Декада за вклучување на Ромите претставува акција превземена од државите во Југо-Источна Европа, меѓу кои и Македонија, со цел да се вклучат Ромите во општеството и да се обезбеди еднаквост со другите жители на државата. Декадата официјално е потпишана од Владата на Република Македонија во Јануари 2005 при што се обврза во период од 10 години, односно до 2015 година, да спроведува активности и програми насочени кон ромската популација, со цел да се дефинираат проблемите на Ромите и да се превземат мерки за нивно решавање. На овој начин е предвидено институциите да ги обезбедат потребните услови за остварување на правата на Ромите и подобрување на нивната состојба. Невладините организации во најголем дел се вклучени во самата акција играјќи ја улогата на посредник помеѓу Ромите и институциите. Светска Банка и Институт Отворено Општество се главните иницијатори и подржувачи на Декадата за вклучување на Ромите.

Во рамките на Декадата се креирани Акциони Планови за четири области – Здравство, Образование, Вработување и Домување. Според Акционите Планови е предвидено да се подобри образованието на ромските ученици и да се зголеми бројот на Роми средношколци и студенти, да се подобри здравствената состојба на населението, да се подобрат условите за живеење во ромските заедници и да се зголеми бројот на вработени Роми. Со сите овие активности се очекува да се намали сиромаштијата кај Ромите и да се искорени дискриминацијата од страна на другите етнички групи. За таа цел секоја Локална Самоуправа имаше за задача да креира Локални Акциони Планови согласно специфичните потребите на ромската заедница во секоја општина.

Локална Самоуправа – Битола во 2006 година усвои Стратегија за Ромите врз основа на која беа креирани Локални Акциони Планови за сите обалсти од Декадата. Временската рамка за имплементација на овие планови се однесуваше на периодот 2006 – 2010 година, со што се наметна потребата од нивно ревидирање за периодот 2011 – 2015 година.

Проектот “Унапредување на програмата Ромски Здравствен Медијатор” инициран од Асоцијација за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А., а во имлементација на РОМА С.О.С. – Прилеп како регионален суб-грантиран соработник за општините Прилеп и Битола во периодот од Ноември 2010 до Ноември 2011, имаше за цел да креира Акциони Планови со кои ќе се дефинираат локални активности насочени кон подобрување на здравјето на ромската заедница во општините Прилеп и Битола врз основа на Програмата за Ромски Здравствени Медијатори на РМ усвоена во Мај 2011 година од страна на Министерство за здравство.

Во општина Битола имајќи го во предвид фактот што Акциониот План за Здравјето на Ромите во општина Битола имаше потреба од ревидирање, на 5 и 6 Октомври 2011 година се одржа семинар на кој што беа разгледани активностите од постоечкиот план и усогласени со тековните приоритетни потреби и проблеми на ромската заедница, во согласност со Програмата за РЗМ.

Во процесот на ревидирање и разгледување на Акциониот План учествуваа следните институции/организации:

1. Фонд за здравствено осигурување – ПС Битола,

2. Ј.З.У. Здравствен дом – Битола,

3. Ј.З.У. Центар за јавно здравје – Битола,

4. Ј.З.У. Клиничка болница д-р Трифун Пановкси – Битола,

5. Центар за вработување – Битола,

6. Ј.У.М. Центар за социјални работи – Битола

7. Локална Самоуправа – Битола

8. Ц.Р.Р.З. Баирска Светлина – Битола

9. Здружение “Биосфера – Битола

Со усвојувањето на Акциониот План за Здравјето на Ромите од општина Битола од страна на Совет на општина Битола ќе се креираат можности за преземање конкретни активности со дирекна поддршка од Локална Самоуправа – Битола наменети кон подобрување на здравствената состојба на ромската заедница од општина Битола.

Паралелно, со усвојувањето на Акциониот План, Локална Самоуправа – Битола ќе ја превземе обврската за имплементација на локална јавна политика врз основа на која ќе се алоцираат финансиски средства за имплементација на активностите од истиот и ќе се воспостави координација помеѓу локалните институции при остварување на главната цел на овој план.

Превземи цел документ