Ноември, 2015

Заложбите на здружението РОМА С.О.С. од Прилеп во соработка со здруженија [1] од 10 општини низ Македонија, во периодот 2013 – 2015 година, резултираа со воведени измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (ЗПЗСО) во декември 2014 и дополнувања на Законот за здравствено осигрување (ЗЗО) во јуни 2015.

Законските измени и дополнувања придонесоа за поедноставување на постапката при остварување на правото на здравствено осигурување за невработените и лицата со пониски приходи (категорија по основ на осигурување во ФЗОМ), а со тоа се обезбеди континуитет во уживање на правото и непречено лекување за најранливите осигуреници.

  1. Измени на ЗПЗСО во декември 2014

Во периодот 2011-2014 година сите невработени лица и лица со пониски примања за да може да го продолжат правото имаа обврска во период февруари-март да прават пре-регистрација во ФЗОМ преку поднесување на Изјава за остварени приходи (образец) со која потврдуваа дека немаат приходи повисоки од 96.600 денари во претходната година – услов за користење на правото на товар на Буџетот на РМ. [2]

Со воведените измени се укина постапката за пре-регистрација односно обврската на осигурениците да поднесуваат Изјава за остварени приходи, а ФЗОМ во соработка со УЈП од 2015 година по службена должност го проверува износот на приходите за секој осигуреник и им доставува Решенија за продолжување на правото на домашна адреса со што по автоматизам им продолжува правото.

Но, на лицата кои во 2014 година имаат приходи повисоки од 105.600 денари [3], по проверката во УЈП, од 01 септември 2015 ФЗОМ ќе им доставува Решенија за прекин на правото. Овие лица ќе треба да го променат основот на осигурување согласно висината на утврдените приходи и тоа преку поднесување на нова документација.

Бидејќи доставата на Решенијата се одвива бавно, а кај некои осигуреници адресите се различни во лична карта и фактичко место на живеење, апелираме секој осигуреник под оваа категорија да го провери статусот на здравствено осигурување на веб страната на ФЗОМ “моеосигурување” и на тој начин навремено да интервенира и да превенира прекин односно плаќање приватни цени за користење на здравствени услуги.

  1. Дополнување на ЗЗО во јуни 2015

Осигурениците кои поднесоа Изјава за остварени приходи во постапката за пре-регистрација во период 2011-2014 година станаа потенцијали криминалци во државата, бидејќи ФЗОМ во случаите каде имаше утврдено дека имале повисок приход од прикажаниот, им поднесе Кривични пријави за лажно дадена Изјава, а Основните судови кај дел од нив донесоа Пресуди со кои ги прогласија за виновни. [4]

Со дополнувањата сите постапки по пријавите на ФЗОМ како и кривичните постапки пред основните судови се запреа. Притоа осудените лица имаат право да бараат бришење на казната од казнена евиденција доколку веќе имаат добиено Пресуда од Основен суд. Доста важно е да се знае дека се запрени и постапките по барањата за надомест на штета за користените здравствени услуги.

Бидејќи овие постапки се водеа без знаење, апелираме до осигурениците да се упатат до ФЗОМ и да проверат лично дали против нив е поднесена пријава или има донесено Пресуда, а по потврда на информацијата да побараат бришење на казната односно да се обратат до здруженијата за дополнителни информации и помош.

Исто така апелираме до Министерството за правда во најскоро време да донесе Упатство за постапката по која треба да се превземат дејствијата за бришење на казната од казнена евиденција, а за што предвидените законски рокови веќе неколку месеци се пречекорени.

Со цел да се информираат граѓаните за настаните промени како и за достапната асистенција од страна на здруженијата, се организираат трибини во ромските заедници на тема „Проверката на здравственото осигурување може да ви обезбеди непречено лекување“ и тоа по следниот редослед:

[/fusion_text]
Здружение Општина Време Медиум
Бела Кула
ул. Струшка бр. 31
тел. 076 773 963
Кичево 9 ноември
 ТВ Ускана
СОНЦЕ
ул. Илирија бр. 39/14
тел. 044 352 390
Тетово 16 ноември
 ТВ Kiss
Баирска Светлина
ул. Јорго Костовски бб
тел. 047 241 694
Битола 18 ноември
 ТВ Орбис
КХАМ
ул. Маршал Тито бб
тел. 033 413 695
Делчево 19 ноември
 ТВ Стар
 ТВ Сител
ЛИЛ
ул. Никола Островски бр. 2
(Месна заедница Даме Груев)
тел. 02 6134 076
Ѓорче Петров 23 ноември
 МТВ2/Бијандипе
1. ЦДРИМ
ул. Виничка бр.10
тел. 02 2652 5912. Х.Е.Р.А.
ул. Дебарца бр.56/4
тел. 02 3290 395
Младински центар
Сакам да знам
тел. 02 2651 955
Шуто Оризари 24 ноември
 ТВ 24 Vakti
 ТВ Sutel

Превземи Флаер

Превземи Леток

 


 [1] КХАМ Делчево, ЛИЛ Скопје, Бела Кула Кичево, Х.Е.Р.А Скопје, ЦДРИМ Скопје, Национален Ромски центар Куманово, Баирска Светлина Битола, СОНЦЕ Тетово, ЕСЕ Скопје, РРЦ – Скопје и Здружение за правата на Ромите – Штип. Активностите се спроведуваат во рамките на проектот Здравјето на Ромите – основно човеково право, финансиски поддржан од Фондација Отворено Општество Македонија, а со техничка поддршка од Национален Демократски Институт – Македонија.

[2] Лицата кои го пропуштаа рокот за поднесување на Изјава за остварени приходи се соочуваа до прекин на правото на здравствено осигурување, односно секоја година  по околу 107.502 осигуреници или  50% од вкупниот број на осигуреници кои имаа ваква обврска.

[3] Бидејќи висината на минималната плата во РМ се зголеми во 2015 година, настана промена и на лимитот на остварени приходите за осигурениците на ФЗОМ кои го остваруваат правото на товар на Буџетот на РМ.

[4] Кривични пријави од ФЗОМ беа поднесени против 6 760 осигуреници, а од нив за 1 804 беа донесени Пресуди според одговорите на 20 Основни јавни обвинителства по наши поднесени барања за информации од јавен карактер во февруари 2015 година ( а кои се однесуваат на периодот 2011-2013 година).