1.1. МППС е сојуз на  здруженија на граѓани и  поединци кои се здружени со цел промивирање на социјалната еднаквост и правда, партиципативната демократија и граѓанската солидарност. Сите членки на МППС ја делат визијата за Република Македонија како општество на благосостојба, остварена родова еднаквост и целосно воспоставен систем на демократско и одговорно владеење. За таа цел, платформата настојува да иницира јавни дебати поврзани со овие прашања и се стреми да го зајакне граѓанскиот сектор кој делува на овие полиња преку вмрежување со други европски и меѓународни сојузи и мрежи кои ги делат истите или слични вредности.

РОМА С.О.С. членува во Платформата од 2012 година, преку учество на средби, комуникација по маил и реализација на краткорочни инцијативи и истражувања.

1.2. МЗД беше воспоставена во декември 2010 и е сочинета од следните организации: Фондација отворено општество – Македонија; Асоцијација за здравствена едукација и истражување (ХЕРА); ХОПС – Опции за здрав живот; Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на Република Македонија (ЕСЕ); РОМА С.О.С. и Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“.

МЗД има неформален карактер и е насочена кон развивање на стратешко застапување во случаи на дискриминација преку поднесување предмети пред Комисија за Заштита од Дискриминација (КЗД), јавното обвинителство и пред домашните и меѓународните судови.

Развојот на домашната практика е поттикната преку
обезбедување бесплатна правна помош во стратегиски случаи на дискриминација. Дополнително, размената на информации помеѓу организациите-членки е една од значајните аспекти на вмрежувањето, кое понатаму влијае и на збогатување на знаењето на членките и унапредување на правната пракса во случаи на дискриминација. МЗД од 2014 ја координира Македонски Хелсиншки Комитет (МХК).

РОМА С.О.С. своите активности и придонес како членка на мрежата ги реализира преку четири клучни активности, и на следниот начин:

  • Учество на координативни средби,
  • Стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување претставки,
  • Стратегиско застапување во случаи на дискриминација преку поднесување тужби,
  • Подготовка и објава на Соопштенија/Извештаи.

1.3. Во рамки на проект поддржан од ЕИДХР[1], а преку Мрежата за БПП, РОМА С.О.С. ги реализира следните активности:

  • Организирање на ПЛЕ сесија –  правно описменување на граѓаните на две теми: социјална заштита и работни односи.
  • Нудење на бесплатна правна помош согласно Законот за БПП и односно се нуди претходна правна помош на граѓаните кои ги исполнуваат условите и по потреба се комплетира Барање за назначување на бесплатен адвокат од Министерство за правда кај случаи кај кои има потреба од правна помош односно застапување пред институции или судски органи.
  • Учество на координативни состаноци со членките за размена на искустава и информации, како и набљудување на примената на БПП од сите засегнати страни, како и давање препораки за доследна законска имплементација.[2] 

РОМА С.О.С. со решение бр.11-549 од 11.07.20111 година од Министерство за правда е овластено за давање бесплатна правна помош.[3]


[1] http://www.pravda.gov.mk/documents/bpp_2015.pdf

[2] http://www.soros.org.mk/en/Home/NewsAndActivity?newsID=6094&catID=7

[3] http://romasosprilep.org/wp-content/publications/analizi/Besplatna_pravna_pomos_mk_za_web.pdf

      http://www.justice.gov.mk/documents/reg_zdr_pred_pravna_pomos.pdf