About sashozs

This author has not yet filled in any details.
So far sashozs has created 169 blog entries.
3012, 2015

“Хуманоста не познава разлики” – проект преку кој се подобруваат ставовите помеѓу лекарите и пациентите Роми

30.12.2015

poster - humanosta ne poznava razliki - mkМеѓусебните негативни ставови, одбивања и изолирани мислења создаваат повеќекратна дискриминација и/или пречки во комуникацијата помеѓу лекарите и пациентите Роми кои често пати се базирани на стереотипи и предрасуди, а кои директно влијаат на начинот на кој се реализира третманот и односот кон здравјето.

    Со цел да се истражат клучните фактори кои […]

2412, 2015

Здравјето на Ромите низ призмата на законите

24.12.2015, Прилеп

DSC01414И додека јавноста изминатиов период дебатира и бара одговорност за последните смртни случаеви помеѓу пациентите и семејствата кои претрпиле одедена штета како резултат на лекарска негрижа, никој не се осмели да ги спомене и пациентите Роми.

Затоа се прашуваме дали нивните човечки животи не се важни? Дали ова игнорирање на случаевите каде жртви или оштетени се Роми е уште една форма на општествена дискриминација?

Обидувајќи се да одговориме на наведените прашања, на денешната дискусија во Прилеп во присуство на 40 претставници од ромската заедница, ги донесовме следните заклучоци:

[…]

2411, 2015

ФЗОМ се откажа од пре-регистрацијата на здравственото осигурување на невработените и лицата со пониски приходи, како и од кривичните пријави. Што следува?

Ноември, 2015

Заложбите на здружението РОМА С.О.С. од Прилеп во соработка со здруженија [1] од 10 општини низ Македонија, во периодот 2013 – 2015 година, резултираа со воведени измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување (ЗПЗСО) во декември 2014 и дополнувања на Законот за здравствено осигрување (ЗЗО) во јуни 2015.

Законските измени и дополнувања придонесоа за поедноставување на постапката при остварување на правото на здравствено осигурување за невработените и лицата со пониски приходи (категорија по основ на осигурување во ФЗОМ), а со тоа се обезбеди континуитет во уживање на правото и непречено лекување за најранливите осигуреници.

[…]

810, 2015

СООПШТЕНИЕ – Уште еден случај на смрт од непознати причини кај пациенти Роми

08.10.2015, Прилеп

soopstenie-03»3 годишната Анета почина утрово, бараме Јавно обвинителство најбрзо да ја заврши постапката со обдукцијата и да се утврдат причините за смртта.

»РОМА С.О.С. ќе го мониторира и застапува случајот до негово расветлување.

        3 годишно девојче утрово во 7.30 часот без знаци на живот беше однесено на Одделението за детски болести при Ј.З.У. Општа Болница „Борка Талески“ – Прилеп. И по кардио-реанимацијата на детето направена од лекарите, телото не покажало знаци на живот, а забележани биле мртовечки пеги што асоцирало на претходно настаната смрт.

[…]

709, 2015

Препораки до Македонија за прекршувањето на правата на Ромите

04.09.2015, Скопје                                                      

picture1Комитетот за елиминација на расна дискриминација на 11 и 12 Август 2015 година ја одржа 87-та сесија на која беше разгледуван и периодичниот извештај на Република Македонија за почитувањето и остварувањето на […]

1507, 2015

“Хуманоста не познава разлики” – проект преку кој ќе се подобруваат ставовите на лекарите кон пациентите Роми

15.07.2016

DSC00397На координативна средба, партнерите го разгледуваа напредокот со активностите

Животот во сиромаштија, во изолирани и сегрегирани заедници, како и социјалните детерминанти за сиромаштија предизвикуваат голема социјална разлика помеѓу Ромите и не Ромите во сите области од секојдневниот живот.

Покрај тоа, истото е поткрепено и со стереотипи и предрасуди кои постојат во општеството генерално за Ромите, а особено […]

907, 2015

ЈАВНА ДИСКУСИЈА – Тема: “Поглед на детските бракови во ромската заедница“

09.07.2015, хотел Кристал Палас – Прилеп

javna_diskusija

Дискусијата беше дел од истоимениот проект кој ќе се имплементира до декември 2015 година, финансиски поддржан од канцеларијата на УНИЦЕФ-Скопје, а во партнерство со Центар за развој на ромската заедница “Баирска светлина” од Битола и Центар за регионални истаржувања и соработка “Студиорум” од Скопје.

Целта на дискусијата беше да се воспостави првична соработка со […]

2505, 2015

ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ВО ПОЛЗА НА ГРАЃАНИТЕ ИЛИ “КОЗМЕТИЧКИ КОРЕКЦИИ” НА ПРАВИЛНИЦИТЕ ВО ПОЛЗА НА ДРЖАВАТА/БУЏЕТОТ

25.05.2015

prasalnik-zdravstvni-pravaПристапот до правото на здравствено осигурување

Постојаните измени и дополнувања на правилниците за начинот и постапката при остварување на правата на граѓаните придонесуваат кон создавање на континуирани пречки, па дури и во случаи кога се носат закони во нивна полза.

Пример – измени на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување од 01 декември 2014 со кои се […]

2104, 2015

Годишен извештај на Мрежата за заштита од дискриминација

21.04.2015

mreza za diskriminacijaОвој извештај се однесува на работењето на Мрежата за заштита од дискриминација во изминатата 2014 година.

Извештајот има за цел да даде информација за остварувањето на заштитната функција на институциите надлежни за заштита од дискриминација, особено Комисијата за заштита од дискриминација и Народниот правобранител, преку презентација на начинот на кој е постапувано во однос на претставките што членките на […]

804, 2015

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ

08.04.2015

08042015Денес е 8ми Април – Интернационален ден на Ромите на кој се промовира позицијата, културната, историската и традиционалната вредност на ромската популација ширум светот а се со цел да се намали етничката, образовната и социо-економската дискриминација.

Во контекст на истото, Владата на РМ во 2005 година ја усвои Стратегијата за Роми (2005-2015) како државен документ наменет за постигнување подобра вклученост на Ромите во општествените текови и за зголемување на можностите за подобар живот, а во исто време и Акциските планови од Декадата за вклучување на Ромите.

[…]