• Со поддршка од: Фондација Отворено Општетство – Македонија
  • Временска рамка: август 2016 – јули 2017
  • Локации: Прилеп и Скопје (Ѓорче Петров)

Меѓусебните негативни ставови, одбивања и изолирани мислења создаваат повеќекратна дискриминација и/или пречки во комуникацијата помеѓу лекарите и пациентите Роми кои често пати се базирани на стереотипи и предрасуди, а кои директно влијаат на начинот на кој се реализира третманот и односот кон здравјето. Проектот се реализира во партнерство со здружение ЛИЛ – Скопје втора година[1] по ред и вклучува активности  кои  имаат за цел подобрување на односот и квалитетот на меѓусебна комуникација помеѓу здравствените работници и пациентите Роми, преку потенцирање на фактот дека се носители на права како и на обврски како начин за промена на негативните ставови и перцепции кои влијаат на пристапот до здравствените услуги и користењето на државните здравствени придобивки.

Активностите ќе се реализираат во две насоки:

*Јавен пристап кој ќе вклучува организирање на јавни настани и делење на промотивни материјали

  • Јавни настани – да се истакне важноста од регистрација на лекар кај Ромите: дебати, дискусии и работилници за правата и обврските поврзани со регистрацијата на матични лекари, што ќе го зголеми нивото на разбирање на страната на Ромите дека тие првично мора да имаат регистриран матичен стоматолог,општ лекар и гинеколог (за жените) како нивна обврска, за потоа да можат да пристапат до бесплатните услуги како нивно право. Настаните ќе бидат организирани во ромските заедници, а презентерите и говорниците ќе бидат здравствени работници од примарните здравствени установи. Ова ќе биде можност исто така и за запознавање на здравствените работници со ромските заедници, како и за директна комуникација и дискусија помеѓу двете страни за пречките во остварувањето на правата и обврските.
  • Промотивни материјали – да се даде инструкции за начинот на регистрација и други поврзани работи од интерес: специфична содржина која што ќе ги истакнува чекорите за регистрација/промена на матичен доктор и ќе ја зајакне потребата за чување на на соодветната лична и медицинска документација, како и упатство за типот на бесплатни услуги кои може да се добијат од различни доктори.

 

*Насочен пристап кој ќе вклучува организирање на пријателски вечери помеѓу лекарите и пациентите Роми и активности за промовирање на Превентивните и куративни мерки на Министерството за здравство.

  • Пријателски вечери – да се обезбедат можности за меѓусебна комуникација: здружување на докторите и пациентите на иста маса, каде ќе можат да ги споделат своите проблеми, дилеми и искуства и да дискутираат за потенцијалните компромиси и решенија за најразлични состојби. Да се создадат услови во кои докторите и пациентите ќе се чувствуваат еднакви со тоа што сите ќе седат заедно и никој нема да биде во подредена или зависна положба, туку напротив сите ќе бидат луѓе со иста цел и потреба – да бидат третирани со почит;
  • Промовирање на превентивните и куративните програми – да се асистира на двете стртани во споделувањето на информации и соработка во обезбедувањето/користеењето на бесплатните услуги кои ги нуди државата: назначување на едно лице од секоја организација кое константно ќе го следи развојот и имплементацијата на Превентивните и куративните програми на Министерството за здравство, ќе ги издвои најважните од нив кои ги покриваат специфичните потреби на ромската заедница во соодветната општина, ќе организира презентации и ќе дели промотивен материјал за програмите и бенефитот на пациентите од нивната реализација, ќе комуницира со здравствените работници од соодветните здравствени институции и ќе се осигура дека пациентите Роми се вклучени во активностите на реализација на овие програми.

 


[1] http://romasosprilep.org/humanosta-ne-poznava-razliki-proekt/