромските заедници во Прилеп, Штип, Битола, Куманово, Ѓорче Петров и Шуто Оризари. За таа цел беше подготвена интерактивна театарска претстава “Патот е краток до детски додаток”, создадена да помогне родителите да ги надминат информативните бариери за пристап до паричните трансфери за деца.

Кампањата беше продолжение на истражувањето кое здружението РОМА С.О.С. го спроведе во текот на 2017 година во 6те општини, за искористеноста на социјалните бенефиции за деца и факторите кои го ограничуваат пристапот на ромската заедница и Основниот извештај кој прозлезе од него.  

29791777_1912124048832920_634004888616342858_nНа ден 03.04.2018 караванот „пристигна“ во Прилеп, каде повеќе од 100 Роми, заедно со претставници од Центарот за социјална работа, УНИЦЕФ и здружението РОМА С.О.С. ја проследија претставата и дискутираа за социјалните бенефиции за деца и пристапот до нив.

На присутните им беа поделени едукативни флаери и боенки.