Врз осова на член 30 став (2) од Законот за бесплатна правна помош (“Службен весник на Република Македонија“ бр.161/09), Министерството за правда на Република Македонија на ден 11.07.2011 година донесе официјално Решение за давање на овластување на здружение на граѓани за давање на претходна правна помош на здружението РОМА С.О.С. – Прилеп.

Со добивањето на овој документ, Министерството за правда на Република Македонија утврди дека здружението РОМА С.О.С. од Прилеп ги исполнува сите услови за добивање на овластување за давање на претходна правна помош.

Превземи цел документ