30.12.2015

poster - humanosta ne poznava razliki - mkМеѓусебните негативни ставови, одбивања и изолирани мислења создаваат повеќекратна дискриминација и/или пречки во комуникацијата помеѓу лекарите и пациентите Роми кои често пати се базирани на стереотипи и предрасуди, а кои директно влијаат на начинот на кој се реализира третманот и односот кон здравјето.

    Со цел да се истражат клучните фактори кои влијаат на таквата состојба, спроведено е формативно истражување во периодот февруари-јуни 2015 година од страна на здружението РОМА С.О.С од Прилеп во партнерство со три здруженија: ЛИЛ од Скопје, СОНЦЕ од Тетово и РОМАНО АВАЗИ од Скопје. Притоа беа опфатени здравствените работници од примарна здравствена заштита, кои ја претставуваат почетната фаза при барањето/давањето здравствени услуги (стоматолози, гинеколози и општи лекари) во општините Прилеп, Карпош- Ѓорче Петров, Чаир, Тетово, како и ромските заедници Тризла 2, Злокуќани и Даме Груев, Топаана и Поток.

За потребите на истражувањето беа спроведени:

  • 48 пре-тестови со лекари,
  • 22 длабинско интервју со лекари,
  • 8 фокус групи во ромските заедници на кои присуствуваа вкупно 96 Роми,
  • 10 приказни од лично искуство на пациенти Роми се документираа за нивниот третман во здравствените установи.

а резултираше со следните клучни наоди:

  • Лошите услови за живеење кај Ромите допринесуваат за ниско ниво на хигиена и неуреден изглед,
  • Недостатокот на финансиски средства кај Ромите допринесува за нередовни прегледи и барање на лекарска помош во крајна фаза на болеста,
  • Недостатокот на лична документација кај Ромите допринесува за ненавремено следење на административите процедури и несоодветно користење на препишаната терапија како и услугите од секундарна здравствена заштита,
  • Ниското ниво на здравствена едукација кај Ромите допринесува за непрактикување на превентивните мерки во зачувување на здравјето, со посебен фокус на оралното здравје,
  • Здравствените работници посветуваат помалку внимание кон пациентите Роми заради ниското ниво на хигиена,
  • Здравствените работници немаат доверба кон Ромите пациенти и притоа се однесуваат инфериорно кон поплаките дека не се во можност финансиски да ги покријат натамошните здравствени услуги и терапии,
  • Предрасудите кон пациентите Роми се повидливи и посериозни во секундарната здравствена заштита заради посложените административни процедури и протоколи кои треба да ги следат, како и прецепцијата на здравствените работници дека не се одговорни при доставување на соодветна документација,
  • Медицинските сестри имаат понегативни ставови за пациентите Роми од самите лекари заради нивната задача да воспоставуваат ред и дисциплина во амбулантите и впечатокот дека се гласни и присутни во голем број,
  • Здравствените работници не се запознати со културата на Ромите, меѓутоа тие што имаат работно искуство или поголем број на пациенти Роми во типично ромски средини се повеќе сензитивизирани за работа со Ромите, без негативни перцепции за нив,
  • Здравствените работици не ја регистрираат етничката припадност на Ромите и сметаат дека сегрегираното собирање на податоци само за одредени етнички групи, претставуа дискриминација кон останатите етнички групи,
  • Со оглед на културните вредности и начинот на живот, Ромите на преглед одат во поголема група со повеќе членови на семејството, но ги почитуваат правилата во здравствените установи,
  • Здравствените работници се согласни дека Ромите живеат во изолирани средини во еден дел од градот, но тоа е од практичен аспект бидејќи нивните роднини се во близина, имаат околина на познати околу себе и се чувствуаат сигурно во својата средина,
  • Општ став е и на здравствените работници и на Ромите, дека медиумите промовираат негативна слика за Ромите, особено кога се истакнува сирамаштијата и питачењето, а често се злоупотребуваат децата во овие прилози.

    Во периодот септември – декември 2015 преку преземање на креативни и иновативни теренски активности, здруженијата имаа за цел да создадат услови за меѓусебна интеракција и едукација која би влијаелa на поефикасен пристап на Ромите до здравствени услуги, истовремено почитувајќи ги различностите и правата, како и потребата од активно учество во здравствениот систем кој треба да биде отворен за сите.

  1. Форум на заедницата

Форум во заедницата се формираше во четирите општини посебно во кој беа вклучени по 10 Роми од различни делови, а кои најконкретно успеваа да ги артикулираат потребите и пречките за време на фокус групите.

Преку оваа активност се придонесе кон целосен опфат на населението со информации за целта и активностите на проектот. Вклучените лица преку оддржување на три месечни координативни средби дискутираа за резултатите од истражувањето, ги пренесуваа информациите во заедницата, дефинираа активности во насока на надминување на клучните наоди и учествуваа директно во реализација на теренските акции превземајќи различни улоги и задачи.

6 16 14 13 12 11 10

  1. Подготовка на постер

Со цел на сликовит начин да биде прикажана целта на проектот, клучните наоди и на тој начин да се даде поголема видливост, јавна промоција и признание за состојбата, беше подготвен Постер кој ја нагласува хуманоста на здравствената дејност и потребата од еднаков третман на пациентите без разлика на изгледот, облеката и начинот на живот.

Моделот беше жена Ромка од општина Прилеп која беше активно вклучена во истражувачките активности и Форумот на заедницата, а постерот беше дистрибуиран во ромските заедници и во здравствените установи како повик за меѓусебна почит и разбирање.

