Сите имаме одговорност да помогнеме на оние на кои им е најпотребно!

08.03.2018IMG_0124

По повод Интернационалниот ден на жената, се организираше хуманитарна забава со цел собирање средства за помош на сиромашните семејства од ромската заедница и децата од улица, евидентирани во здружението РОМА С.О.С. Забавата се одржа во ресторан Ла Каса Гранде во Прилеп, во присуство на 450 жени Ромки, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и претседателот на Советот Миле Талевски.

Градоначалникот Илија Јовановски изјави дека организирањето на настан со хуманитарен карактер заслужува да биде забележан, бидејќи од една страна значи помош за оние на кои им е неопходна, а од друга, покажување пример кој треба да го следат и други здруженија и организации. Тој истакна дека Општина Прилеп се залага за своите граѓани, за децата од улица, па во таа насока изјави дека ја поддржуваат хуманитарната акција преку донирање на ваучер од 20.000 денари.

eeeeИзвршната директорка на РОМА С.О.С. Несиме Салиоска, изјави дека е големо задоволството да се види хуманитарниот гест на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, кои со донирањето финансиски средства ќе овозможат да се зголеми бројот на деца, кои ќе бидат опфатени со хуманитарната акција. „Сиромаштијата сите нѐ засега, меѓутоа не сме сите исто сиромашни. Затоа нашата идеја со организирањето на оваа хуманитарна забава, е тие кои што имаат повеќе, да им дадат на тие кои што имаат помалку. На тој начин ќе ја постигнеме онаа еднаквост за која сите ние се залагаме. Жените карактерно се солидарни и хуманитарни и затоа не случајно го избравме 8 март, за да покажеме колку многу жените сакаат да помагаат“, изјави Несиме Салиоска.

pppПоследователно, на ден 12.03.2018 година на 40 деца од најсиромашните ромски семејства во Прилеп им беа доделени патики, тренерки и пакет со хигиенски средства, благодарение на хуманитарната забава и заложбата на самите Роми – активисти:

  • 40 000 денари од влезници на жените,
  • 20 000 денари од Општина Прилеп
  • 10 000 денари од РОМА С.О.С.

 

Mедиумски прилози:

https://www.youtube.com/watch?v=iPMkOiEkLgo

https://sitel.com.mk/so-pitachenje-do-korka-leb-nema-reshenie-za-decata-prinudeni-da-pitachat