About Nesime

This author has not yet filled in any details.
So far Nesime has created 88 blog entries.
1002, 2017

Позитивен пример за судска пракса: примена на Европската конвенција за заштита на човековите права во битолското судство

Соопштение, 10.02.2017: На родилка не и го дале починатото бебе да го погреба туку го отстраниле како медицински отпад – случај кој беше документиран поради повреда на правото на здравје односно повреда на личните права кај пациенти Роми во битолската болница. 

        Здружението РОМА С.О.С. Прилеп ја поздравува донесената пресуда на Апелациoниот суд Битола (ГЖ-881/16 од 30.08.2016) во случајот на А.Ј. и Е.Ќ. како […]

2201, 2017

НАРАТИВОТ за здравјето на Ромите: Навиките се менуваат доколку перцепцијата за проблемите се промени во релацијата пациент – здравствен работник!

22.01.2017
Picture1

Пристапот до здравствените услуги за Ромите може да се подобри преку промена на односот и квалитетот на меѓусебна комуникација во релацијата пациент – здравствен работник, и тоа со потенцирање на фактот дека двете страни се носители како на права така и на обврски.

Паралелно, промовирањето на бесплатните услуги кои Министерството за здравство ги предвидува со Превентивните и куративни програми, може да придонесе кон меѓусебно запознавање и вклучување во заеднички активности при што институциите во рамки на својата должност ќе ги спроведат и со тоа ќе го заштитат здравјето на семејствата односно лицата во ризик, а додека должноста на Ромите како ранлива категорија на население ќе биде актуелизирана во насока на унапредување и следење на сопственото здравје.

[…]

2101, 2017

СООПШТЕНИЕ: Говор на омраза во основното училиште ”Ѓорѓи Сугарев” во Битола

21.01.2017

16176894_1395206133832569_850566487_nНеформална група граѓани – претставници на ромската заедница од општина Битола, како и здруженијата на граѓани кои работат на застапување на правата на Ромите, ја искажуваат својата сериозна загриженост за нацртаните кукасти крстови и испишани графити “Смрт за Ѓупци” и “Умрете Ѓупци” на ѕидовите на ОУ “Ѓорѓи Сугарев” – Битола.

Имено, графитите биле забележани на ден 19.01.2017 година и истите […]

1001, 2017

Сведоштва – нерешените граѓански статуси и слабата социо-економска состојба доведуваат до пречки при користење на правата од социјална и здравствена заштита

10.01.2017

Здружението на просветни работници и заштита на правата на жените и децата ЛИЛ – Скопје, во рамките на проектот “Мониторинг и документирање на прекршените права, мобилизација на заедницата за промени во здравствениот статус на Ромите, документира и објавува лични стории на Роми во поглед на пречките со кои се соочуваат при користење на правата од социјална и здравствена заштита.

РОМА С.О.С. за потребите од нивна промоција, […]

212, 2016

“Ромски Граѓански Парламент” – позитивна пракса за правно зајакнување на заедницата

02.12.2016

Picture1Се поголемиот број на случаи во кои е забележана повреда на правата од здравствена заштита кај Ромите односно лекарски грешки, но и отсуството од јавна поддршка во барањето за пристап до правда, во декември 2015 година резултираше со формирање на две неформали групи именувани како “Ромски Граѓански Парламент” (РГП), од кои една во општина Прилеп и една во општина Битола [1].

.. […]

1811, 2016

„СИВАТА ЗОНА“ ПОМЕЃУ ТРАДИЦИЈАТА И ПРАВАТА НА ДЕЦАТА!

18.11.2016

Detski brakovi - MK¶ Склучувањето брак, како и живеењето во неформална заедница помеѓу и со лица под 18 години, како појава може да се забележи години наназад, при што директно се нарушува процесот на образование, се ограничуваат можностите за општествена интеграција, се предизвикува опасност од здравствени нарушувања и се создава родова нееднаквост. Притоа се користат повеќе различни термини како: малолетнички бракови, […]

2610, 2016

Повик за ангажирање на консултант

26.10.2016

slika-za-povikздружението РОМА С.О.С. – Прилеп, објавува

П О В И К 

за Подготовка на Основна Анализа за пречките во пристапот до парични права за деца од социјална заштита помеѓу ромските заедници во општините Прилеп, Битола, Штип, Куманово, Шуто Оризари и Ѓорче Петров

Проект:

“Зајакнување на ромските деца и семејства во оствраување на нивните права”

[…]

1810, 2016

ЗДРАВЈЕТО НА РОМИТЕ – ОСНОВНО ЧОВЕКОВО ПРАВО 6

  • Со поддршка од: Фондација Отворено Општетство – Македонија
  • Временска рамка: јануари 2016 – декември 2016
  • Локации: Прилеп и Битола

Преку континуирана реализација на проектот (декември 2010 – декември 2015)  дефинирано е дека злоупотребата и прекршувањето на правата од здравствена заштита кај ромската популација во најголем дел е предизвикано од честите измени и дополнувања на законската регулатива, невоедначената пракса во спроведување на законските прописи, несоодветното и […]

1710, 2016

ХУМАНОСТА НЕ ПОЗНАВА РАЗЛИКИ 2!

  • Со поддршка од: Фондација Отворено Општетство – Македонија
  • Временска рамка: август 2016 – јули 2017
  • Локации: Прилеп и Скопје (Ѓорче Петров)

Меѓусебните негативни ставови, одбивања и изолирани мислења создаваат повеќекратна дискриминација и/или пречки во комуникацијата помеѓу лекарите и пациентите Роми кои често пати се базирани на стереотипи и предрасуди, а кои директно влијаат на начинот на кој се реализира третманот и односот кон здравјето. Проектот се […]

1610, 2016

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА РОМСКИТЕ ДЕЦА И СЕМЕЈСТВА ВО ОСТВАРУВАЊЕ НА НИВНИТЕ ПРАВА

  • Со поддршка од: УНИЦЕФ
  • Временска рамка: јули 2016 – април 2017
  • Локации: Прилеп, Битола, Куманово, Шуто Оризари, Ѓорче Петров и Штип

Ромската заедница во континуитет се движи во кругови на постојан ризик и запаѓа во сиромаштија, која продолжува од генерација на генерација. За да се надмине оваа ситуација се преземени низа позитивни мерки, проекти и политики, а различните засегнати страни се обидуваат да ги минимизираат негативните […]