10-11 април 2017

godisno sobranieСо цел меѓусебно информирање за дејствијата превземени во текот на 2016 година, разгледување на напредокот и предизвиците при реализација на договорените активности, како и дефинирање на наредни чекори за остварување на поставените цели, се оддржа Годишно собрание на РГП – Прилеп и Битола во хотел Силекс-Охрид на 10 и 11 април 2017, на кое присуствуваа вкупно 35 членови.

Првиот ден беше резервиран за презентирање на Билтен бр.4 “ЛИДЕРСТВО – МОЖНОСТ И ЗАКАНА!” пред двете групи со цел овозможување широка дискусија и размена на мислења и искуства.

Вториот ден беше посветен на работа со секоја група поединечно, а со цел подготовка на методи за работа во текот на 2017 година како и избор на лица со конкретни улоги/обврски за општините во кои функционираат.

.

Следните заклучоци беа донесени:

1. Потребно е ревидирање на членството и прецизирање на поконкретни обврски и задачи за сите, како и отворање на дискусиите пошироко пред ромската заедница.
2. Потребно е организирање на Јавни собири за презентација на приоритетните проблеми и барањата пред локалните директни и индиректни донесувачи на одлуки.

.

Годишното собрание беше заокружено со дефинирање на следните пораки:

  • Заложбата за промена во ромските средини е за доброто на сите жители – затоа е потребно времето на СИТЕ (без разлика на личните желби, чувства и интереси).
  •  ЛИДЕРСТВО значи “да даваш” на својата заедница, а не “да земаш”!
  • За “подобро утре” потребно е меѓусебно трпение, искреност, доверба, а најбитно од се е да постои солидарност и доследно почитување на договорените улоги/задачи.

.

»Слики од средбата

…………………………………………………………………………………………………………………………………Преземи Билтен бр.4