311, 2017

Награда „3ти Ноември“ за здружението РОМА С.О.С. за едукација на ромското население

23167479_1644922285562413_3363155793379299565_n 03.11.2017

На свечена седница на Советот на Општина Прилеп, кој се одржа по повод Денот на ослободувањето на Прилеп, доделена беше награда – Плакета „3ти Ноември“ на здружението РОМА С.О.С. за едукација на граѓаните од ромска националност во Општина Прилеп.

“Секој може да се бори за своето право, се додека со тоа не го загрозува остварувањето на правата на другите!” – тоа беше клучна порака во секојдневната едукација на ромското население изминатава година, со која здружението алудираше на потребите на колективитетот наместо на индивидуата. Паралено, се промовираше лидерството како тимска работа од која сите вклучени страни уживаат благосостојба и постигнуваат заеднички резултат.  […]

1710, 2017

РОМА С.О.С. на промоцијата на Извештајот за состојбата со светското население на УНФПА за 2017 година

17.10.2017

22539840_1144411932325128_4013633863005238694_nПо повод Светскот ден за борба против сиромаштијата се одржа промоција на годишниот извештај на Фондот за население при Обединетите Нации (УНФПА) „Два различни света – репродуктвно здравје и права во време на нееднаквост[1], во кој се  истакнува дека во најголем број од земјите во развој, 20% од жените во најсиромашниот дел од населението, имаат најмал пристап до услуги за сексуално и репродуктивно здравје, вклучувајќи и контрацепција. Овие жени, како што стои во извештајот, имаат нејголем ризик од непланирана бременост и последици по здравјето од истото.

Нееднаквоста сé повеќе се однесува на оние што можат и оние што не можат. Сиромашните жени кои немаат средства да донесат сопствена одлука за големината на семејството, или кои се во лоша здравствена состојба поради несоодветната заштита на репродуктивното здравје, доминираат во редовите на оние што не можат. […]

1409, 2017

Министерствата ги преземаат предлог-законските измени за поголема заштита од детски брак

14.09.2017 

     21742943_1587099034678072_8661674354833056246_nДенес се одржа Јавна расправа во организација на здружението РОМА С.О.С. и канцелариите на УНИЦЕФ, УНФПА и НДИ, во Клубот на пратеници – Скопје, со цел да се одговори на пршањето Како до поголема правна и институционална заштита од појавата „детски брак“?

На Јавната расправа присутни гости беа преставници од Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи, Државниот просветен инспекторат, Државниот совет за превенција на детско престапништво, Канцеларијата на Народен правобранител, како и пратеници во Собранието на РМ, правни/судски практичари, преставници на национални […]

2707, 2017

Јавна дискусија „…И Ромите сакаат чиста и уредена река!“

27.07.2017

20374373_1518384421549534_8269128266452374939_n35 лица од Ромскиот Граѓански Парламент денес одржаа јавна дискусија на тема „…и Ромите сакаат чиста и уредена река…“ и истата беше реализирана во присуство на Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Самка Ибраимоски. На дискусијата присуствуваа и претставници на прилепската Локална самоуправа како и „Хабитат Македонија“.

Јавната дискусија произлезе после спроведеното истражување и широката консултација со сите релевантни страни во текот на 2016 година, при што беа идентификувани најголемите проблеми со кои се соочуваат Ромите од прилепската населба „Тризла 2“.

[…]

3006, 2017

Завршна конференција на проектот „Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“

30.06.2017

19601415_10154847219122449_8009972617770858801_nВо организација на Хабитат Македонија и РОМА С.О.С. денес се одржа завршната конференција на проектот „Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“.

Како дел од серијата активности кои се спроведија во рамките на овој проект беше и подготовка на Почетни студии за состојбата со домувањето на Ромите во општините Прилеп, Штип и Чаир. Податоците треба да помогнат при изготвување на политики од страна на надлежните органи како и за зајакнување на ромската заедница во процесите на социјална инклузија. Основа на овие почетни студии беше теренска анкета во […]

2206, 2017

СООПШТЕНИЕ: “Потребно е прегрупирање на социјалните бенефиции за деца за да истите бидат подостапни за најранливите категории на семејства”

22.06.2017

19416062_1557140307639150_809484015_nЗдружението РОМА С.О.С., со финансисика подршка на УНИЦЕФ, денес одржа настан во Скопје за промоција на публикација за искористеноста на паричните надоместоци и факторите кои го ограничуваат пристапот на ромската заедница до правото на детски додаток, посебен додаток, родителски додаток и еднократна парична помош за новороденче, пред претставници на 6 Центри за социјална работа и локални здруженија од општините Прилеп, Битола, Штип, Куманово, Ѓорче Петров и Шуто Оризари, а кои беа опфатени со истражување во периодот ноември 2016 – февруари 2017 година.

[…]

1505, 2017

КАКОВ БЕЛЕГ ЌЕ ОСТАВИМЕ? ТИ ИЗБИРАШ! – Јавна кампања во ромски заедници

15.05.2017

BANER za ROMA S.O.S.-NDIСо цел да се влијае на партиските изборни агенди во пресрет на локалните избори и да се приоритизираат потребите на ромските заедници, здружението РОМА С.О.С. со поддршка од Националниот Демократски Институт во периодот Јули-Ноември, 2016 реализираше 8 јавни трибини (Прилеп, Битола, Штип, Кочани, Велес, Карпош, Тетово и Кавадарци) за скенирање на реалните проблеми на заедницата.

Сумарно, заклучоците од трибините беа презентирани во Општински профили, по што следуваше реализирање на јавни собири за нивно презентирање пред политичките партии, ЕЛС и претпријатијата/институциите надлежни за решавање на клучните приоритети:

[…]

1105, 2017

Состојбата со домувањето на Ромите во општина Прилеп

11.05.2017, Прилеп

Nastan, 11.05.2017

………….

.

.

Денес се одржа настан за презентација на приоритетните проблеми од областа на домувањето во ромската населба „Тризла”, врз основа на спроведено истражување и широка консултација со сите релевантни страни.

Настанот се реализираше во партнерство помеѓу здружението РОМА С.О.С, Хабитат Македонија  и Национален Демократски Институт , а го проследија Градоначалник и претставници на локалната самоуправа, јавни претпријатија, здруженија, советници од различни политички партии, релевантни локални […]