About sashozs

This author has not yet filled in any details.
So far sashozs has created 169 blog entries.
3004, 2014

ТРКАЛЕЗНА МАСА ПРИЛЕП: Здравјето на Ромите – гледано низ призмата на јавните политики и тековните потреби на заедницата

30.04.2014

trkalezna-masaТркалезната маса имаше за цел да се актуелизира прашањето околу тековните здравствени потреби на Ромите, како и начинот на соработка помеѓу невладиниот сектор и здравствените установи/институции за спроведување на заеднички активности и надминување на идентификуваните пречки. Дополнително на тркалезната маса се разгледаа активностите на надлежните страни за имплементација на Локалниот Акционен План за здравјето на Ромите, усвоен од ЕЛС […]

2504, 2014

“Поефикасен, административно поедноставен здравствен систем” – предизборни залагања на политичките партии за невработените и лицата со пониски примања

25.04.2014

СООПШТЕНИЕ

На пресот кој го одржа директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова, на ден 24.04.2014 најави дека новина во новата изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ е автоматско пријавување и одјавување на здравственото осигурување со што ќе се залагаат да се стави крај на гужвите и редиците во Фондот предизвикани од задолжителната пререгистрација на лицата со ниски примања и невработените. Најавено е поедноставување на постапката […]

2404, 2014

Здравствено Советувалиште: 29 ромски деца на возраст 0-6 години во Прилеп и 45 ромски деца на возраст 0-18 години во Битола беа опфатени со Акцијата за имунизација по повод Европската недела на имунизација

24.04.2014

zdr_sovВо соработка со Службите за имунизација и Центрите за јавно здравје беше реализирано:

1. Прилеп, 24 Април 2014 година:

-две предавања на присутните родители за значењето и потребата од имунизација на нивните деца и важноста за редовно вакцинирање,

-вакцинирани децата кои што имале пропуштено одредена вакцина и притоа се закажуваа термини за наредна вакцина со цел да […]

804, 2014

ЧЕСТИТ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ДЕН НА РОМИТЕ

08.04.2014

int_roma_dayВо чест на 8ми Април, НОВА ТВ премиерно го емитува промотивниот филм на РОМА С.О.С.

„Твоето здравје, твоја грижа, твое човеково право“

НЕШТО ПОВЕЌЕ ЗА РОМИТЕ:

На Првиот Ромски Конгрес одржан во Лондон во 1971 биле усвоени:

  • Интернационален Ромски симбол – Тркалото со 16 чакри кои претставуваат линк до индиските корени на Ромите и означуваат движење и оригинална Креација
  • Ромско знаме – зелено-плаво знаме со црвено тркало во центарот, како и мотото “Напред Роми“
  • Ромска химна – песната Џелем, Џелем

[…]

704, 2014

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ПO ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО “Две судски пресуди со кои се докажа лекарска грешка во третманот на малолетниот Агуш”

07.04.2014

press_whdСè уште нема доволно информации за тоа како човековите права во здравствената заштита се применуваат во практика, а посебно за заштита од дискриминација во реализација на правото на здравје на маргинилизираните групи во РМ.

Имено, постојат голем број меѓународни и национални стандарди за заштита на правото на здравје, а сепак досега во административните, граѓанските и во кривичните постапки […]

604, 2014

ПАУШАЛНИ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ И ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА

06.04.2014

СООПШТЕНИЕ
mreza_diskriminacija

Во пакетот од закони кои беа усвоени од страна на Собранието на Република Македонија по скратена постапка, беа усвоени и измените за Законот за спречување и заштита од дискриминација, предложени од страна на Министерството за труд и социјална политика. И покрај неопходноста од суштински измени на Законот, Собранието усвои единствено измени кои се однесуваат на критериумите за избор на членовите на Комисијата […]

204, 2014

ТРКАЛЕЗНА МАСА БИТОЛА: Здравственото Советувалиште во населба Баир ќе функционира со поддршка на локалните здравствени установи/институции

02.04.2014

trkalezna-masa-bitolaЗдружението РОМА С.О.С. од Прилеп и Едиицата на Локална Самоуправа Битола на ден 06.12.2013 година потпишаа Меморандум за соработка со кој се обврзаа да го спроведат проектот “Здравсвеното Советувалиште како позитивна пракса за подобрување на здравјето на Ромите“ и притоа се заложија да отворат Здравствено Советувалиште во населба Баир со цел полесно да се канализизираат проблемите на заедницата пред […]

2103, 2014

ТРИДНЕВНА ТЕРЕНСКА АКЦИЈА ВО РОМСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО ПРИЛЕП И БИТОЛА

21.03.2014

SLIKA_PP_BTОрганизирањето на теренските активности беше со цел да се зголеми бројот на информирани граѓани, односно на лицата кои имаат пониски примања, а се невработени и добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на РМ, и да се запознаат со нивната законска обврска за поднесување на Изјава за остварени приходи за претходната година до Фондот за здравствено осигурување на Македонија, […]

1303, 2014

ПРИМЕНАТА НА НОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА СЕМЕЈСТВО ЌЕ ПРИДОНЕСАТ ЗА ДОПОЛНИТЕЛНА МАРГИНАЛИЗАЦИЈА НА ДЕЦАТА ВО РИЗИК

13.03.2014

СООПШТЕНИЕ
mreza_diskriminacija

Мрежата за заштита од дискриминација1 ја истакнува својата загриженост околу најновите измени и дополнувања на Законот за семејство, кои се однесуваат на основите и постапката за одземањето на вршењето на родителското право.

Имено, со најновите измени и дополнувања на членот 90 од Законот за семејство се утврдува дека како злоупотреба или грубо занемарување на родителското право […]

1402, 2014

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ГО ПРОМЕНИ НЕЕДНАКВИОТ ТРЕТМАН КОН СЛЕПИТЕ ЛИЦА И ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН ВИД

14.02.2014

СООПШТЕНИЕ
mreza_diskriminacija

Мрежата за заштита од дискриминација1 заедно со Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и Националниот сојуз на цивилни инвалиди од војната на Македонија, поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискриминација. Претставката беше поднесена против сите банки во Република Македонија со цел утврдување на дискриминација која се врши врз оваа група луѓе. Нееднаквиот третман се однесува […]