За една од зацртаните цели – подобрување на здравјето на Ромите и нивниот пристап до здравствената заштита, НАП-от за здравство предвидува воведување на ромски здравствени медијатори (РЗМ) како алка во системот која ќе воспостави подобра комуникација меѓу ромската заедница и здравствениот систем. Ваквата алка треба да послужи за олеснување на пристапот до здравствени услуги, воспоставување доверба во односот лекар-пациент, и за воспоставување навики за грижата околу сопственото и здравјето на другите (кое е исто така и уставна обврска на сите граѓани). Но, покрај ова, РЗМ ќе играат значајна улога и во упатувањето на соодветно место во системот, во случаи кога ќе идентификуваат лица без лична документација, лица на кои им е потребно воведување во системот на здравствена заштита, деца кои не добиваат редовна имунизација задолжителна по закон, и ќе го олеснат процесот на интегрирање на здравствените потреби на ромското население во целокупниот здравствен систем (од Програма за РЗМ на РМ).

Согласно Програмата за Ромски Здравствени Медијатори усвоена во месец Мај од Владата на РМ и Министерство за здравство, а во релација со активноста “Вклучување и поддршка на улогата на двајца РЗМ” од Локалниот Акционен План за Здравјето на Ромите од општина Прилеп (ЛАПЗР), развиен е Оперативен План за РЗМ.

Инцијативата е покрената во рамките на проектот “Унапредување на Програмата за РЗМ во Македонија” инциран од Асоцијација за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А, а во реализација на регионалниот имплементатор Здружение РОМА С.О.С., Прилеп во соработка со локалните институции и здравствени установи.

Развојот на Оперативниот План е спроведен преку реализација на дводневен семинар на 14 и 15 Јуни 2011 во општина Прилеп на кој присуствуваа и заеднички го креираа документот следните претставници:

1. Тање Тренкоска, РОМА С.О.С. – Прилеп

2. Денис Реџепоски, РОМА С.О.С. – Прилеп

3. Мишко Ристески, Фонд за здравствено осигурување – Прилеп

4. Гордана Секулоска, РОМА С.О.С. – Прилеп

5. Величе Дериволска, Ј.З.У. Здравствен дом – Прилеп

6. Маргарита Тутеска Лазароска, Ј.З.У. Здравствен дом – Прилеп

7. Џенгис Бериша, Ј.З.У. Здравствен дом – Прилеп

8. Билјана Василеска, Ј.З.У. Центар за јавно здравје – Прилеп

9. Мариче Мирческа, Ј.З.У. Општа болница Борка Талески – Прилеп

10. Розита Петреска, Ј.З.У. Општа болница Борка Талески – Прилеп

11. Наташа Јованоска, Ј.З.У. Општа болница Борка Талески – Прилеп

12. Мирко Кузески, Центар за вработување – Прилеп

13. Јулијана Ангелеска, РОМА С.О.С. – Прилеп

14. Несиме Салиоска, РОМА С.О.С. – Прилеп

Локална Самоуправа – Прилеп со усвојувањето на овој документ ја презема обврската за имплементација на локална јавна политика според која ќе алоцира финансиски средства за имплементација на активностите, а со тоа ќе овозможи услови за активно вклучување на РЗМ во здравствените институции во општина Прилеп во насока на реализација на Програмата за РЗМ на РМ и ЛАПЗР.

Превземи цел документ