42617356_2076929942361643_9000985996136808448_nВо периодот август-септември 2018, се одржаа две дводневни обуки за жени-Ромки на тема Јавно настапување и говорење. Целта на овие обуки беше зајакнување на жените за нивно вклучување во „Ромскиот Граѓански Парламент“ а со тоа и надминување на стравот од јавен настап. Потребата од ваква активност произлезе од впечатокот дека жените немаат самодоверба да го искажат своето мислење пред јавноста и дека мажите се тие кои треба да зборуваат, односно да ги застапуваат интересите на заедницата. Оттука, овие обуки беа родово насочени и конципирани на начин кој ќе им покаже на жените дека тие имаат што да кажат и дека нивниот глас е важен. Обуките беа одржани од страна на две долгогодишни соработнички на здружението и искусни новинарки, Елизабета Филипоска и Гордана Цветаноска, двете соработнички во Радио Пела.   

Преку овие две обуки (Охрид, 26-27 август и Струга 25-26 септември) се вклучија вкупно 45 жени-Ромки од Прилеп на возраст од 18 до 55 години. Обуките се водеа под мотото „Сите сме гласот на заедницата“, а за да се постигне тоа беа релизирани 5 сесии на тема: Кодекс на однесување, Кодекс на облекување, невербална комуникација, градење меѓусебна доверба и дефинирање став по одредено прашање.

Иако на почеток по малку скептични и исплашени жените научија дека јавното говорење не значи ништо друго освен пренесување на информација. Заклочокот од овие обуки беше дека секој може јавно да говори доколку говорот е проследен со самодоверба, подготвеност, искажување на силен аргумент и е во насока на постигнување на посакуваната цел.

          40230720_2041614299226541_5620872057311985664_n  40321205_2041613272559977_6334852023141269504_n  42590549_2076929709028333_2022827324654747648_n