23167479_1644922285562413_3363155793379299565_n
 03.11.2017

На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, кој се одржа по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, доделена беше награда – Плакета „3ти Ноември“ на здружението РОМА С.О.С. за едукација на граѓаните од ромска националност во Општина Прилеп.

“Секој може да се бори за своето право, се додека со тоа не го загрозува остварувањето на правата на другите!” – тоа беше клучна порака во секојдневната едукација на ромското население изминатава година, со која здружението алудираше на потребите на колективитетот наместо на индивидуата. Паралено, се промовираше лидерството како тимска работа од која сите вклучени страни уживаат благосостојба и постигнуваат заеднички резултат. 

На тој начин, како највидливи успеси од 2017 година се следните:

  • Реализирана кампања, истражување и широка консултација за појавата Детски брак во 6 општини со ромските заедници, здруженија, здравствени, образовни и социјални работници, МВР, Народен правобранител, надлежни министерства, ОЈО, пратеници, УН Агенции, итн.
  • Поднесени предлог – измени и дополнувања на Кривичниот законик, Законот за семејство, Законот за осовно и Законот за средно образование до МТСП, МП и МОН во насока на заштита од појавата Детски брак.
  • Реализирано истражување и утврдени клучни проблеми на Тризла 2 во делот со домувањето и јавна промоција односно застапување на препораките за подобрување на состојбата преку организирани 2 јавни настани во Прилеп.
  • Воспоставени и координирани 2 неформални групи од вкупно 40 Роми – гласноговорници за човековите права, именувани како “Ромски Граѓански Парламент”, во Прилеп и Битола.
  • Медијација со здравствените установи за користење на бесплатни здравствени услуги од страна на 90 Роми, со фокус на репродуктивното здравје на жените, имунизација и систематски прегледи на деца, патронажни посети на бремени и родилки, превенција од малигни заболувања, и слично.
  • Одржани 10 предавања од страна на Центарот за јавно здравје, Одделението за гинекологија и Здравствен дом за едукација на ромското насление и нивно вклучување во Превентивните и куративните програми на Министерство за здравство.
  • Дадена правна помош, совети и асистенција за пополнување документација и остварување на права од социјална заштита, здравствено осигиурување и лична документација на повеќе од 300 лица.

Безусловна поддршка во тој процес беше дадена од страна на Фондација Отворено Општество Македонија, Националниот Демократски Институт, Хабитат Македонија, Канеларијата на УНИЦЕФ во Скопје и многу други соработници и поддржувачи, како на локално така и на национално ниво, на кои здружението во оваа прилика им изразува благодарност.

Честит 3ти Ноември на сите граѓани на Прилеп и успешна работа на Градоначалникот и Советот на општина Прилеп во идните заложби за намалување на јазот помеѓу ромското и не-ромското население, со цел креирање подобра слика и состојба за сите граѓани односно за градот.