About Nesime

This author has not yet filled in any details.
So far Nesime has created 85 blog entries.
1207, 2018

Малите победи носат големи промени!

36526746_1948283085226330_4430858824294858752_nНе постојат забранети теми, постои само желба за учење.

Наративот во буквална смисла на зборот се однесува на сликата која ја имаме во нашите глави за одредена состојба или група на луѓе, која скоро секогаш ги одредува нашите верувања, ставови и однесувања кон истите. Таа слика може да биде погрешно поставена од одредни причини (натрупување на стеротипи и предрасуди) и да влијае на квалитетот на меѓусебната интеракција.

Промената на наративот има за цел да предизвика позитивно однесување, подобра комуникација и разбирање односно, надминување на емоционалните и когнитивните пречки. Таа промена мора да биде суптилна и неинвазивна, најчесто преку раскажувачки методи и креирање на позитивни примери. […]

1107, 2018

Генерацискиот круг на тишината е прекинат за учениците од “военото училиште” во Прилеп

DSC03860Во учебната 2017/18 година, вкупно 174 ученици распоредени во 8 паралелки, 6 од трето одделение и 2 од четврто одделение, запишани во ООУ „Добре Јованоски“ во Прилеп, посетуваа настава во објект оддалечен 300 метри од самото училиште, или т.н. „воено училиште“ именувано како Центар за обука „Лазо Филипоски Лавски“. И додека родителите во изминатите повеќе од 15 години реагирале на условите за одвивање на наставата, безбедноста и хигиенските услови во овие простории, не постои ниту еден запис според кој може да се илустрира состојбата во ова дисперзирано училиште. […]

606, 2018

Седми по ред јавен настан на „Ромски Граѓански Парламент“ – Прилеп

06.06.2018

DSC03922По изминување на шест месеци од официјалната средба со стручните служби на ЕЛС Прилеп, а по промената која настана како резултат на Локалните избори (5.12.2017), “Ромскиот Граѓански Парламент” одржа повторна средба со цел да се разгледаат ветените проекти и зафати од страна на Градоначалникот, Претседателот на Совет и директорите на ЈКПи и да се предложат нови заклучоци за понатамошна работа.

Ромите и на оваа средба ги отворија прашањата за капиталните инвестиции во населбата Тризла 2, како и околу легализацијата на бесправно изградените објекти од причина што голем дел од жителите на Општина Прилеп се уште ги немаат комплетирано барањата за легализација, со што може да го надминат законскиот рок и да останат без имотни листови. […]

2505, 2018

РОМА С.О.С. на одбележувањето „25-години Фондација Отворено Општество Македонија“

31879728_10155238756895800_5183004634020577280_nСо низа регионални и меѓународни настани на теми од општествено значење, во текот на месец мај Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја одбележа 25-годишнината од своето постоење. На овие настани  учесници од Македонија и странство дискутираа за значајни теми како што се влезот на Македонија во ЕУ, правното зајакнување, здравјето на Ромите, слободата и интернетот, младите и отвореното општество, образовните реформи, моќта на уметноста и културата за социјални промени, како и за иднината и перспективите на отвореното општество во Македонија.

Здружението РОМА С.О.С. зеде активно учество на дел од овие настани, каде ги промовираше резултатите од својата успешна работа во областите на  делување. […]

304, 2018

Информативна кампања „Патот е краток до детски додаток“

29694396_1912124045499587_7904550860421926482_n03.04.2018

Во периодот март-април, 2018 година, со поддршка на УНИЦЕФ, се реализираше информативна кампања во ромските заедници во Прилеп, Штип, Битола, Куманово, Ѓорче Петров и Шуто Оризари. За таа цел беше подготвена интерактивна театарска претстава “Патот е краток до детски додаток”, создадена да помогне родителите да ги надминат информативните бариери за пристап до паричните трансфери за деца.

