About sashozs

This author has not yet filled in any details.
So far sashozs has created 169 blog entries.
803, 2015

272 лица го одбележаа интернационалниот ден на жената – 8ми март

08.03.2016

podaj_rakaВо знакот на солидарноста под мотото „Ајде да се забавуваме и да помогнеме – од жени за жена!“

По повод 8ми Март беше организиран настан кој што имаше за цел хуманитарна помош на Магбуле Османовска – жена Ромка од  населбата Тризла 2 – Прилеп, мајка на осум деца кои живеат во супстандардни услови. Во целата реализација на хуманитарниот […]

703, 2015

Соопштение по повод расистичките ставови кон „Циганите“

07.03.2015

Здружението РОМА С.О.С од Прилеп ја истакнува својата загриженост за последните изјави кои одекнаа во етерот во текот на вчерашниот ден, а се однесуваат на објавените телефонски разговори од „бомбата“ на опозицијата и ставот на донесувачите на одлуки и државни институции кон ромската заедница.

Иако вчера беше организирана прес конференција на која 12 здруженија (заедно со ЛИЛ Скопје, КХАМ Делчево, НРЦ Куманово, Х.Е.Р.А. Скопје, РРЦ Скопје, СОНЦЕ Тетово, ЕСЕ Скопје, Бела Кула Кичево, ЦДРИМ Скопје,  Баирска Светлина Битола и Здружение за правата на Ромите Штип) покажаа како ромските организации се залагаат за подобрување на состојбата на СИТЕ граѓани подеднакво, без да прават разлика по етничка и национална припадност, а со цел да се подобри одредена јавна политика поврзана со здравственото осигурување на најсиромашните граѓани [1], сепак на крајот на денот резултатот покажа дека сето тоа е „илузија“.

[…]

603, 2015

Прес-конференција во Скопје: „Дали е можно 3 534 граѓани од 11 општини при пре-регистрација на здравственото осигурување да се сетат да направат ист криминал?“

06.03.2015

infografik ojo za web1. Проблемот

Фондот за здравствено осигурување на Македонија во 2014 година до Основните јавни обвинителства во 11 општини поднел 3 534 кривични пријави против осигурениците – невработени лица и лица со пониски примања и инсистира тие да бидат осудени, а уште дополнителни нови пријави се очекува да бидат поднесени во текот на 2015.

Информациите се потврдени со одговорите на поднесени Барања за информации од јавен карактер до 22 основни јавни обвинителства на територија на РМ.

[…]

2710, 2014

ТРИБИНИТЕ ПРОДОЛЖИЈА во Виница и Кочани

27-28.10.2014

tribini1„Ромите во Виница се соочуваат со повреда на правото на хуманост, достапност и грижа за здравјето, а во Кочани се повредува правото на еднаков третман при давање на здравствени услуги“

Во рамките на серијата трибини со наслов „Како да ги препознаеме повредите на правата од здравствена заштита и да побараме заштита при остварување на истите?“ кои тековно се спроведуваат со цел да […]

309, 2014

ЗАКОН ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ

03.09.2014

mreza_diskriminacijaСООПШТЕНИЕ

На крајот од месец јули, непосредно пред годишниот одмор, Собранието на РМ повторно усвои дискриминаторски одредби во Законот за работни односи. Имено, почнувајќи од август 2014 година, работниците со писмена изјава до работодавачите може да побараат да им се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно до 65 години возраст (жена). Според измените, […]

209, 2014

Правото во практиката: Анализа за предизвиците во правната заштита на правото на здравје и здравствената заштита на Ромите од практиката на РОМА С.О.С.

02.09.2014

analiza_mkПравото во практиката: Анализа за предизвиците во правната заштита на правото на здравје и здравствената заштита на Ромите од практиката на РОМА С.О.С. е публикација која дава приказ на сегашната ситуација, идентификуваните пречки и предизвици со кои се соочуваат Ромите при остварување и заштита на правото на здравје и правата поврзани со него и тоа преку искуствата на РОМА С.О.С. стекнати во процесите на литигација за четири случаи кај кои беше идентификувана законска основа за поведување судски постапки.

Оваа анализа е наменета да помогне во препознавање и справување со повредите на правата од здравствена заштита и нееднаквиот третман на Ромите во пристапот до здравствени услуги, односно создадената практика при застапување на здравствените права на Ромите да биде позитивен пример за заинтересираните страни при поведување правни дејства по идентификувани повреди на правата.

[…]

2908, 2014

Се зголемува бројот на Роми на кои не им е дозволен излез од границите на Р.Македонија – потврда за системска дискриминација во остварување на правото на слободно движење

29.08.2014

РОМА С.О.С во изминатиот период преку нудење на бесплатна правна помош и како дел од Мрежата за заштита од дискриминација има документирано 5 случаи на Роми  на кои не им било дозволено да ја напуштат територијата на Р.М. и да патуваат во земјите на Европската Унија, со образложение од страна на граничната полиција дека се можни баратели на азил. Еден од тие случаи е регистриран во […]

2708, 2014

ТРИБИНИ: Штип, Кичево и Гостивар

27-29.08.2014

poster-tribiniОрганизирањето на овие трибини беше дел од проектот “Здравјето на Ромите – Основно човеково право”, а додека изборот на општините беше направен врз основа на сознанијата дека во тие ромски заедници нема активни здруженија кои ги промовираат и застапуваат здравствените права.

– преку трибините се презентираше стекнатото искуство на здружението во однос на обезбедување правна помош на ромската популација во случаи кога нивниот […]

2608, 2014

Теренска акција – Oд заедницата за заедницата

26.08.2014 

“Одвојте неколку минути за вашето здравје”

Средношколците и студентите Роми во Прилеп (8 волонтери) реализираа тридневна теренска акција преку поставување на штандови во населбата Тризла 2 и тоа конкретно во три одделни делови Сред село, Мексико и Три Багреми. Притоа бесплатно беше измерено шеќер во крвта и притисок на 112 Роми на возраст од 18 до 80 […]

107, 2014

МВР ТРЕБА ДА ДОКАЖЕ ДЕКА НЕ ДИСКРИМИНИРА

01.07.2014

СООПШТЕНИЕ
mreza_diskriminacija

Мрежата за заштита од дискриминација[1] остро го осудува најновиот случај на постапување на граничните полициски службеници кога се работи за напуштање на границите на Република Македонија од страна на припадниците на ромската етничка заедница.

Деновиве во јавноста беше објавен нов случај на ограничување на правото на слободно движење на припадничка на ромската етничка заедница, актерката Емра Куртишова. Во конкретниот случај на актерката, не и било дозволено да го напушти скопскиот аеродром и да отпатува во посета на својата сестра во Германија.

[…]