15.05.2017

BANER za ROMA S.O.S.-NDIСо цел да се влијае на партиските изборни агенди во пресрет на локалните избори и да се приоритизираат потребите на ромските заедници, здружението РОМА С.О.С. со поддршка од Националниот Демократски Институт во периодот Јули-Ноември, 2016 реализираше 8 јавни трибини (Прилеп, Битола, Штип, Кочани, Велес, Карпош, Тетово и Кавадарци) за скенирање на реалните проблеми на заедницата.

Сумарно, заклучоците од трибините беа презентирани во Општински профили, по што следуваше реализирање на јавни собири за нивно презентирање пред политичките партии, ЕЛС и претпријатијата/институциите надлежни за решавање на клучните приоритети:

⇒ 19.04.2017 – Штип, со асистенција на Ерол Адемов – „Алармантно е што веќе 5 години околу 50 ромски семејства се бездомници односно живеат во различни напуштени и руинирани згради. Сеуште не е дефиниран начинот за решавање на нивниот станбен статус. Исто така, околу 50тина деца се надвор од образовен процес, а дел од нив сеуште питачат по улиците“.

Линк до ТВ прилог: https://www.youtube.com/watch?v=6uNNA5kicyU

⇒ 19.04.2017 – Кочани, со асистенција на Јалчн Неџипов – „Веќе 20 години околу 26 ромски семејства живеат во старата и руинирана касарна. Сеуште не е дефиниран начинот за решавање на нивниот станбен статус. Ромската населба не е урбанизирана, има неасфалтирани улици и проблеми со лагализација на домовите“.

Линк до ТВ прилог: https://www.youtube.com/watch?v=749t0nbQUBo

 21.04.2017 – Тетово, со асистенција на Акиф Кариман – „Лица без државјанство и лични документи, неасфалтирани патишта без поставенa атмосферска и канализациска мрежа, невработени млади образовани кадри – се трите клучни пречки за Ромите да се интегрираат и чувствуваат еднакво со останатите жители. Истите пречки веќе неколку години наназад се актуелизираат пред локалните донесувачи на одлуки, но сеуште не се надминати“.

Линк до ТВ прилог: https://www.youtube.com/watch?v=v2fosNKDf3k

 27.04.2017 – Карпош, со асистенција на Љатифа Шиковска – „Комбинираните надлежности на општина Карпош и град Скопје се пречка при дефинирање на потенцијалните решенија за Ромите од УЗ Злокуќани. Сепак, посебна потреба од поддршка имаат семејствата во „Зелениот појас” и тоа во пристапот до: електрична енергија, вода, лични документи, вработување, образование и домување“.

 11.05.2017 – Прилеп – „Заедничка заложба е потребна за да се овозможи: подобра општа слика за градот, подобро здравје за населението, еколошки подобра животна средина и побезбедна околина ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ“.

Повеќе за настанот: http://romasosprilep.org/domuvanjeto-na-romite-vo-prilep/

 12.05.2017 – Битола, со асистенција на Рамадан Рустемов – „Ромите прашаа зошто локалната власт, претпријатија и институции генерациски и децениски ги игнорираат нивните потреби?

Неурбанизирана населба, немање пристап до електрична и водоводна мрежа, диви депонии (посебно за Петочна вода), како и сегрегација во основното училиште “Ѓорѓи Сугарев” – беа клучните проблеми за кои се дискутираше.

Членовите на неформалната група од локални лидери именувана како “Ромски Граѓански Парламент” се покажаа и докажаа на дело дека се обединети и со заеднички став – тука се да придонесат за подобрување на состојбата на Ромите, но и да побараат одговорност од надлежните“.

Линк до ТВ прилог: https://m.youtube.com/watch?v=5Z3vVqhhKxs

Крајната цел од оваа кампања е вклучување на барањата на Ромите во програмите на политичките партии и идните локални власти коишто ќе бидат предмет на нивната работа и дејствување во новиот мандат.

 

*Повеќе за содржината на Општинските профили од 8те општини: http://romasosprilep.org/wp-content/uploads/2017/05/Javna-kampanja-vo-8-opstini-WEB.pdf