31879728_10155238756895800_5183004634020577280_nСо низа регионални и меѓународни настани на теми од општествено значење, во текот на месец мај Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) ја одбележа 25-годишнината од своето постоење. На овие настани  учесници од Македонија и странство дискутираа за значајни теми како што се влезот на Македонија во ЕУ, правното зајакнување, здравјето на Ромите, слободата и интернетот, младите и отвореното општество, образовните реформи, моќта на уметноста и културата за социјални промени, како и за иднината и перспективите на отвореното општество во Македонија.

Здружението РОМА С.О.С. зеде активно учество на дел од овие настани, каде ги промовираше резултатите од својата успешна работа во областите на  делување.

07-08 мај, 2018, конференција „Правните потреби на маргинализираните заедници во Македонија“;

На дводневната меѓународна конференција за правно зајакнување, правници, домашни и странски експерти, претставници на меѓународните граѓански организации и на невладиниот сектор, дискутираа за проблемите со кои се соочуваат членовите на маргинализираните заедници во институционалното остварување на нивните права, особено за нивниот пристап до правдата. Учесниците на конференцијата предложија идеи и решенија за спроведување на политиките за маргинализираните заедници.

32089647_1882470181807621_5413262585287933952_nМарина Јовановска, правник, учествуваше во последната панел-сесија насловена „Модели на правна помош во Македонија“ каде го презентирше стратешкото застапување при повреди на здравствените права на Ромите – алатка која се користи во комбинација со други, како дел од пошироката Стратегија за застапување, а со цел да се изгради база на случаи за предметното право, зајакнување на владеење на правото, тестирање на постојното право и зајакнување на маргинилизираните групи. Овој модел здружението РОМА С.О.С. го спроведува од 2010 година, а  досега резултираше со повеќе позитивни судски пресуди, од кои и 2 преседани во македонската судска пракса.

10 мај 2018, конференција „Здравјето на Ромите во Р. Македонија: пристапи, предизвици и можности за подобрување“;

На конференцијата се дискутираше за нееднаквиот третман на Ромите од страна на здравствените работници, неможноста тие да ги набават пропишаните лекови и да платат за болничките трошоци, немањето доволно матични лекари и гинеколози во близина на местото на живеење, високата стапка на смртност на новороденчињата како дел од проблемите на Ромите во системот на јавното здравство. На конференцијата говореа претставници на Министерството за здравство, невладини организации, експерти и студенти по медицина.

32256240_1885534591501180_59978329230409728_nНесиме Салиоска, извршна директорка, ја модерираше првата панел-сесија „Сите сме луѓе, секому здравствена заштита без разлика на етничката припадност“ на која говорници беа: Маја Бoјаџиевска, (Претседателка на Управен Одбор, ФООМ), Марек Силваши (Програма за јавно здравје, ФОО), Венко Филипче (Министер за здравство на РМ), Борјан Павловски (Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ) и Фатима Османовска (Претседателка на Совет на општина Шуто Оризарија).

Таа ја отвори конференцијата со мотото „Здрвство кое обезбедува здравје за сите!“, притоа истакнувајќи ја важноста од обезбедување на еднаков пристап на Ромите до здравствени услуги, таргетирајќи ги сите вклучени страни: државните и локални институции и приватни установи, и секако граѓанскиот сектор.

Во текот на дискусијата, таа посочи и на фактот што со години наназад се прават разни истражувања и анализи за состојбите на терен, се даваат препораки до Владата за подобрување на состојбите, но освен донесување на стратегии и акциски планови на хартија, скоро секогаш изостанува примената во пракса. Како еден од тие проблеми со кои долго време се соочуваат пациентите-Роми е и авансната наплата која како услов за болничко лекување им се наметнува, спротивно на сите закони од областа на здравствената заштита.

32226779_1885535274834445_7195503352602427392_nВесна Шапкоски, проектна координаторка, беше учесник во третата панел сесија  „Иновативни пристапи за унапредување на здравјето и пристап до здравствени услуги на Рoмите“, каде го презентирше пристапот на промена на наративите за Ромите во здравствените средини, кој здружението го имплементира веќе трета година во својата работа. Преку овој пристап, искористени се повеќе различни креативни методи и интерактивно вклучување на пациентите-Роми и здравствените работници во унапредување на меѓусебната комуникација и интеракција, а со тоа и подобрување на квалитетот на здравствени услуги кои се даваат/добиваат.

33105805_10155272872130800_2945452158864064512_n21-22 мај, 2018, завршна конференција „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?“

На завршната конференција со која се заокружи тринеделното работно одбележување на 25-годишнината од работењето на ФООМ во Македонија, претставници на граѓанското општество, државните институции, медиумите, академската и меѓународната заедница, дискутираа за тоа кои се потенцијалите и можностите, но и предизвиците на отвореното општество, какви се перспективите на граѓаните и институциите во тој поглед, што тие треба да прават за да ги поттикнат и одржат вредностите кои го чинат отвореното општество.