Кампањата беше продолжение на истражувањето кое здружението РОМА С.О.С. го спроведе во текот на 2017 година во 6те општини, за искористеноста на социјалните бенефиции за деца и факторите кои го ограничуваат пристапот на ромската заедница и Основниот извештај кој прозлезе од него.   […]

2503, 2018

Издаден Билтен бр. 7: ИНТЕГРИТЕТОТ КАКО ТЕМЕЛНА ВРЕДНОСТ НА ЛИЧНОСТА

Bilten_7Седмото издание на билтенот на здружението РОМА С.О.С. го опфаќа периодот 24 Октомври 2017 до 24 Март 2018 година, со цел:

  • Информирање на јавноста за реализираните активности од проeктот,
  • Илустрација на напредокот кој се постигнува квартално,
  • Едукација на ромската заeдница за прашањата коишто се од интерес и нивно поттикнување да се вклучат во застапување и заштита на правата.

Билтенот е алатка на здружението преку кој се иницира дискусија и редоследни реакции на Ромскиот Граѓански Парламент (РГП). […]

803, 2018

“Сиромаштијата сите нѐ засега, меѓутоа не сме сите исто сиромашни!” – хуманитарна забава по повод 8ми Март

Сите имаме одговорност да помогнеме на оние на кои им е најпотребно!

08.03.2018IMG_0124

По повод Интернационалниот ден на жената, се организираше хуманитарна забава со цел собирање средства за помош на сиромашните семејства од ромската заедница и децата од улица, евидентирани во здружението РОМА С.О.С. Забавата се одржа во ресторан Ла Каса Гранде во Прилеп, во присуство на 450 жени Ромки, градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски и претседателот на Советот Миле Талевски. […]

512, 2017

Ромите учествуваa во креирање на локални политики и буџет за решавање на нивните проблеми


05.12.2017 – Одбележана 10 годишна заложба за промовирање на разликата помеѓу Еднаквост и Праведност. Ромите немаат иста стартна точка со останатото население, затоа имаат потреба од поголема подршка (праведност) за да крајно СИТЕ постигнеме еднаков успех. DSC02498

Во организација на здружението РОМА С.О.С. и неформалната група “Ромски Граѓански Парламент”, 100-тина Роми одржаа средба со Градоначалникот на Општина Прилеп, г-дин Илија Јованоски и директорите на ЈКП од Прилеп. Целта на средбата беше да се изнесат актуeлните барања, потреби и проблеми на Ромите кои живеат во населбата Тризла 2, за нивно вклучување во урбанистичкиот план и програмата на локалната власт за 2018 г.

Ромите се интересираа како да се подобри инфраструктурата во „Тризла 2“? Кога улиците кои имаат канализација ќе бидат асфалтирани? Дали ќе се уреди Дабнички канал и дали ќе се намести мост на истиот? Како да се подобри инфраструктурата во месноста  „Три багреми“, „Мексико“, „Дебарца“?

[…]

311, 2017

Награда „3ти Ноември“ за здружението РОМА С.О.С. за едукација на ромското население


23167479_1644922285562413_3363155793379299565_n
 03.11.2017

На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, кој се одржа по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, доделена беше награда – Плакета „3ти Ноември“ на здружението РОМА С.О.С. за едукација на граѓаните од ромска националност во Општина Прилеп.

“Секој може да се бори за своето право, се додека со тоа не го загрозува остварувањето на правата на другите!” – тоа беше клучна порака во секојдневната едукација на ромското население изминатава година, со која здружението алудираше на потребите на колективитетот наместо на индивидуата. Паралено, се промовираше лидерството како тимска работа од која сите вклучени страни уживаат благосостојба и постигнуваат заеднички резултат.  […]

1710, 2017

РОМА С.О.С. на промоцијата на Извештајот за состојбата со светското население на УНФПА за 2017 година

17.10.2017

22539840_1144411932325128_4013633863005238694_nПо повод Светскот ден за борба против сиромаштијата се одржа промоција на годишниот извештај на Фондот за население при Обединетите Нации (УНФПА) „Два различни света – репродуктвно здравје и права во време на нееднаквост[1], во кој се  истакнува дека во најголем број од земјите во развој, 20% од жените во најсиромашниот дел од населението, имаат најмал пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи и контрацепција. Овие жени, како што стои во извештајот, имаат нејголем ризик од непланирана бременост и последици по здравјето од истото.

Нееднаквоста сé повеќе се однесува на оние што можат и оние што не можат. Сиромашните жени кои немаат средства да донесат сопствена одлука за големината на семејството, или кои се во лоша здравствена состојба поради несоодветната заштита на репродуктивното здравје, доминираат во редовите на оние што не можат. […]