  1. Креирани и реализирани Локални Акциони Планови во рамките на три општини во согласност со локалните наоди и контекст
  • Прилеп: врз основа на заклучокот дека одржувањето на хигиената кај ромската заедница е фактор кој влијае во најголем дел на односот со здравствените работници и истото е директно поврзано со условите за живеење на Ромите, беше инцирана акција за поставување на водоводна мрежа за пристап до чиста вода за пиење и оддржување на лична хигина во две населни места кои кои не се дел од Урбанистичкиот план на општина Прилеп, Три Багреми и Дебарца, а каде се населени повеќе од 200 семејства.

Поддршка од ЈП Водовод и канализација и Локална самоуправа беше добиена во форма на материјален придонес односно инвестиција во поставување на одвод и довод во двете населби, набавка на чешми и славини, набавка на црево и ангажирање на работна сила, а истото заврши со ѕидање на улично корито и чешма од страна на здружението РОМА С.О.С. која практично ќе им помогне на жителите во пристапот до вода и одржување на хигиената.

Официјално пуштање во употреба под мотото “Хигиената е половина здравје” беше организирано на ден 02.12.2015 година – отворен настан кој  исто така беше поддржан од д-р стоматолог Дафина Богеска која паралелно оддржа Час по хигиена на присутните. Потребата за предавањето беше од причина што оралното здравје е идентификувана област за која најмалку се знае и се обрнува внимание, а исто така е директно поврзано со одржувањето на хигиена. Д-р Дафина практично демонстрираше правилно миење на заби, а на присутните деца им беа доделени пасти и четки за заби со цел да стекнат навика во нивно користење.

24 25 27 30 32 33 35 37 38 40

  • Карпош-Ѓорче Петров: врз основа на заклучокот дека превентивните мерки за зачување на здравјето не се практикуваат од Ромите пациенти со што се придонесува за не-навремено откривање на одредени болести и често резултира со појава на хронични болести како што се дијабетисот и хипертензијата, дека грижата за репродуктивното здравје кај жените е запоставена а на оралното здравје не се посветува внимание, се иницираше акција за создавање услови за меѓусебна едукација на матичните лекари и пациентите Роми и нивна поголема интеракција која би допринела за зголемување на нивната доверба и надминување на споменатата состојба.

На ден 17.11.2015 во просториите во месната заедница Даме Груев, беше одржана Мини Конференцијата со наслов “ Подобро да се спречи, отколку да се лечи”, а присустите лица кои беа идентификувани како критични во соработка со матичните лекари по конкретните области, беа поделени во три работни групи на кои општ лекар Др. Емил Петровски, гинеколог Д-р Бојан Митаноски и стоматолог Д-р Милосав Марковиќ одржаа предавања на темите: “Превенција од дијабетис и хипертензија, “Репродуктивно здравје“ и  “Орално детско здравје “.

Придонес при организирање на настанот беше даден и од Локалната Самоуправа – Ѓорче Петров која се вклучи со обезбедување бесплатен простор и освежување за присутните.

Употребата на апарати за мерење притисок и шеќер, паста и четка за заби, како и контрацептивни средства, како превентивна мерка за зачувување на здравјето им беа презентирани на пациентите Роми/ки од страна на лекарите, кои по завршување на предавањето им беа доделни за користење во домашни услови.

  • Чаир-Топаана: врз основа на заклучокот дека Ромите имаат ниско ниво на здравствена култура која допринесува за непрактикување на превентивни мерки при зачувување на здравјето, а притоа редовната физичка активност и спортување ги намалуваат ризиците од кардиоваскуларни и други хронични заболувања, беше иницирана акција за реконструкција на спортско игралиште во населбата Топаана со цел да се промовира навика и услови за практикување на физичка активност кај ромската заедница.

17 18 19 20 21 22

12431458_1202422719786077_1129465644_n 12434534_1202403116454704_1635028003_n 12436032_1202403219788027_807186066_n 12459829_1202429973118685_424852504_n

Поддршка и придонес за акцијата беше дадена и од општина Чаир и тоа конкретно во однос на чистење на теренот, набавка на рефлектори, клупи и корпи за ѓубре.

На ден 28.12.2015 се организираше настанот под мотото “Во здраво тело, здрав дух” на кој официјално беше пуштено во употреба игралиштето, а значењето на физичката активност и спортувањето беше потенцирано преку предавањето на д-р Катерина Димитриеска, лекар по општа медицина и Др. Мирела Омеровиќ, стоматолог, по што следуваше натпревар во мал фудбал помеѓу членовите на Форумот.

  1. Организирање на Пријателски Вечери помеѓу здравствените работници и ромската заедница

Лекарите вклучени во истражувањето и членовите на Форумот во заедницата на заедничка средба на ден 29.12.2015 ги продискутираа клучните наоди од истражувањето. Истовремено заради фактот што средбата се реализираше во пријателска атмосфера, се создадоа услови за нивно подобро запознавање како личности кои припаѓаат на различна националност со свои обичаи, традиција и култура.

Притоа се разгледaa потенцијални идни можности/активности за надминување на стереотипите и предрасудите, како и се предложија генерални насоки за приближување на лекарите со пациентите Роми. Активноста истовремено се организираше од страна на сите четири здруженија во своите општини.

635870691397237844 635870691462398211 DSC01489 DSC01500 DSC01508 DSC01515 DSC08416 DSC08422 IMG_3085 IMG_3086

* Проектот е поддржан од ФООМ преку Media and Health Програмата од Њујорк (ИОО) а се реализираше во перидот од јануари до декември 2015.